Среќата е својствена на животот. Таа е дел од човекот, од неговите чувства и размислувања. Затоа е потребно да бидеме свесни за своите мисли, чувства и постапки кои ги имаме и ги развиваме во себе.
Таква порака ни носи и мудрата изрека:
„Какви ти се мислите, таков ти е животот!
Се што се случува околу нас, има повратно дејство.Она што секојдневно расте и се негува во нашите мисли, длабоко се всадува во нашата подсвест. И се додека дозволуваме негативните мисли да управуваат со нас, се дотогаш ќе ги затвораме вратите на позитивните случувања во нашиот живот.
Енергијата ги следи нашите мисли, ние сме тие кои одлучуваме која енергија ќе преовладува.
Позитивните мисли, афирмации, мудри изреки и цитати имаат големо влијание врз нашиот ум и мисли.
За ова биле свесни голем број на познати и непознати мислители, творци, писатели, кои зад себе имаат оставено голем број на позитивни мисли и размислувања.
Секојдневното конзумирање на овие мисли ја менуваат насоката на нашите мисли, а со тоа и насоката на нашиот живот, делуваат на нашата свест и подсвест во смисла на подигнување на нашиот дух и енергија, начин на размислување и делување.
Доволно е денот да го започнеме само со една позитивна мисла, афирмација која ќе се провлекува во нашите мисли през целиот ден и барем една позитивна мудра мисла, афирмација пред легнување, која длабоко ќе се всади во нашата подсвест.
Можеме да одиме дури дотаму, да избереме една позитивна мисла која не освоила и да ја напишеме на видно место, на кое погледот не нанесува кон неа со самото утринско будење.
Или пак да ја посетиме најблиската книжарница и да си дозволиме еден поклон – прекрасна тетратка, корици со тврд повез која би ја нарекле тетратка на среќата. Во неа секојдневно би можеле да внесуваме неколку нови позитивни мисли, афирмации, мудри мисли, искажани од познати и непознати мислители, дури и наши мисли. Со секое следно внесување на нови позитивни мисли се зголемува можноста за отварање на вратата на позитивните влијанија во нашиот живот, а со тоа се намалува можноста за впивање на негативните мисли и размислувања кои во минатото биле на некој начин наш приоритет.
„Активноста на умот не го краси човека ако не ја придружува правилноста на заклучокот “
Вовенарт
„Кога животот ќе ти создаде илјада причини за плачење, покажи му дека имаш илјада причини за насмевка“
Меша Селимовиќ
„ Не размислувај за она што го немаш. Размислувај за она што можеш да го направиш со она што го имаш“
Ернест Хемингвеј
„Кога вдишувам, јас го смирувам своето тело. Кога издишувам, се насмевнувам, живеејќи во сегашниот момент. Свесен сум дека тоа е прекрасен момент. Сегашниот момент е прекрасен момент“
Тич Нат Кан
„Ако вашата намера да пренесете енергија на љубов е искрена, не можете да промашите затоа што во суптилните области на свеста, намерата е еднаква на акцијата"
Леонард Ласков
„Не е важно многу да се мисли, туку многу да се љуби. Затоа правете го она што на најдобар начин ве потикнува на љубов“
Мајка Тереза
„За да можеме внимателно да ја сослушаме секоја нова вистина која ќе се укаже на нашиот пат, ќе го забавиме чекорот бидејќи само така ќе бидеме во состојба да ја забележиме секоја значајна средба што ќе ни се случи“
Џејмс Редфилд
„Не можете да се пронајдете себеси во минатото или иднината. Единственото место каде можете да се пронајдете е сегашниот миг“
Екард Тол
„Човековото однесување произлегува од неговите мисли“
Алфред Адлер
„Бавно одам но никогаш не одам наназад“
Абрахам Линколн
„Бидете секогаш верни на она што постои во вас“
Андре Гиде
Можеби би споделиле со нас мисли кои ве потикнуваат и влијаат позитивно на вашиот живот?
Кога животот не ти дава радост, но чувствуваш дека сакаш радост, тоа значи дека си духовно гладен.
Кога си духовно гладен, ќе јадеш духовна храна. Кога не си гладен нема да јадеш.
Петнаесет или дваесет години ти не обрнуваше внимание на духовниоот живот, затоа ако одеднаш се фрлиш сиот во морето на духовноста, нема да можеш да пливаш.
Не можеш да ја измениш својата природа преку ноќ.
Тоа треба да биде направено полека, сигурно и постепено.
Најпрвин движи се во водата и постепено ќе научиш како да пливаш.
Конечно ќе дојде време кога ќе можеш добро да пливаш.
Но, бидејќи имаш внатрешна глад, тоа значи дека си подготвен да почнеш да пливаш.