Кристалите или камења на Боговите познати уште од древните цивилизации до денес се употребуваат како украсни камења накит или амајлии cе сврстуваат во редот на најубавите и најтрајните елементи во природата.
Со прекршување на светлинските зраци се рефлектираат прекрасни нијанси од бои кои го привлекуваат нашето внимание.
Секој камен со себе носи своја историја и легенда, како и исцелителна моќ.
Денес се познати преку 100 (сто) видови на кристали, чија моќ е испитана и потврдена и редовно се користи во одредени терапии за лечење на болести во организмот на човекот.
Познато е дека е потребен баланс во организмот, кои се постигнува со поттикнување на животната енергија и нејзиното непречено кружење во енергетските центри на телото. Секоја блокада на патот на движење на енергијата доведува до дисбаланс, а со тоа и одредени болести во нашето тело.
Применување на сеанси со кристали т.е. терапија со кристали, преку нивната енергија се поттикнува балансот на телото, умот и емоциите. Кристалите имаат широко поле на делеување како во кристалотерапијата, медитацијата со кристали, кристалната масажа, подготвување на еликсири и сл.
Правилното користење на кристалите придонесува за зголемување на имунитетот на организмот, балансирање на менталната енергија во телото, придонесува за позитивно размислување и убаво расположени, а преку нивната примена во медитацијата и користењето на еликсири и купки од кристали во тврда и течна состојба можеме да ја зголемиме својата самодоверба, можност да станеме поуспешни во своите размислувања како и правилно да донесуваме значајни одлуки.
За употреба на кристалите најважно е добро да ги познаваме нивните физички и енергетски својства. Кристалите се чистат двапати месечно под млаз од млака вода (околу пет минути), а потоа се изложуваат (односно се полнат) на сонце неколку саати.
Многу е важно пред користење на кристалите (на себе и кај другите), претходно да се консултираме со добар познавач на кристали, односно да не упатат кој кристал ни одговара според целта која сакаме да ја постигнеме при искористување на нивната енергија.
Некои луге интуитивно во допир со кристалите можат да почувствуваат каква енергија испраќа тој и како таа делува на него, позитивно или пак негативно.
Наједноставен начин на одредување на видот на кристалот кој ни одговара е според хороскопскиот знак.
Овен – предводник, храбар борец со машка снага и динамика. Елемент кој му одговара е оганот, планета Марс, а главата е дел од телото со која владее. Црвената боја е боја која најмногу му одговара на овој знак. На силната и цврста природа на овој знак, кристал кој му одговара, а при тоа да му донесе рамнотежа кога се користи за здравје е горскиот кристал. Му одговараат и аметист, флуорит односно сите оние кои ќе го смират и упатат на размислување, толеранција и упорност.
Бик – практичен, плоден, стабилен но и спор, тврдоглав кој владее со елементот земја, планета Венера. Вратот е дел од телото со кој тој владее. Кристал кој му одговара може да биде со зелена, плава или розе боја. Плавиот е најдобар избор при недостаток на самодоверба и повеќе верба како калцедон и тиркиз или лапис лазулија – за да го поттикне и подигне кон остварување на големи дела. Розе кварцот во него ќе пробуди нежност, благост, а зелениот како авентурин и празем повеќе љубов кон другите.
Близнаци – променливи, воздушни, динамични, спонтани, со големо интерес кон се, весели,дружељубиви и зборлести. Ним им припаѓа планетата Меркур, а дел од телото со кој владеат се рацете и белите дробови. Поради рамнотежа и здравје потребно е да се приземјат, а за што е добар хематит, црн турмалин, ахат. За поголема стабилност се препорачува оникс. Ако е потребно да се зајакнат белите дробови, добро ќе послужи пренит, амазонит.
Рак – воден, осетлив, интуитивен знак. Го симболизира домот и фамилијата, мајчинството, исхраната. Негова планета е Марс, а желудникот е дел од телото со кој владее. Потребна му е рамнотежа, силна енергија во соларниот плексус, која може да му ја донесат цитрин, тигрово око, килибар, пирит, жолт калцит, но и зелените кристали како смарагд, авентурин, лабрадорит.
Лав – доминантен, стабилен, племенит, храбар, самоуверен. Елемент кој му припаѓа е оганот, планета Сонце, а орган со кој владее се срцето и кичмата. Боја која му одговара и му дава сила и баланс на овој знак е златножолтата, а од кристалите цитрин, килибар, топаз. За ојачување на срцето ке послужат зелените и розе кристали како пренит, хризолит, хелиотроп, празем, розе калцедон, турмалин.
Девица – ментален тип, методичен, вреден, практичен, ситничав. Елемент кој му одговара е земја, планета Меркур, боја сива и жолта. Владее со органите за варење,посебно цревата. Бидејќи и е потребно малку повеќе страст, би било добро да носи црвени или портокалови кристали како јаспис, рубин, карнеол. И одговара и жолтата боја како цитрин, калцит, килибар, рутил кварц.
Вага – прав естет, воздушна, одмерена, перфекционист. Најдобро функционира во партнерски односи. Неодлучна е и и треба поголема продорност и рамнотежа. Нејзина планета е Венера, боја плава, а орган со кој владее се бубрезите. Иако претставува рамнотежа, честопати токму тоа и недостасува, затоа и се потребни зелени кристали како жад, смарагд, турмалин, турмалин кварц, хризопал.
Скорпија – страствена, осетлива, тврдоглава, упорна, тајна и енергична. Елемент на кој припаѓа е вода, планета Марс и Плутон, органи со кој владее се полните органи, а боја која и одговара е црвена и црна. Потребно и е мир, светлост за да не залута во мрачни страсти. Месечевиот камен и дава интуитивност и нежност, хематитот и црниот турмалин заштита, а гранатот е добар за љубов. Силна енергија за материјализација и дава магнетитот. Против штетно зрачење и тумури и одговара азурит и азурит малахит. Верата и верноста ја зголемува аквамаринот.
Стрелец – праведен, учен, искрен, отворен, идеалист, авантурист. Неопходно е да се научи на тактичност и стабилност. Планета која му одговара е Јупитер, елемент оган, боја тегет, а владее со куковите. Топазот го регенерира и му дава цврстина и чистота, амазонитот животна енергија и го релаксира, а калцедонот ја смирува психата. Мир и заштита му обезбедува лаписот, а храброст добива со содалит.
Јарец – упорен, дисциплиниран, издржлив, верен, озбилен, прорачунат. Потребна му е релаксација, благост, мекост и осетливост. Елемент на кој му припаѓа е земја, планета Сатурн, боја црна и бела. Владее со коските а од кристалите му одговараат оникс, кварц, опсидијан, малахит, ахат.
Водолија – екцентрична, иноватор, независна, оригинална, хуманист. И недостасува дисциплина, принципиелност и тактичност. Со неа владее Уран, елемент воздух, боја светло плава. Органи со кои владее се нервниот систем, потколеници, вени и циркулација. За рамнотежа потребни се гранат, сафир, рутил кварц, опал, аквамарин. Крвотокот, жлездите и имунитетот ги ојачува лабрадорит.Подобра концентрација и овозможува флуорит. Леопард јаспис ги смирува и релаксира нервозните водолии.
Риба – мистична, интуитивна, креативна и прилагодлива. И недостасува практичност и рационалност.. Воден знак кој одговара на планетата Нептун. Боја лила, а орган со кој владее се стапалата. Бидејќи се медитативни, можат да користат лила кристали за подлабоки согледувања како аметист, флуорит, лепидолит, а за рамнотежа сафир, рутил кварц, турмалин кварц.
Секој кристал ќе ви понуди позитивни вибрации и енергија, позитивно размислување, убаво расположение, самоувереност и просперитет, привлекување на љубов, будење на страсти доколку им приоѓате со големо внимание и љубов.
Превземено од „Сеанса кристали, водач низ терапија со кристали“
Овој полудраг камен посебно се издвојува меѓу другите, бидејќи се смета дека е еден од најефикасните кристали кој лечи се.
Аметистот се смета за камен на Св.Валентин и верна љубов.
Побогатите Грци, а покасно и Римјаните правеле пехари од аметист за да се заштитат од преголемото дејство на виното.
Египетските војници го носеле со себе кога оделе во војна ,верувајќи дека во опасни ситуации храброста нема да ги напушти.
Бискупите, на десната рака носат прстен со овој кристал.
Аметистот е почитуван во сите религии. Во христијанството важи за кристал кој ја симболизира чистотата.
Овој лилав кристал се препорачува да го имаме во работните простории за одбивање на негативната енергија која зрачи од копјутерите,телефоните и други апарати.
Аметистот е камен на интегритет и оптимизам. Служи за прочистување и заштита на текот на енергијата низ аурата.
Еден од начините да се ускладиме со енергијата и вибрациите на кристалите е медитацијата. Исклучете ги своите мисли од секојдневието. Дозволете им на мислите кои ве оптеретуваат , сите стравови само да поминуваат покрај вас, настојувајќи да ги замените со позитивни мисли кои доаѓаат од вашето срце, мисли кои ќе ве исполнат, опушат. Во медитација кристалите даваат голем степен на мир, топлина, хармонија и ја подобрува концентрацијата, ја зголемува меморијата, го регулира крвниот притисок, позитивно влијаат на срцето. Познато е неговото дејство на инспирацијата и интуицијата.
Дозволете им на кристалите да ве доведат во состојба на смиреност и свесност за себе и воопшто за животот.
За време на медитација кристалите може да ги држите во дланките или да ги поставите на местото каде чувствувате напнатост.
За релаксација и опуштање добро е овој кристал да најде свое место во спалните соби. Неговото дејство за мирен и релаксирацки сон е поголемо доколку аметистот го ставиме под перницата на која спиеме., а при тоа се потрудиме да ги почувствуваме неговите позитивни вибрации кои ќе не доведат до мирен и релаксирачки сон.
Овој камен на среќата, ја разблажува лутината и нетрпението и го унапредува менталниот и духовниот развој.
Аметистот се препорачува на водените знаци, а најдобро влијание има кај шкорпиите давајќи им ведрина и позитивно гледање на работите.
Поинтензивно треба да се користи после тешки повреди и хирушки интервенции.
Употребата на кристалите преку кристалотерапија нема никакви штетни последици, нема штетни зрачења и може да се користат кај мали деца и постари лица.
Овој кристал откако ќе се очисти под млаз вода (околу пет минути) не се полни на сонце, туку се остава да одстои во еден сад со горски кристал.
Оплеменете го својот живот, благодарение на кристалите кој ни ги дарува природата.
Kristali i poludrago kamenje se smatraju po Feng Shuiju izrazito blagotvornim. Nisu narocito skupi, a cak i mali deo kristala nosi vise energije no sto mozete da zamislite. Ako ne mozete naci odredjeni kamen ili kristal koji se preporucuje, upotrebite alternativu dok ne pronadjete odgovarajuci primerak.
Stavljajte kristale uvek na mestu gde se mogu napajati i odakle mogu reflektovati prirodnu svetlost. To ne mora biti ivica prozora, ali se potrudite da vas kristal nije okruzen gomilom stvari. Vibracije bolje funkcionisu ako se kristal nalazi na stolu, ivica prozora ili polici bez ijednog predmeta u blizini. Ako se odredjena oblas Bagve preklapa sa dve sobe, stavite kristal u sobi koju cesce koristite. Na kraju nemojte nikada cistiti svoj kristal pastom ili drugim sredstvom za ciscenje.
Istrljajte ga ako mozete u morskoj vodi ili soli potopljenoj u vodi. Mozete ga prati i mineralnoj vodi ili jednostavno staviti ga pod mlazom vode.
Romansa
Da biste otvorili put novoj romansi ili dinamicnoj vezi, stavite ili crveni kvarc, ruzicasti turmanil ili kuncit u onaj deo vaseg doma koji odgovara polju Vode u Bagvi. Ako ne mozete da nabavite ove kristale, stavite ruzicastu svecu u stakleni svecnjak. Vodite racuna da palite svecu najmanje jednom nedeljno.
Osecanja
Ako zelite da otvorite put koji ce vas odvesti do spoznaje sopstvenih osecanja ili da biste postali emotivno svesniji osecanja drugih osoba, postavite kvarc dim - plave boje ili mesecev kamen u polje Zemlje u vasem domu. Ako ne mozete doci do ovog kamenja, stavite tamnu, sivo-crnu svecu u stakleni svecnjak i palite redovno.
Nametanje
Da biste rascistili put kojim dolaze spoljni uticaji, da biste bili sigurni da sami donosite svoje odluke, stavite komad akvamarina ili sodalita u polje Groma vase kuce. Ako ne mozete naci ove kristale, stavite modro-plavu ili plavkasto - zelenu svecu umesto njih u pomenutu oblast.
Harmonija i poverenje
Da biste osigurali harmonicno napredovanje vase emotivne vezee, da biste otvorili put poverenja na tom putovanju, postavite zuti sitrin ili topaz u polje Vetra u vasem domu. U zameni upotrebite zute svece.
Mudrost, razumevanje sopstvenih vrednosti
Da biste otvorili put ozbiljnoj mudrosti i zavirili u svoj unutrasnji ljubavni zivot, stavite ametist ili komad lazurnog kamena, lazaluta u Jezeru svog doma, ili tamno ljubicastu ili tamnu plavu svecu umesto kristala u pomenutoj oblasti.
Prijateljstvo, davanje i uzimanje, podrska
Da biste otvorili put iskrenosti i dragocenom prijateljstvu u vasem ljubavnom zivotu, stavite malahit ili zeleni turmalin u polje Neba vaseg doma. upotrebite tamno zelene svece i redovno ih palite, ako nemozete doci do ovih kristala.
Senzualnost, kreativna i telesna ljubav
Da biste bili sigurni da je otvoren put izrazajnoj i obogacujucoj telesnoj ljubavi, stavite kornalin, granat ili hematit u oblast Jezera u vasoj kuci. Ako ih nemozete nabaviti, upotrebite tamne, poput rubina crvene svece i vodite racuna da ih redovno palite.
Komunikacija
Da biste otvorili put dobroj komunikaciji u vase fizicke ili emotivne veze, stavite tirkiz ili amazonit u polje Planine vaseg doba. Isto tako u zameni ako ih nemozete naci, upotrebite svece tirkiznih boja u cistim, staklenim svecnicima.
Iskrenost prema sebi: dali se slazete sa svojim partnerom?
Da biste obezbedili put koji ce vam omoguciti da saznate sta zaista trazite u ljubavi, ili da biste istinski bili u skladu sa svojim partnerom, stavite dijamant, selenit ili beli kvarc u polje vatre u vasem domu. I ovde u zameni za kristala, mozete postaviti cisto bele svece.
Kada odlucite koji put cete otvoriti ( mozete otvoriti i vise od jednog).
"Feng shui - kako da stvorite harmoniju i unesete ramnotezu u vase srce i vas dom" - Sara Bartlet