Savet zlata vredi ako je stigao u pravi čas i obično stigne sa mesta ili od coveka od koga to najmanje ocekujete a kako svaki covek resava na svoj nacin probleme nekada je potrebna samo rec ne teza od zrna peska da prevagne tas na dobru stranu i da kao vetrom biva odnesena sva tezina koja nas je pritiskala dok smo se osecali bespomocno nad necim.
Taj mali a zapravo veliki prakticni savet narocito u domacinstvu moze biti dragocen svakoj zeni koja voli ciste bele stolnjake, odecu bez fleka, preglednost sitnica u ladicama ali i svakom muskarcu koji sa ljubavlju neguje dom, okucnicu, alat, neke sanke ili bicikl, svoj ili deciji – radost je neizbezna.
Podelite sa nama vaše male tajne, sigurno će nekome biti velika pomoć.
Честопати се соочуваме со проблемот на сместување на бижутеријата и накитот кој го имаме. Безброј несесери насекаде и во моментот кога ни е потребно одредено парче, не знаеме каде точно сме го сместиле.
Парче стиропор, обложено со материјал по сопствен вкус е идеално за оваа работа. Сите менѓушки ќе се најдат на едно место, секогаш на дофат.
Ролна од сунѓер или било кој друг материјал одлично ќе послужи за сместување на нараквиците.
Се на едно место, уредно катче за младите девојчиња и збогум на безброј кутиички и несесери кои постојано ги преместувавме од едно на друго место.
На почетокот на школската година кога ги укоричуваме книгите, секогаш ни преостанува некој лист од мрсната хартија.
За да не ја оставаме напразно да стои по фиоките, можеме да ја искористиме во нешто корисно.
Полиците од витрините или висечките елементи од кујната, кој постојано бараат да ги одржуваме во чиста состојба, да ги обложиме со нив.
Испробајте, едноставно е, убаво на лик, практично и многу полесно за одржување.
Сите знаеме колку голема улога има телешкото месо, супата од телешка коска во нашата исхрана. Меѓутоа многумина не можат да го прифатат вкусот и мирисот, па честопати и го избегнуваат.
Но тоа може да се надокнади на следниот начин:
Во поголем сад ставаме поголема количина на телешки коски и малку телешка кртина. Сето ова го вариме подолго време и кога течноста е готова, ја процедуваме. Оставаме настрана да се олади и да се желира.
Во оваа состојба сварената течност ја сместуваме во фрижидер за длабоко смрзнување. Сега можеме слободно по малку да ставаме во секое јадење, без оглед што тоа не е подготвено со телешко месо и при тоа да не се чувствува промена на вкусот на јадењето.
Супата од варена коска е добра во исхраната на малите деца. На овој начин секогаш имаме на дофат подготвена супа, која можеме да ја користиме како додаток во јадењата кои ги приготвуваме за нив.
Понекогаш ве повикуваат на телефон и имате потреба веднаш да излезете од дома. Или пак планирате да бидете отсатни на неколку дена. Но во домот имате постари лица на кои им треба помош при земање на лекарствата.
Затоа, одвојте малку време во еден ден од неделата. Направете хартиени кесички, напишете го времето кога треба да се зема лекот и поделете ја терапијата во секоја кесичка посебно.
На овој начин во секое време ќе имате поделена терапија која е спремна за земање, ќе им олесните на постарите луѓе кои треба да ја земаат терапијата, но и вие ќе добиете слободен термин кој ќе го искористите за вршење на други работи во домот или надвор од него.
Доколку сакаме да подквасиме млеко во својот дом, еве еден практичен совет како тоа да го изведеме лесно, брзо и без размислување дека постапката нема да ни успее.
Најчесто млекото го квасиме во тенџерче, но доста практично е квасењето да се изведе во стаклени тегли од 1литар.
Свежо домашно кравјо или овчо млеко го вариме и го оставаме да се олади.
За да провериме дали е тоа подготвено за квасење , малиот прст од раката го потопуваме во млекото и броиме. Блага жештина треба да почувствуваме дури на бројот девет.
Тогаш ставаме една лажица кисело млеко во него ( подквасот може да го користиме од било какво кисело млеко кое ни се наоѓа во домот). Тенџерчето го заклопуваме или теглата ја затвараме со капаче и замотуваме во подебело ќебе, наменето за оваа постапка.
Доколку млекото го квасиме наутро, по неколку саати, а посигурно во доцните вечерни саати е веќе подвасено и можеме да го одмотаме садот и да го одложиме во фрижидер, подготвено за користење.
Доколку млекото го подквасиме потопло, тоа ќе биде ретко или ќе избие вода на површината, а доколку е многу оладено, тоа нема воопшто да се подкваси.
Овој трик за успешно подквасување на млекото, го користеле со години нашите мајки и баби кои секогаш во својот дом имале вкусно свежо домашно квасено млеко.
Доколку сте замесиле кифли, но прекратко ви е времето за нивно расукување, направете од тестото мали топчиња и поставете пред себе три или четири од нив.
Со сукалото поминете преку сите топчињата одеднаш и развлечете ги во должина. Засежете со нож во горниот дел и замотајте го тестото во вид на кифли.
На овој практичен начин,ќе го скратите времето на подготовка на кифлите.
Глицеринот (вискозна течност, без боја и мирис со сладок вкус и ниска токсичност) наоѓа широка примена во козметиката.
Се користи за нега на рацете, кожата на лицето, косата.
Се користи при изготвување на мелеми, како и домашни сапуни и креми.
Но глицеринот наоѓа примена и во одржување на домот, посебно за дрвените и кожени предмети.
Сипете капки од глицеринот на дрвената површина на вашата комода од дрво и со памучна или волнена крпа добро исполирајте. Дрвото ќе добие сјај.
Глицеринот создава заштитна површина која не дозволува да се таложи прашина по неа.
Доколку сакате да ги освежите филџаните за кафе кои најчесто ги користите во вашиот дом, да го вратат својот сјај, одвреме навреме ставете ги во поголем сад во кој ќе додадете прашок за перење на облека и оставете да вријат половина час.
Ставете ги настрана, водата да се олади до степен вашите раце да можат да ја поднесат топлината и протријте ги со сунгер. Потоа убаво исплакнете ги.
Оваа постапка можете да ја примените и кај приборот за јадење. Меѓуто треба да внимавате на матријалот од кој е изработен. Неквалитетниот прибор може да корозира.
На тавите за пржење, како и тавите за печење, при постојана употреба се наталожуваат мрснотии кои при обично миење на садови и во машина за садови не можат да се одстранат. Но доколку ги извриеме со прашок за облека, повторно ќе го добијат својот првичен изглед, ќе се освежат.
Големото пакување на свеж квасец е секако поисплатливо, а воедно во секое време имаме квасец на располагање во замрзнувачот.
Свежиот квасец внимателно го сечеме на помали парчиња (поголеми и помали)во зависност за која намена ќе биде употребен. Настрана подготвуваме парчиња од алуминиумска фолија, кој ќе ни користат за замотување на квасецот.
Секое парче го замотуваме со фолија. Оваа постапка може да ја изведеме и со друга хартија или најлон кеса, но фолијата е најпогодна за овој начин на пакување.
При сечењето секогаш се одронуваат помали парченца,кои ги соединуваме и формираме поголемо парче.
Откако ќе завршиме со постапката, парчињата ги сместуваме во пластична кутија и ги одложуваме во замрзнувачот.
На вака одложениот квасец во замрзнувач, го продолжуваме рокот на користење, за разлика од квасецот кои го чуваме во обичен ладилник.
По потребаа, го вадиме квасецот од замрзнувач и го оставаме одредено време на собна температура да се одмрзне. Потоа го користиме на ист начин како и секогаш за подготвување на вкусни пецива.
Доколку имате заостаната чипка која стои во вашите фиоки, бела или во боја по ваш вкус, би можеле да ја искористите практично и да ја поставите на предната страна на рабовите на полиците.
Истата можете да ја најдете во продавниците кои нудат работи за шиење и кроење или рачни изработки.
На пазарите, често наречени женски пазари ги среќаваме со различна боја, дебелина и шара.
Повичните во работа со игла за плетење можат сами да ја изработат. На интернет денес среќаваме безброј шеми, како и видеа кој ни нудат начин на изработка на чипкани плетенини.
За кој вид на чипка да се одлучите, таа ќе представува прекрасен украс на полиците за чаши и шољи за кафе и чај.
majra Malo posla - velika pomoć i ušteda
Bravo Niko, ovo je vrlo praktično, čak i kesice za jutro, podne i veče mogu biti u odredjenim bojama. Važno je samo da se adekvatno čuvaju prema preporuci na kutiji.
Iako u apotekama ima kutija za sedmodnevni raspored lekova, ovo je zaista ušteda u kućnom budzetu. Svakako je bolje kupiti voće, a kesice napraviti i uz nužan OPREZ ih držati na pogodnom i bezbednom mestu - i za lek i za decu!