Нашите чувства и мисли секогаш имаме потреба да ги искажеме и пренесеме. Тие можат да бидат изразени на повеќе начини и со различни средства. Еден од тие начини преставува изразување преку уметноста.
Уметничкото творештво е севкупност на временска и просторна уметност.
Временската уметност ја доживуваме во времето. За да прочитаме некоја интересна книга потребно е време. Исто така време е потребно и да погледаме филм или послушаме музика.
Уметноста каде зборовите се користат како изразни средства, ја нарекуваме литература, а доколку користиме звуци, таа уметност ја нарекуваме музика. Танц или балет се нарекува онаа уметност каде има движење на телото, ако пак имаме движење на фотографии во тој случај станува збор за филм.
За разлика од временската уметност, просторната уметност завзема одреден простор. Во овој случај станува збор за ликовната уметност – цртеж, слика, графика, скулптура, применетата уметност, дизајн и архитектура.
Уште од своето настанување човекот има тенденција за следење на убавото – естетиката. Од најстари времиња тој изработува предмети, кои настојува со вметнување на украсни шари или други додатоци да добијат дополнителна убавина.
Доживувањата на убавините од природата и пренесување на истите преставува посебно задоволство. Затоа можеме слободно да кажеме дека уметноста е еден вид огледало, естетски одраз, отсликување на реалноста која ја менуваме, а при тоа се менуваме и самите себеси.
Развивањето на творечките и креативните способности, да создаваме нешто ново, лично претставува навистина задоволство. Задоволувањето на својата љубопитност, стекнување со нови знаења придонесува да се чувствуваме исполнето.
Секој од нас, во одреден момент посакува да создаде своја сопствена креација. На тој начин ја внесува и пренесува уметноста во својот дом, на работното место или лично на себе. Сето тоа тој го прави со љубов и овој пристап кон уметноста претставува хоби или задоволство кое исполнува, бидејќи сето тоа е производ на сопствените раце.
Порцеланот е вид на керамика, со бела полупрозирна боја,која се обработува на многу високи температури (1200 до 1400 степени)за разлика од обичната грнчарија.
Од порцеланот се изработуваат разни украсни предмети и кујнски садови. Со користење на техниката на сликање на порцелан ( на глазиран или неглазиран порцелан) може да отсликуваме украсни фигури по своја желба и лична фантазија. На веке постоечкиот сервис во домот може да му дадеме нов лик, да го освежиме или пак може да изработиме рачно изработен прекрасен поклон. Идејата е ваша, само препуштете се на вашата фантазија и ослободете ја сопствената креативност.
Материјалот кои се користи за оваа техника може да се набави во специјализирани продавници за бои за сликање, или во некое hobby art ателје. Потребно е четки и бои за сликање на порцелан, контурна боја како и молив за сликање на порцелан.
Постапката е следната:
Пред се, ја чистиме подлогата со алкохол за да се избегне мрснотијата, ако постои на неа. Го поставуваме веке исцртаниот шаблон и со помош на индиго и молив го пренесуваме на подлогата. Доколку сме послободни во работа со четка и боја, можеме директно да се препуштиме на својата креација без да користиме шаблон.
Линиите на исцртаната шара ја поминуваме со контурна боја и оставаме да се осуши ½ час.
Нанесуваме боја во внатрешноста по желба и го оставаме повторно да се суши околу 4 часа.
Предметите ги одложуваме во ладна рерна, вклучуваме на 160 степени и печеме 90 минути од моментот на загревање на рерната. Кога е завршено печењето, предметите ги оставаме да се оладат во рерната.
Вака исцртаниот порцелан може да се мие во машина за садови, но не е пожелно бидејќи постепено го губи својот сјај и самата боја.
Велигденските празници се денови кога ги украсуваме нашите домови. Причина повеќе кога можеме да ја искористиме техниката на сликање на порцелан и да отсликаме нов украс за нашата празнична трпеза.
Предметите од порцелан се неопходен дел од нашиот секојдневен живот. Секој од нас денот го започнува со вкусен чај или кафе, послужен во садови од порцелан.
Денес во продавниците понудата од најразлични сервиси со прекрасни шари е се поголема.
Но чувството и вкусот на чајот или кафето во сервис насликан со љубов и дело на сопствените раце е прекрасно.
Сервис за кафе
Почувствувајте ја убавината на уметноста во сопствените креации!
Архангелското јавување на Божјата радосна вест на Дева Марија – Благовест
...Кога се исполнило времето и дошол од Бога назначениот час, некои велат токму кога на Назаретскиот извор полнела вода, на Пречистата Дева и се јавил Архангел Гаврил и восхитено и проговорил:
„ Радувај се благодетна Марије! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!“
А таа , гледајќи го, се исплашила од неговите зборови и размислувала каков бил тој поздрав.
Ангелот и рекол: „Не плаши се, Марија! Оти најде благодат пред Бога! И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син и ќе му ставиш име Исус!“
„Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?“ богобојазливо запрашала.
Ангелот рекол:
„Светиот дух ќе дојде и силата на севишниот ќе те осени, затоа и тоа што ќе се роди ќе биде свето и ќе се нарече син Божји“.
И Ангелот, кој на земјата бил испратен не само да го пренесе словото Божјо, туку и да го слушне слободниот човечки збор, поитал на небесата да ја огласи радосната вест за согласноста на девојката. Така како што на Дева Марија, а преку неа и на целиот човечки род, ја огласил благовеста за сорешното раѓање на Спасителот...
Извадок од „Животот и чудата на Пресвета Богородица“
Во чест на таа блага вест што Aнгелот и ја пренесол на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение или Благовест што се празнува точно девет месеци пред Божик.
Денес е Благовец, благ ден, за некого домашна слава, за некого именден. Еден вакa осликан порцелан можеби ке биде прекрасен подарок за славеникот.
Срекен празник и именден на сите кои го носат ова прекрасно име!
Велигденските празници се на прагот.
Еден комплет рачно насликани чинии ке бидат добредојдени за овие денови.
Свечената трпеза може да ја украсиме со велигденска погача,
на која ќе поставиме неколку вапсани велигденски јајца.
Да се подготвиме за еден од најубавите празници во годината!
Dekupaž ili decopage je reč koja dolazi od francuske reči ‘decouper’ sto u prevodu znači ‘iseći, isecati’. Postupak ukrašavanja se sastoji od lepljenja slojeva papira na različite površine i fikascije dekoracije, u osnovi, reč je o tehnici kaširanja, s tim što je ovde u pitanju lepljenje gotovih slika na različite površine. Obično se koriste slojevi salveta.
Da bi se ovom tehnikom ukrasila jaja, neophodno je izvrsiti male pripreme. Prvo počevši od nabavke, ako ste u prilici kupite bela jaja za bolji efekat, operite ih, skuvajte ofarbajte u boje po želji i ostavite da se ohlade.
Za to vreme isecite motive sa salveta i odvojite bele slojeve. U činijicu odvojite belance i tankom četkicom na svako jaje nanesite sloj, potom stavite izrezan motiv na jaje i počnite polako sa jednog kraja da premazujete sa četkicom koja je dobro natopljena u belance. Idite okolo, stvarace se pregibi ali ih ravnajte četkicom ili prstima, motiv će prijanjati za jaje i dok je mokro od belanca boja će biti tamnija. Ako imate vise manjih uzoraka tako radite sa svakim. Ostavite da se osuši, i ujutru premažite celo jaje uljem da dobije sjaj.
Sama po sebi tehnika nije komplikovana za izvodjenje, ali je potrebno vreme i strpljenje da se posao dovede do kraja, zadovoljstvo je veliko kada ih iznesete na sto.
Sakam da eksperimentiram so boite i formite koi gi nanesuvam na samiot porcelan,
bidejki sekoja od niv doprinesuva za negovata ubavina.
Што е животот?
Да се радуваш, но и да тагуваш истовремено. На моменти да стравуваш и да се соочуваш со разни предизвици кои ти се наметнуваат. Несигурноста, но и вербата твои верни сопатници да се. А над сето тоа визијата за подобро утре да те поведе по вистинскиот пат...
Неверувам дека некаде и некогаш има напишано, ниту пак ќе бидат напишани зборови кои можат да опишат силно чувство и љубов пријателска кон одредени луѓе. Луѓе кои навистина знаат и умеат да даруваат несебична љубов. Луѓе кои знаат да поттикнат одамна заборавени нешта, длабоко закопани во нас.
Благодарам мајра за ова прекрасно видео, благодарам што постоите во мојот живот, бидејќи без вас сето ова не би било изработено.
Средба
Тивко гасне и овој ден.
Вперен поглед потонува
во созвездието на ноќта.
Една звезда сјајна,
месечина и светлина
ме опсипуваат со илјадници зраци.
Поглед во далечина...
Ми се присторува
дека во песната на славејот
глас одзвонува.
Свежина во воздухот,
мирис кој ме опојува
и ми го полни срцето.
Ме прашуваш,
зошто погледот ми талка кон небото?
Посакува чувство силно,
лек мевлем за душата
и средба спонтана, едноставна.
Посакува зрак топлина облеана
од топол збор
со љубов обвиткан
кој камен од срце отргнува.
И милост
од ред зборови искажани
од милна уста излеани
на блага душа пријателска.
Го барав тоа долго
во бескрајната небесна шир,
но го открив тука на земјата!
О.С.
Оваа техника е слична како техниката сликање на порцелан. Дава можност своите идеи да ги пренесеме на стаклениот предмет (сет стаклени чаши, вазни, свеќници и сл), а со тоа да им дадеме нов живот. Играјќи со боите на стаклото и најобичниот стаклен предмет прераснува во прекрасен украс или украсен поклон.
За изработка на оваа техника, потребни се специјални бои за стакло ( лично ги користам боите на Vitrall pebeo, специјални бои за стакло, но може да се искористи бојата за сликање на порцелан Decor Porcelain), контурни бои, апликации за декупаж техника, кој се користат како додаток во комбинација со боите за стакло.
Најнапред стаклото го чистиме со алкохол. Нанесуваме боја, отсликуваме избрани форми и слики. Насликаниот предмет го оставаме да се осуши на воздух најмалку четири часа.
Накрај, бојата ја фиксираме. Стаклениот предмет го поставуваме во ладна печка, која постепено ја загреваме до 140 степени и го печеме 30 минути.
Потоа ја исклучуваме печката, а стаклениот предмет го оставаме во неа се додека не се олади.
Осликаниот стаклен предмет, убаво оладен го украсуваме со цветови, тул,бисерчиња и други додатоци.
Мирисот на свежо приготвениот чај, послужен во рачно насликан сервис, ги претвара утринските моменти во посебен ритуал.
Време за медитација, опуштање, релаксација, размислување, планирање на денот... Моменти за позитивни мисли, кои ве следат во текот на целиот ден.
И се разбира творење на нешто ново, а секое ново отсликано парче е подстрек за она што следува.
Пријатен ден :)
Сувенирот е предмет кој секој од нас го купува како спомен од местото кое сме го посетиле на нашето патување. И при секој наш поглед фрлен кон него, тој не подсетува на драгите мигови.
Поигрувајќи со боите, на порцеланот може да насликаме најразлични сувенири со кои ќе го презентираме својот крај, место на живеење или објект кој има посебно значење поврзано за одредено место.
Не можам да се наречам уметник, бидејќи за тоа е потребно одредено образование, стекнато во соодветни институции,сликарски академии.
За мене сликањето претставува задоволство, моменти на кои се предавам со љубов, а воедно заборавам на секојдневието кое се повеќе не оптеретува. Едноставно се предавам на мојот свет.
Сепак не е доволно само волја и материјал. Затоа користам одредена литература, совети од одредени интернет страници, видеа поставени на You tube. Секој совет од добронамерен пријател е истотака добредојден, при што разменувам мислење, прифаќам нови идеи и сл.
www.odlican.com/niko650
Лебеди - акрил на платно
Ликовната уметност се изразува преку ликовен јазик. Сликарството е широко и богато ликовно подрачје со многу ликовни изрази и специфичности. Претежно се изразува со боја и тон, обоени површини, форми, линии. Сликата се изработува со најразлични бои. Се зависи од нас, дали ќе се одлучиме за темпера на платно, акварел или масло на платно.
Во сликарството уметниците употребуваат комбинации на ладни и топли бои за да добијат илузија на длабочина, далечина, близина, простор.
За почетник како мене, секоја слика е одраз на слободна волја, слободен одраз при сликањето и на крајот добивање на производ изработен пред се со љубов за лична потреба (изработена слика која ќе претставува украс во сопствениот дом или во домот на близок роднина, пријател ). Можеби ќе биде мал поклон за одреден повод, кој сакаме да го одбележиме.
Потребен прибор за сликање на платно
За ова задоволство, во почетокот, потребно ви е платно за сликање, боја (темпера,акварел,маслени бои) и четки за сликање. Денес сето ова можеме да го набавиме во специјализирани продавници каде ќе најдеме најразлични форми и големини на сликарски платна. Посебно внимание треба да посветиме на четките за сликање, бидејќи од нивниот квалитет зависи и нанесувањето на боите, како и самиот квалитет на сликата. Во консултација со стручни лица или пак лица вработени во овие специјализирани продавници избираме четки во повеќе дебелини. Секоја од нив има посебна намена ( за помала или поголема површина, за исцртување на линии, контури и сл.)
Сликањето на платно претставува големо задоволство при што во секоја наредна слика вметнуваме нешто ново, свое размислување. Внесуваме слободен ритам, кои пред се произлегува од нашето креативно размислување.
Понекогаш наместо со четка, бојата по платното може да ја разнесам и со сопствените прсти :), или пак со сунгер ако се работи за поголема површина.
Постапката на сликање е следна:
За да бидеме послободни, во почетокот, со молив го исцртуваме она што сакаме да го насликаме. Нанесуваме постепено боја и понатаму се си доаѓа само посебе. Чекор по чекор,постепено.
Оставам временски простор да подразмислам. Го поставувам платното пред мене и додека се насладувам со кафе или чај, моето око внимателно ја набљудува сликата, донесува заклучоци, пронаоѓа грешки кои треба да ги исправам се до моментот кога сум задоволна со она што го гледам пред себе, со мојата нова слика.
Можеби некој ќе се пронајде себеси во оваа техника,затоа испробајте и поиграјте се со четката и боите на платно.
Денес е еден прекрасен ден, Иванден. Честит празник на сите кои го празнуваат овој ден и да е среќно името на сите верници кои го носат ова име.
Пријатен ден :)
Baja svaka umjetnost je lijepa
super fontana nema govora!