Tumacenje snova je ozbiljan posao. To definitivno nije nesto sto se olako tumaci uz pomoc tamo nekakvih sanovnika. Svi ljudi na planeti sanjaju, iako se mnogi ne secaju snova. To je normalan proces i predstavlja komunikaciju sa nasim unutrasnjim bicem.
Neki to zovu "Jastvo". Jastvo je ono sto smo mi zaista u sustini, ono sto je nase istinito "ja". Ono sto smo mi spolja, to je ono sto je nauceno u ovom svetu. Cak i nase svesne misli, cesto su samo deo naucenog ponasanja. Jastvo je nas vodic. On nas podrzava, upozorava, ohrabruje i savetuje. Cesto se to zove i intuicija. Ljudi koji imaju izrazeniju intuiciju imaju bolju komunikaciju sa jastvom.
Jastvo je u stvari nesvesni deo nas. On sa nam moze da komunicira i preko snova. Mislim da ljudi koji se ne secaju snova ili misli da ne sanjaju imaju "blokade" koje su oni sami izazvali ne zaleci da "slusaju " jastvo. Cesto radimo stvari protiv sebe, jer nas na to tera mama, tata, sef, drustvo, okolina uopste. Jednom kada udjemo u zacarani krug, mi zaboravljamo koje su zapravo bile nase istinske zelje i ne zelimo vise da priznamo sebi da je ono sto radimo ustvari nesto cime uopste nismo zadovoljni.
Ubedjujemo sebe de je to sto radimo dobro, da je to zbog ovog ili onog i time sve vise i vise potiskujemo naseg drugara Jastvo. Jastvo se prosto povlaci u nemogucnosti da dopre do nas.
Rad na snovima zahteva vreme. Treba vremena da se nauci jezik snova. Sve je u simbolima i za svakog od nas snovi su drugaciji. Mnogi simboli za ljude mogu biti isti, kao na primer Sunce, hrana, kuca i sl. Negde sam vec pisala o tome. Oni drugi, licni simobli razlikuju se iz prostog razloga jer nemamo svi isto misljenje o svemu. Ako ja na primer ne volim macke, a neko drugi ih obozava, a sanjmo ih oboje, tumecenje ce za mene biti nesto negativno, a za ovog drugog nesto pozitivno.
Prica koju jastvo sastavi, za mene je neverovatna, prosto kao neka bajka. Kada bismo namerno smisljali takvu pricu, ne bismo mogli toliko autenticno da je predstavimo.
"Sta znaci kad sanjam ovo ili ono..." prosto nije dovoljno. Da bi se san protumacio, pored simbola, potrebno je poznavati osobu kojoj se san tumaci. Snovi su vezani za nasa iskustva. Najbolje je kada sami svoje snove tumacimo. To nekad zna da bude tesko, jer je tesko biti objektivan.
U tu svrhu, ako neko zeli dublje da se bavi snovima, toplo preporucujem knjigu "Covek i njegovi simboli" - Karl Gustav Jung.
Knjiga opisuje nacin na koji se tumaci simbolizam snova i postoje brojni primeri snova i njihovo tumacenje. Jung je ceo svoj zivot posvetio tome i on je zapravo nastavio svoje istrazivanje na osnovu Frojda, istocnjackih religija i meksickih samana.
Smatram da je knjiga sjajna i vreda citanja. Odlicno je zapisivati svoje snove i pratiti ih.
Cao bubastra!
Mozes li mi reci koje godine je knjiga izasla od Karl Gustav Junga? Nasla sam mnoge koje su joj slicne, ali taj prevod sto si napisala nisam nasla.
Ako mozes da mi napises koje godine je ta knjiga sto si navela za tumacenje snova.
Zahvaljujem unaprijed!
:) :) :)
Stvarno ne znam koje godine je knjiga izdata. Mozda da pogledas na internetu. Mislim da to nije ni vazno posto je knjiga autenticna. Ovo je naziv na engleskom,mozda ti to nesto pomogne
Prevod dela: Man and His Symbols / C. G. Jung
za clanove foruma smo obezbedili par jungovih knjiga na engleskom
pogledajte www.inter-caffe.com/lista-148.html
nekoliko njih se zalilo da ne moze da nadje ovu knjigu. evo sajta gde mozete vise informacija da nadjete:
naisao sam vam nesto na http://books.google.com/ ako niste vec videli ali sve na engleskom. sta je tu je, bolje nema.
Dreams By Carl Gustav Jung
http://books.google.com/books?vid=ISBN0415267404&id=SWvdQyo_ZX0C&printsec=frontcover
The Earth Has a Soul: The Nature Writings of C.G. Jung By Carl Gustav Jung
http://books.google.com/books?vid=ISBN1556433794&id=3vOcagz5Gn4C&printsec=frontcover
Four Archetypes By Carl Gustav Jung
http://books.google.com/books?vid=ISBN0415304415&id=gQi4MeBm6tcC&printsec=frontcover
A Dictionary of Dream Symbols: With an Introduction to Dream Psychology By Eric Ackroyd
http://books.google.com/books?vid=ISBN0713723637&id=ycuebu32OcMC&printsec=frontcover
Carl Gustav Jung: Critical Assessments edited by Renos K. Papadopoulos
http://books.google.com/books?vid=ISBN0415048303&id=yo9_CRwmDGoC&printsec=frontcover
a ima i ove neke ako nekog zanima:
10 Steps to Success in Love and Marriage: Self-help Secrets for the Smart Lover
http://books.google.com/books?vid=ISBN0974216402&id=nc5qoUZAPYUC&printsec=frontcover
Becoming a Better Lover: The Complete Guide to Life and Marriage By Cyndi O'Bannon
http://books.google.com/books?vid=ISBN0595338674&id=gyJVWh32yv0C&printsec=frontcover
За книгата Човекот и неговите симболи, единствена и многу важна книга, Џон Фридман вели:
Ова дело на Карл Густав Јунг, еден од најголемите лекари на сите времиња и еден од најголемите мислители на овој век, е напишана со цел да им помогне на мажите и жените да се спознаат себеси, за да можат преку тоа спознание и со смисловна употреба на самите себеси да живеат исполнет, богат и среќен живот... Пред самиот крај на својот живот, што бил поисполнет, побогат и посреќен од сите луѓе што сум ги запознал, реши да ги употреби последните сили што му останаа за праќање пораки до најшироката јавност до која порано посакувал да допре. Својата задача и својот живот ги заврши истиот месец.Во оваа книга, може да се каже дека се наоѓа целата суштина на животната филозофија на К.Г.Јунг. Човекот станува целосен, интегриран, смирен, плоден и среќен кога (и тоа само кога) процесот на индивидуализација е завршен, кога свесното и несвесното научиле да живеат во мир и да се надополнуваат едно со друго. Како што истакнува д-р Фопн Франц, не постои типична јунговска анализа, зошто секој сон е лична и индивидуална порака и не постојат два сона што користат на ист начин симболи на несвесното. Така секоја јунговска анализа е единствена.
Според Карл Г. Јунг, човекот не осознава се во целост. Неговиот вид, слух, чувството за допир пред се зависат од квалитот на неговите сетила. Некои недостатоци се надополнуваат со одредени инструменти или апарати, но и најсовршениот апарат не може да направи чудо, освен мало подобрување. На пример, слабите звуци да се засилат или пак да се прошири досегот на видот со помош на двоглед.
Но постојат и несвесни аспекти перцепцијата на реалноста. Одредени сетила реагираат на одредени звуци кои се пренесуваат од подрачјето на реалноста во подрачјето на духот.
Одредени настани пак, на кои свесно не сме обрнале внимание, остануваат пред прагот на свеста. За нив можеме да станеме свесни само преку интуицијата или преку длабоко размислување. Тие настани покасно извираат од несвесното како одредена дополнителна мисла. Оттаму Јунг донесува заклучок според кој несвесниот аспект на секој настан се открива во соновите, но не како мисла туку како симболичка слика. Оттаму и проучувањето на соновите им овозможува на одредени психолози да го истражуваат несвесниот аспект на свесните психички настани, според кои се јавува постоење на две личности во една индивидуа. Од овие истражувања произлегува и сознанието дека модерниот човек страда од поделена личност. Тоа не претставува патолошки симптом, напротив тоа е нормален факт кој се забележува во секое време и на секое место.
Додека Зигмунд Фројд прв ги применува „слободните асоцијации“ (состојба кога при олабавено расположение една мисла води кон друга и дури може да поттикне стари сеќавања и мисли кои личноста свесно ги има заборавено ), Карл Јунг има на ум подалекусежна цел од откривање комплекси што може да предизвикаат и невротични немири. Според него, да се запознае и свати психичкиот животен процес на една личност, важно е да се свати дека неговите соништа, слики и симболи имаат важна улога во сето тоа.
„Човекот може да постигне целост на своето несвесно сознание, што го добива преку соновите и нивните симболи. Секој сон е директна, лична и значенска порака до сонувачот – порака што ги употребува симболите што му се заеднички на целото човештво, но што ги употребува секогаш на индивидуален начин што може да се толкува со индивидуален „клуч“.
(Карл Г. Јунг)
Карл Г. Јунг во својот пристап на соништата се отповикува на две темелни точки:
- Сонот се третира како факт за кои не смее да има претходни претпоставки, освен дека на извесен начин има некаква смисла
- Сонот е специфичен израз на несвесност.
Поврзаноста на свесното и несвесното Карл Јунг ги пренесува преку пример: Сакате да претставите одредено лице, да го кажете неговото име, но настанува блокирање и вам не ви текнува името на тоа лице. Тоа не значи дека мислата престанала да постои. Едноставно за момент е подалеку од нашиот видокруг Во истиот момент мислата станува несвесна и се одвојува од свеста и покасно повторно се среќаваме со неа.
Заборавените мисли се присутни секогаш под прагот на сеќавањето од кое спонтано можат да излезат во секое време.
Во друг пример на Карл Г. Јунг, професор шетајќи со својот ученик низ природа, забележува дека мислите му ги прекинува наплив од спомени од раното детство. Осврнуваќи се во околината согледува фарма која ги предизвикува неговите фантазии, бидејќи во младоста живеел на фарма на која се одгледувале гуски, а нивниот карактеристичен мирис оставил траен но заборавен впечаток, кој во тој момент повторно се буди и враќа во сеќавањата.
Значи постојат многу причини зошто одредени настани, случувања ги забораваме. Но постојат и повеќе начини истите да ги вратиме во нашето сеќавање – „ скриено сеќавање“. Пример за тоа е некоја напишана содржина, која во себе содржи делови од веќе напишано дело на друг автор. Може да се случи тоа дело истиот да го нема и прочитано. Јунг тоа го нарекува вистинско, несвесно сеќавање, кога одредена мисла или слика се преселува од несвесниот во свесниот дух. Примери од сето ова среќаваме во секојдневниот живот. Многу уметници, филозофи, научници ги должат своте најдобри идеи на инспирацијата која излегува од несвесното.
Германскиот хемичар Кекуле (19 век ), истражувајќи ја молекуларната структура на бензолот, сонил змија со опашка во устата. Тоа е прастар симбол од еден грчки ракопис од 3 век пр.н.е. За него сонот значел дека структурата е затворен јаглероден прстен исто како на страната на неговата книга – „Учебник по органска хемија“ (1861).
Секои поим во нашиот свесен дух има сопствени психички асоцијации, кои се разликуваат според релативната важност на поимот за нашата личност, како и според другите идеи и комлекси со кои е поврзан во нашата несвесност. Во сликата „ Времето е река без брегови“ од Марк Шагал, асоцијацијата на ликовите – риба, виолина, часовник, љубовници, ја изразуваат сета необичност на сонот. Предметите од секојдневието можат да добијат големо психичко значење во сонот. Искуствата од секојдневието можат да создадат слики во сонот, кои се многу поживи и поживописни.
Споредбите на Карл Јунг, помеѓу модерниот и примитивниот човек се суштински за разбирање на човековите склоности да создаваат симболи, како и за сваќање на улогата што соновите ја имаат. Тој смета дека многу сонови даваат слики и асоцијации што се аналогни на примитивните идеи, митови и обреди. Но асоцијациите и сликите можат да се јават кај секого, без оглед на неговиот степен на интелегенција и образование. Всушност „историските“ асоцијации се врска помеѓу рационалниот свет на свеста и светот на инстинктот.
Пораките од несвесното имаат многу поголема важност отколку што мислиме. Во животот постојат најразлични влијанија врз нас. Некои луѓе не депримираат, додека некои не стимулираат, со што нашата свест е изложена на сите тие влијанија без да може да се одбрани. Тоа посебно се однесува на лица кои имаат чувство на инфериорност и сомневање во однос на сопствената најдлабока личност. Задача на соновите е да се обидат повторно да ја вратат психолошката рамнотежан но на еден суптилен начин. Јунг вели дека сонот ги надоместува недостатоците на нивната личност, предупредува за опасностите во секојдневното однесување. Тие понекогаш може да најават одредени ситуации, многу време пред да се случат. Многу кризи во животот на една личност имаат своја несвесна историја. Така, она што го гледа свесно, го согледува несвесноста и преку сонот таа известува.
Постојат сонови и симболи кои се јавуваат често, како летање, паѓање, прогонување од опасни животни или непријатели, борење со оружје, напорно трчање и др. Но постојат и сонови кои се провлекуваат од детството до доцните години на зрелата доба. Според Јунг, овие сонови најчесто компензираат некој недостаток во ставот кон животот на сонувачот или можат да потекнуваат од некој трауматичен миг што оставил зад себе некоја посебна предрасуда. Дури може да предвиди и некој важен настан.
Со години сонував еден мотив во кој „откривав“ еден дел од својата куќа, за кој знаев дека не постои. Понекогаш тоа беше станот во кој живееја моите одамна починати родители, во кој таткоми за мое изненадување имаше лабаратотија, каде ја проучуваше компаративната анатомија на рибите, а мајками водеше хотел. Обично тоа непознато крило за гости беше древна историска градба, одамна заборавена, а сепак мој наследен имот. Во него имаше стар интересен мебел и кон крајот на таа серија открив една стара библиотека со книги, за мене непозната. Најпосле, во последниот сон, отворив една книга и во неа најдов изобилие од најчудесни симболични слики. Кога се разбудив, срцето силно ми чукаше од возбуда. Извесно време пред да го сонувам и поседниот сон, му нарачав на продавачот во антикварницата една класична компилација на средновековните алхемичари. Најдов еден цитат во литературата за кој мислев дека можеби има некаква врска со раната византиска алхемија и сакав да го проверам тоа. Неколку недели по сонувањето на непознатата книга пристигна пратка од антикварницата. Во пратката имаше еден пергамент од шеснаесетиот век. Беше илустриран со фасцинантни симболички слики кои веднаш ме подсетија на сликите од мојот сон. Бидејќи повторното откривање на принципите на алхемијата стана важен дел од мојата работа како пионер во психологијата, мотивот што се повторуваше во соноот можеше лесно да се разбере. Куќата несомнено беше симбол на мојата личност и на свесното поле на нејзиниот интерес, а непознатиот додаток претставуваше предвидување на новото поле на интерес и истражување за кое мојот свесен дух не беше свесен во тоа време. Тоа се случи пред 30 ( триесет ) години и оттогаш никогаш повеќе не го сонував тој сон.
(Карл.Г. Јунг)
Честопати Карл. Г. Јунг го поставува прашањето: „Која е разликата помеѓу знакот и симболот?“ Според него, симболите се природни и спонтани продукти и секогаш значат нешто повеќе од очигледното и непосредното значење. За разлика од знакот кој е секогаш помал од поимот кој го пртставува, симболите во сонот се јавуваат спонтано бидејќи таму тие се случуваат, не се измислени. Симболите се јавуваат и во сите видови психички манифестации.Јунг вели дека дури и неживите предмети соработуваат со несвесното. Пример за ова дава преку многубројните приказни за часовниците кои запираат во одреден момент кога настапува смртта, како што е часовникот во палатата Фридрих Велики во Сансуси. Тој запрел да работи кога умрел императорот. Овие појави треба да послужат како доказ за нивната психолошка важност.
Но покрај индивидуални (по својата природа), постојат и колективни слики. Воглавно тоа се религиозните слики кои верникот претпоставува дека се откровение за човекот. Според Јунг тие всушност се „колективни претстави“ кои потекнуваат од исконските сонови и творечки фантазии, односно несмислени спонтани манифестации, а не намерни изуми.
Техниката на анализа на соновите не може да се научи и применува преку свои правила, зошто таа е дијалектичка размена меѓу две личности. Јунговата теорија смета дека ако анализата се прави механички, тогаш се губи индивидуалната психичка личност на сонувачот, а терапевтскиот проблем се сведува на прашањето: Кои од двајцата – аналитичарот или сонувачот ќе го надвладее другиот? Затоа Јунг се откажува од лекување со хипноза и тој настојува оздравувањето да произлезе од самата личност на пациентот, а не сугестиите кои имаат минлив ефект. Со тоа се задржува и зачувува достоинството и слободата на пациентот за да го живее својот живот според своите желби.
Понатаму Јунг истакнува дека пред да се изгради општа теорија за човекот и неговата психа, потребно е да се научи многу повеќе за индивидуалното човечко битие, бидејќи многу нешта зависат од неговите духовни и морални квалитети. Индивидуата е единствена реалност.
Анализирајќи ги типовите на личностите, Карл. Г. Јунг наведува дека и покрај тоа што соновите бараат поединечно разгледување, потребно е да се класира и појасни материјалот кој психологот го има проучувајќи ја индивидуата. Секоја општа карактеристика може да се избере како основа. На пример, може да се направи разлика помеѓу екстровертни и интровертни личности.
Подлабоката анализа доведува до конфронтација на двете индивидуи. Ако двајцата припаѓаат на ист тип личност, тогаш можат да пловат заедно долго време. Ако едниот е екстроверт, а другиот интроверт, нивните ставови се судираат, доаѓа до недоразбирање, бидејќи она што е вредно за едниот не е вредно за другиот. Значи при толкување на соновите потребно е да се земат во предвид разликите на личностите, односно дали тие се спротивни, хармонични или комплементарни.
Екстравертност и интравертноста се само две од многуте особености на човекот и неговото однесување. Тие се често очигледни и лесно препознатливи. Затоа Карл Јунг се обидува да открие и други основни особености кои истотака би помогнале при толкување на соновите. Тој со факти наведува дека постојат индивидуи кои не го користат умот, ако постои можност тоа да се одбегне, како и многу интелегентни и будни луѓе никогаш немаат научено да ги користат своите сетилни органи. Живеат но без да бидат свесни за состојбата на своите тела. Постојат и такви кои немаат никаква имагинација во чиј свет не постојат прилики и можности, а иднината е само повторување на минатото.
Луѓето кој го користат својот ум, според Јунг се оние што мислат. Во приспособувањето кон луѓето и околностите ја употребуваат својата интелектуална способност, дури пак интелегентните луѓе што не мислат својот пат го бараат и наоѓаат со чувствување. Јунг, го употребува зборот „чувство“ кога се работи за „сентимент“ (од францускиот збор sentiment), како и за дефинирање на некое мислење или пак да се изрази одредена интуиција. Кога Јунг го употребува зборот „чувство“ како спротивно на зборот „мислење“, мисли на процена на вредноста, пример – пријатно или непријатно, добро или лошо и др. Чувството според него е рационална (организирачка) функција, додека интуицијата е ирационална (согледувачка) функција.
Значи сензацијата (сетилната перцепција) покажува дека нешто постои, мислењето покажува што е тоа, чувството кажува дали е тоа пријатно или не, а интуицијата ви покажува од каде тоа доаѓа и каде оди.
Овие четири критериуми на типовите на човечкото однесување се само четири гледишта покрај другите како што се моќта на вољата, темпераментот, имагинацијата, памтењето и тие одговараат на очигледните средства со кои свеста се ориентира кон искуството. Посебно се корисни и Карл Јунг ги користи кога треба на децата да им се објаснат и опишат нивните родители, на жените нивните мажи и обратно, како и за сваќањето на сопствените предрасуди.
Своето гледиште за овие четири критериуми на типови на човечко однесување Карл Јунг го пренесува преку „компасот“ на психата, свој начин на гледање на луѓето општо. Секоја точка на компасот има своја спротивност.
За мисловниот тип „чувствената“ страна ќе биде најмалку развиена. „Чувството“ тука значи способност да се измери и процени искуството без да е потребна анализа или образложение „зошто“. Во секоја индивидуа постои поклопување кај „сензитивна“ личност, мисловната или чувствителната страна може да бидат речиси исто толку силни, а „интуицијата“, спротивната ќе биде најслаба.
Карл Јунг донсува заклучок дека со помош на соновите (вклучувајќи ги и сите видови интуиција, импулси и др. спонтани настани) инстиктивните сили влијаат врз дејствувањето на свеста. Дали тоа влијае на подобро или полошо зависи од реалните содржини на несвесното.
Повеќе од половина век Карл Јунг поминува во истражување на природните симболи и тој доаѓа до заклучок дека соновите и нивните симболи не се бесмислени. Тие ги даваат најинтересните информации на оние што се обидуваат да ги разберат нивните симболи.
Во историјата на човекот, кога целата расположива енергија се троши на истражување на природата, многу малку внимание се посветува на суштината на човекот, на неговата психа.
Вистинскиот сложен и непознат дел на духот, оној дел од кој се создаваат симболите е сеуште неистражен. Иако секоја ноќ добиваме симболи, одгатнувањето на тие пораки им се чини здодевно на луѓето (освен на мал број од нив).
За човечката психа се размислува најмалку, често се сомневаме во неа и ја презираме. Јунг се запрашува, од каде таа предрасуда? Очигледно сме толку зафатени со прашањето за тоа што мислиме и сме заборавиле да ја прашаме несвесната психа што мисли за нас.
Според Јунг, нашето вистинско знаење за несвесното, покажува дека тоа е природен феномен и дека како и самата природа е најмалку неутрален. Тоа ги содржи сите аспекти на човековата природа – весели и мачни, убави и грди, добри и лоши, проникливи и глупави. Првите резултати во проучувањето на индивидуалниот и колективниот симболизам се охрабрувачки и покажуваат одговор на голем број неодговорени прашања на денешното човештво.
(Од книгата „Човекот и неговите симболи“ од Карл Густав Јунг.)