Moderator je u pravu kada kaže da su snovi komunikacija sa Univerzumom, koji se, pored ostalih destinacija, nalazi i u nama, pa su snovi, tako, komunikacija i sa "unutrašnjim Ja". Ali, izgleda da se ovde, ponovo, radi o razlichitom shvatanju pojmova. Ovoga puta, pojma "san".
Elem, do "Sna", koji je kanal komunikacije sa Univerzumom (pisaću ga sa velikim slovom), se ne dolazi tako što se uveče legne u krevet i zaspi. Lepo bi bilo da je tako ali, na zalost, nije. Evo i zbog čega: Sanjanje, koje nam se dešava dok spavamo, potpuno je nesvesna radnja: Dešava se stihijski i pod uticajem spoljnih i unutrašnjih faktora ali totalno bez naše, svesne, namere. Nesvesno ne može proizvesti svesno, kao što laž ne može dovesti do istine. Tako se ni naše uobičajeno sanjanje ne moze svesno tumačiti.
Sa druge strane, Snovi, komunikacija sa Univerzalnim, o kojima govori npr. Kastaneda, Gurdjijev, Štajner, kao i mnogi drugi mistici Istoka i Zapada, nisu nikakav stihijski, nesvesni proces već predstavljaju proizvod jasne namere! da se u to stanje udje. Jasne namere sa jasnim ciljem! Razni su načini na koji se može ući u to stanje: od meditativnih tehnika, mantri, molitve...pa do seksualnih tehnika, opisanih u drevnim Tantričkim tekstovima. Različitim osobama odgovaraju različite tehnike. Ti Snovi su bitno različiti od onih koji nam se deshavaju dok spavamo. Ovi, pravi, Snovi, kojima komuniciramo sa unutrašnjim, Univerzalnim Ja, deshavaju se uz našu potpunu svesnost!
I ja, nekada, sanjam dok spavam. I siguran sam da je to sanjanje samo odblesak mojih telesnih stanja, telesnih želja, strasti... Sa druge strane, imao sam priliku da doživim i svesno sanjanje i mogu vam posvedočiti da se takvo stanje ne može čak ni uporedjivati sa "običnim" sanjanjem. U to stanje sam se doveo uz pomoć rigoroze, precizne, višemesečne i jasno odredjene prakse, uz vodjstvo iskusne i kvalifikovane osobe. Ceo postupak je bio svestan pa je i rezultat mogao biti svestan!
U takvo stanje se uvode i monasi širom sveta. Ukoliko odete u manastir Studenicu, primetićete mnogobrojne "kelije" (isposnice), udubljene u obližnjim stenama. U njima se monasi, već stotinama godina, neprestanom molitvom i najrigoroznijim postom, uvode u to stanje, stanje Bozanskog Sna, u kome sa punom svešću! mogu svedočiti o svom jedinstvu sa Bogom, tj. Univerzumom. Znači, do razgovora sa Univerzumom, Bogom, Unutrašnjim Ja.... se ne dolazi jednostavnim leganjem u krevet. Za to je potrebno mnooogo rada!
Izjednačavanje uobičajenih, svakodnevnih, snova sa komunikacijom sa Univerzumom, Bogom, Unutrašnjim Ja... isto je što i izjednačavanje emotivno-seksualne zavisnosti sa Ljubavlju, što je, skoro stopostotno zastupljeni trend današnjice. "Linija manjeg otpora" i nalaženje obrazloženja za ono što bismo, bez našeg ikakvog napora, hteli da prestavimo kao "način komunikacije sa Unutrašnjim Ja", nikada, do sada, nisu doneli ikakvo relevantno znanje. Do Izvora kreacije se dolazi plivajući uzvodno! Ili, ako treba da budem totalno eksplicitan, do Boga se dolazi "linijom težeg otpora", mukotrpno, hrabro i uz ogroman rad.
Ne bih želeo da ikoga uvredim ali se ne mogu otrgnuti utisku da je tumačenje svakodnevnih snova isto što i gledanje u šolju: "može da bidne a ne mora da znači". Ali zato, može biti osnova za profitabilan biznis. I čudim se kako to, do sada, nije iznikla plejada "tumača snova", u vidu raznih Branki i Zorki, koja bi nam, preko 041 telefonske linije, svako jutro objašnjavala i tumačila šta smo to mi, u stvari, pričali protekle noći sa Univerzumom! Ali, siguran sam, i to će se desiti, jer, verovatno, "treba da se zbude", kako bi to rekao Isus. I isto sam tako siguran da vam takav "tumač snova" nikada neće reći da vaš prethodni san znači to da trebate otići i dobrovoljno dati krv, posaditi drvo ili se pomiriti sa bližnjim... Siguran sam da će uvek govoriti samo o vašem Egu, jer je Ego i okrenuo taj broj koji počinje sa 041...
Cao, ja sam se skoro ukljucila na forum, do sada nisam imala priliku da ucestvujem u diskusijama, ali moram da izrazim delimicno neslaganje sa onim sto si rekao.
Istina je da samo mali broj ljudi bira da "pliva uzvodno", da ne pristaje na instant resenja i odgovore, ali proucavanje snova jeste tezi put.
Ovde ne govorim o raznoraznim sanovnicima itd. vec upravo o onome o cemu i moderator govori.
To podrazumeva integraciju svesnog i nesvesnog, intelektualnog i emotivnog, pozitivnog i negativnog i kroz tu integraciju rast i razvoj licnosti.
A nesvesno se javlja u snovima i govori jezikom simbola, neki od njih su opsti i isti za celo covecanstvo, a neki su vezani za kulturnu matricu u kojoj smo rodjeni i u kojoj zivimo.
Da bi ostvario komunikaciju sa nesvesnim, coveku je neophodno da na svesnom nivou istrazuje, uci, preispituje a to je, moras priznati tezak rad koji iziskuje i vreme i razmisljanje a pre svega posvecenost.
Za istinski razgovor sa nesvesnim nije dovoljno samo "leci u krevet" kao sto ni za komunikaciju sa Bogom nije dovoljno samo otici u crkvu ili otici na Tibet da bi doziveo prosvecenje.
Nema veze,nesto i razumem,ali?
Da li je nase nesvesno rezervoar
potisnutog negativnog ili je "sadrzaj"
mnogo komplexniji.
:???:
Medicinski dokazi ne postoje da li postoji ili ne,ali vecno nas prati verovanje. Ne znam mnogo o tome, samo sam slusao da je Bog prvo stvorio Golema, coveka bez duse. Andjeli ga pitali "Boze, zasto nisi napravio Coveka kako si zamislio?", Bog odgovori "Prvo sam hteo da napravim oblik sveta, da ne bi ko pomislio da mi je Adam pomogao".
Kada je Bog zavrsio svet, ubacio je dusu, sakupio celi svet u Coveka. Verujem u postojanje duse!
Душата е Божјото во човекот и дали вреди да го освоиме светот, ако ја загубиме сопствената душа. Размислете што чувствувате кога го гледате сонцето кое заоѓа во морето или месечината која се издигнува над дрвјата? Кога читате некоја книга или ја работите работата која ја сакате? Кога уживате во друштвото на вашите блиски луѓе?...
Антони Де Мело
Ако внимателно разгледуваме околу нас,осознаваме дека предметите не движат, немаат чувства и затоа велиме дека немаат душа.За разлика од нив животните чувствуваат и за нив би рекле дека имаат душа, но немаат дух. Човекот како една здрава личност, во себе содржи три компоненти (тело, душа и дух).
Духовната големина на секој човек е толкава колку тој посакува да биде. Сите ние длабоко во нас можеме да почувствуваме диховно постоење, внатрешна состојба која ја чувствуваме, но не секој од нас може и да ја разбере. Токму таа состојба не води кон духовно постоење и кон тајната што се вика душа. Ова е нешто највредно кај човекот.
Во духовниот свет, душата е обединета со светлината и преставува соединување на два дела на суштеството (машкото и женското) што преставува крајно задоволство на овој свет. Душата е исполнета со светлината на создателот.Но луѓето кои се потпираат на разумот на физичко тело, не навлегуваат кон спознание на создателот. Тие се рамнодушни кон спознавање на оние кои му се слични. А разумот како сила на замислено, ги гледа работите само однадвор,односно телото,неговото физичко дејство. Тој не настојува да допре до содржината на внатрешноста, на духовната форма на сличните на себе. Не го запознава другиот повеке од тоа што се познава самиот себеси.
Душата е енергија на една индивидуа, дел од севкупната енергија во универзумот, доделена на едно тело вдахнувајќи му живот. Духот пак го дефинира карактерот на едно битие, неговата длабочина
Можеби човекот верува дека е господар на својата душа и дека управува со неа. Но тој ја нема таа способност се додека не стане свесен за многубројните тајни начини на кои несвесните фактори се наметнуваат, одлучувајки при секој негов план и одлука.
Можеби човекот би сакал да ја проучи својата душа. Но во тој случај не е доволно само да погледне длабоко во себе, бидејќи не би можел комплетно да се препознае. Затоа мудрите луѓе ја разгледувале човековата душа преку интроспекција. Кога човекот , ќе го допре внатрешниот свет преку размислување, интроспекција или преку соновите, тогаш може да допре до дното на душата.
Секое тело, не е ништо друго освен механизам за комплетирање на планот за развој на душата. Во тој случај и личноста се чувствува привлечена кон духовното тежнеење.
На душата и е подарено тело, како и жив дух, кои работи и ги открива тајните на телото и неговата содржина. Душата не умира, не пропаѓа, не се распаѓа за разлика од телото. Таа само облагородува. Можат да пропаднат или да се создадат само одредени особини на душата, кои ја осиромашуваат или ја надополнуваат вредноста на таа душа. Душата е таа која се раѓа, оживува, подлегнува на одредени испити, како и одговара за одреденни дела. Таа тагува, посакува, додека духот и телото се само простор како земјата и небото во својот домен.
И како што телото се мие со вода, се одржува чисто, така е потребно и душата да се измие,односно прочисти. Гревовниот товар ја оневозможува душата да се воздигнува. Едноставно ја оневозможува да полета.
„ Очите се огледало на душата!“
Карл Јунг, Википедија, Новиот ден - Антони Де Мело
Што е сонот?
Нормална психичика појава, несвесна состојба над која немаме свое влијание, која пренесува длабоко потиснати желби и состојби на духот на сонувачот.Честопати тоа можат да бидат и потиснати чувства, позитивни или негативни, длабоко всадени во нашата подствест, чувства кои подолг период се провлекуваат низ нашиот реален живот. Понекогаш тоа можат да бидат и пораки кои ги добиваме од нашата подсвест, честа тема на проучување на многу психолози,кои преку толкувањето на соновите добиваат реална слика за една личност , за нејзинита состојба, желби, стравови.
За толкувањето на соновите и симболите Карл Јунг посебно внимание обрнува на анимата - жената во мажот и анимусот- мажот во жената. По долгогодишна работа и испитување Карл Јунг објавува свои одредени убедувања.
Според Јунг, доколку сонувачот е маж, тој открива женска персонификација на своето несвесно, но доколку е жена тоа ќе биде машки лик.
Jунг во својата книга човекот и неговите симболи вели:
Во својата индивидуална манифестација, карактерот на анимата на мажот по правило го обликува неговата мајка. Ако чувствува дека неговата мајка имала негативно влијание врз него, неговата анима често ќе се изразува себеси со раздразливи, депресивни и променливи расположенија, несигурноост и нечувствителност. Во душата на таквиот маж негативниот лик на мајката-анима бесконечно ќе ја повторува оваа тема: „Јас сум ништо. Ништо нема смисла. Кај другите е поинаку, но кај мене...во ништо не уживам“. Ваквите „анима расположенија“ предизвикуваат еден вид затапеност, страв од болест, страв од импотенција. Целиот живот добива тажен и неподнослив аспект.
Но Јунг понатаму наведува дека доколку мајката имала позитивно влијание, таквата анима може да ги претвори мажите во сеннтименталци, премногу чувствителни. Може да стане феминизиран или да има чувство дека постојано го демнат жени, а со тоа честопати ќе дооаѓа во ситуации да неможе да се справи со животните неволи. Во овој случај анимата ги инволвира мажите во деструктивна интелектуална игра, а тоа може да го согледаме во неговата неможност да стапи во директен контакт со животот и неговите реални решенија. Овој тип премногу размислува за животот, што нема време и неможе да го живее. Со тоа ја губи својата спонтаност и чувството кон надворешниот свет.
Манифестациите на анимата се согледуваат и преку формите на еротските фантазии кај мажите. Таа ги наведува мажите да ги негуваат своите фантазии со гледање еротски филмови или мечтаења.
Анимата кај мажот предизвикува тој да се вљубува во секоја жена која ќе ја види првпат и за неа вели дека тоа е „таа“. Но ова честопати може да биде и вознемирувачки доколку таа личност е во брак, бидејки доведува до таканаречен „човечки триаголник“. Според Јунг решение би било доколку анимата се свати како внатрешна сила, да го развие сопственото битие и да го издигне до зрелост, со интегрирање на неговата несвесна личност, внесувајќи ја во реалниот живот.
Но анимата има и свои позитивни функции. Анимата помага при усогласување на духот на мажот со неговите вистински внатрешни вредности.
Јунг вели:
Тоа е небаре некое внатрешно радио, дотерано на одредена бранова должина што го исклучува неважното, но дозволува да се слушне гласот на „големиот човек“.
Како и кај „анимата“ и „анимусот“-мажот во жената покажува и добри и лоши аспекти. Разлика се јавува што анимусот не се јавува често во форма на еротска фантазија, ниту расположение.
Јунг за ова вели дека се јавува повеќе во форма на скриено „свето“ убедување, кое се јавува преку бучен, упорен машки глас или на другите им се наметнува преку брутални емотивни сцени. Со тоа лесно се препознава машкоста во жената. Анимусот може да се согледа и кај премногу женствена жена, преку нејзиниот тврдоглав, студен и непристапен однос.
Според Јунг:
„Една од најомилените теми што анимусот постојано ја повторува во размислувањата на овој тип жена е следнава: „Единствената работа на светов што ја посакувам е љубовта – а тој не ме сака“ или „Во оваа ситуација постојат само две можности – и двете се еднакво лоши“ (Анимусот никогаш не верува во исклучоци).Ретко може да му се противречи на анимусот, на неговото мислење, бидејќи тој обично има право, се чини дека ретко одговара на индивидуалната ситуација. Тој е склон да биде мислење што изгледа разумно но неумесно“.
Како што карактерот на анимата на мажот го обликува мајката, така врз анимусот на жената обично влијае таткоото , кој на ќерката и подарува посебни типови на непобитни,правилни и „вистински“ убедувања кои никогаш не ја вклучуваат личната реалност на жената каква што е таа.
Анимусот често во соновите се јавува како група од мажи.
Јунг вели:
„Анимусот во оваа форма ги персонифицира сите оние полусвесни, студени, дструктивни мисли што се јавуваат кај жената во ситните саати, особено кога не успеале да исполнат некоја своја чувствителна обврска. Тогаш таа почнува да размислува за семејното наследство и слични работи-еден вид пајажина од пресметани мисли исполнети со злоба и интриги што доведуваат во несакана насока. (Кога едниот од нас ќе умре, ќе се преселам на ривиерата-му рекла жената на својот маж кога го видела убавиот ммедитерански брег-мисла што е протолкувана како релативно безопасна, поради фактот дека таа ја искажала, но тоа е всушност нејзиниот таен и деструктивен став ).
Несвесното мислење на анимусот доведува до пасивност и парализа на чувствата, длабока несигурност, дури и чувство на ништожност.Според Јунг анимусот во длабочината на жената обично шепоти „Ти си безнадежна“„Каква е ползата од обидувањето?“„Нема смисла ништо да се прави“„Животот никогаш нема да се промени на добро“.
Секогаш кога во нас ќе завладее една од овие мисли на несвесното, се чини дека ние самите ги имаме тие чувства и мисли. А, кога егото ќе се идентификува со нив, бидејќи не може да ги оддели и да ги види какви што се, тогаш човекот е навистина „опседнат“ со ликот од несвесното.
Затоа Јунг за ова вели:
„Само кога ќе исчезне опседнатоста, човекот сваќа со ужас дека рекол или направил работи што се дијаметрално спротивни на неговите вистински мисли и чувства – дека бил жртва на туѓ психички фактор.
Како и анимата, така и анимусот не се состои само од негативни особини како што се бруталноста, непромисленоста, празниот разговор и тивките тврдоглави, лоши идеи. Тој има и многу позитивна и вредна страна.Може да изгради мост до јаството со својата креативна активност.
Според сето тоа може да заклучиме дека се е во нас, дали ќе дозволиме со нас да преовладаат негативните или позитивните мисли на несвесното кои не водат низ животот. Доколку преовладуваат негативните, потребно е да се изнајде начин како да го надминеме тоа и на површина, да ги исфрлиме позитивните мисли и ставови со што би го промениле и својот живот, да го развиеме сопственото битие и да го издигнеме на едно повисоко ниво, до зрелост, со интегрирање на неговата несвесна личност, внесувајќи ја во реалниот живот.