Većina nas je proizvod našeg naučnog nasledja, način na koji smo naučili misliti i mnoge od naših samodefinicija se baziraju na istim naučnim modelim kojima se fizičari koriste da bi opisali fizički svet, metodama koje se temelje na skladu izmedju matematičkog i eksperimentalnog dokaza. Kada nisu u skladu traži se nova teorija sve dok se ne dobije suglasje i egzaktan dokaz za objašnjenje nekog fenomena. Ovo je naučni metod učinilo moćnim orudjem i dovelo do sjajnih otkrića kao sto je električna energija ili korišćenje subatomskih fenomena u medicini, na primer tomografija, laser, X-zraci.
Napretkom našeg znanja otkrivaju se novi fenomeni, postavljaju se nove šire teorije koje se temelje na prethodnom znanju i kada se usklade matematički i eksperimentalni dokazi mi ih prihvatamo kao nove fizičke zakone. Proces pronalaženja novih puteva u opisivanju fenomena uvek je taj koji proširuje i naše vidike. Mi ih uklapamo u naše svakodnevne živote i počinjemo ih posmatrati na drugaciji način. Naučni pogled na stvarnost podržava ideju o tome da smo sastavljeni od energetskih polja i, u biti, ide dalje u područje koje smo tek počeli spoznavati a to je holografski pogled na svet. U tom svetu sve stvari su medjusobno povezane što odgovara holističkom doživljavanju stvarnosti.
Ako posmatramo sveću koja gori možemo li reći gde počinje svetlost, a gde zvrašava plamen? Prema zakonima fizike, nema ograničenja za svetlo sveće; ono odlazi u beskonačnost. Gde je, dakle naša krajnja granica? Da li je "širina" naše pojedinačne svesnosti jedina granica koja ne dozvoljava da uočavamo energetske fenomene oko ljudskog tela? Najčešće nas ove informcije ne intrigiraju dok smo očuvanog zdravlja.
Svaka bolest bez obzira da li je psihička ili fizička nas vodi na novi put samoistraživanja i otkrića koja najčešće kroz preobražaj svesti u potpunosti promeni naš zivot. Često svako od nas u kontaktu sa drugom osobom ima perceptivni doživljaj i pre no što razmenimo reči, ne retko imamo dozivaljaj koji kasnije deklarišemo u žargonu: "ima fluid" ili "uh, kako mi ne prija prisustvo..."
Da li je to informacija o energetskom polju i njegovom odnosu ka nama?! Polje aure – fenomen koji mistici tako dugo opisuju... ali šta on ima sa nama, gde se uklapa u naš život, i koja korist od njega, ako je uopšte ima?
Na ovom mestu želimo razmenuti saznanja i iskustva i pokušati pružiti teoretski okvir za fenomen energetskog polja, što nas dovodi i do pitanja: šta je zdravlje, i ko je zaista lekar?
Da parafraziram Šekspira, "Ima još stvari izmedju neba i zemlje nepoznatih čoveku."
Терапијата односно лекувањето со бои има значајно место во дејствувањето врз психофизичкото здравје на човекот. Уште во древните цивилизации: Египед, Кина, Индија, Персија било познато лечењето (терапиja) со бои. Се сметало дека тие воспоставуваат рамнотежа на душата и лечат голем број на болести.
Има податоци дека во египетските храмови се наоѓале простории на чии зидови се рефлектирале спектар бои, кои се добивале од прекршувањето на сончевите зраци. Во тие простории египетските лекари ги бањале и исцелувале болните. Египјаните знаеле дека поминувањето на сончевите зраци низ стаклото, ја менуваат структурата на водата и нејзините енергетски својства.
И современата наука ја подржува терапијата со боите.Според неа, како што на организмот му е потребен одреден вид на храна, така и на мозокот му се потребно одреден вид на бои. Некои научни испитувања потврдуваат дека нашиот нервен систем реагира не само преку центарот за вид, туку и преку мозочните центри и делови од нервниот систем. Некои експерименти кои се изведени, покажуваат дека одердени бои делуваат на чувството за топлина, на концентрацијата, памтењето и сл.
Дејство на боите
Дејството на боите пред се е индивидуално. Затоа е потребно да ги разгледуваме боите во нашето опкружување и постепено да согледаме како тие делуваат на нас. Така од сопственото искуство,можеме да научиме и прецизно да ги избираме боите, било тоа да е при средување на просторот во станот или пак облеката која ја носиме.
Црвена боја – виталност,сексуалност,живот, сила,моќ...
Црвената боја, влијае на крвта, создава топлина, го стимулира создавањето на црвените крвни зрнца.Помага во одржување на здрава боја на кожата. Ја зголемува внатрешната енергија, либидото и сексуалноста. Делува оптимистички и поттикнува на акција.Ја зголемува енергијата и температурата на телото. Го зголемува нискиот крвен притисок. Бидејќи ги опушта мускулите, црвената боја се користи во лекување на парализа.
Црвената светлост предизвикува емоционална возбуда, го зголемува пулсот, електричниот отпор на кожата како и ја зголемува електричната активност на мозокот.
Професор Ник Хемфри од Универзитетот во Кембриџ
Доколку постојано ви се дреме, ако брзо се замарате, во непосредна близина чувајте постојано црвени ружи, слика со црвени тонови, црвена папка, бидејќи тоа ќе ви го подобри расположението и ќе ви ја зголеми работната способност. Меѓутоа, не треба да претеруваме со црвената боја Посебно не треба да ја користат луѓе со психички и емоционални пореметувања, бидејќи претераната употреба на црвената боја може да предизвика раздразливост и зголемување на крвниот притисок.
Портокалова боја – радост, среќа,независност, безгрижност.
Портокаловата боја ја отклонува депресијата, ги стимулира менталните процеси, го зголемува нискиот крвен притисок, ја подобрува потенцијата, бидејќи дава сила и енергија на половите органи. Со нејзина помош може да се победи заморот, грижите, стравот.
Се користи во терапиите при болести на органите за варење, бубрезите, бешиката Ја поттикнува работата на надбубрежната жлезда.Оваа боја е боја на акција, ентузијазам и затоа помага да се обнови животната енергија. Посебно со оваа боја треба да бидат опкружени пациенти кои имаат проблем со ендокрината жлезда, белите дробови и срцето. Исто така благотворно делува кај жените во менопауза, бидејќи ги доведува хормоните во рамнотежа.
Жолта боја – рамнодушност, непристрасност, интелект, мисловност.
Жолтата боја го подобрува протокот на енергија во организмот.Дава енергија на мускулите, помага кај ревматски промени ( ја намалува количината на калциум во зглобовите).
Бидејќи асоцира на сонце, позитивно делува на целиот систем за варење. Жолтата боја го прочистува организмот од отрови, го зголемува лачењето на желудниковиот сок. Се смета дека го јакне централниот нервен систем, го поттикнува центарот за говор, ослободува од лоши мисли. Исто така помага за побрзо усвојување на одредени информации и ја зголемува љубопитноста. Ова е боја на енергични луѓе и корисна е кај недостаток на самоувереност или срамежливост. Зголеменото изложување на оваа боја, предизвикува прекумерно излачување на жолчни киселини во цревата.
Зелена боја – складност, рамнотежа, стабилност, симпатија...
Зелената боја делува смирувачки врз умот и создава состојба на свежина. Го прочистува организмот од отрови, делува против инфекции, помага кај срцеви заболувања. Ги одмара очите, делува против алергиски.
Оваа боја е најхармонична и најурамнотежена боја во спектарот од бои. Таа е и боја на љубовта, како и на останатите емоции. Ако сакате да се ослободите од негативни чувства, бурни животни ситуации бидете опкружени со неа. Таа претставува и слобода, дружење,ослободува од стрес, воспоставува стабилност. Ако е потребно да донесете некоја значајна одлука, корисно е да го зголемите присуството на оваа боја. Доколку се колебате или двоумите, затворете ги очите и замислете си ја зелената боја.Зелената боја помага и кај клаустрофобијата (страв од затворен простор), бидејки истата симболизира пространство. Помага во лечење на болести на срцето, го стабилизира крвниот притисок и ги смирува нервите. Оваа боја треба да ја избегнуваат трудниците.
Светлосина боја – слобода, чистина, мир...
Светлосината боја го смирува телото и умот, го зголемува имунитетот, ја намалува нервната напнатост. Благотворно делува на работата на штитната жлезда, ги намалува последиците од стрес, грижи, напнатост, а може да го намали и крвниот притисок. Делува позитивно врз заболувања на црниот дроб.Оваа боја носи мир и задоволство, опуштеност. Оние кои патат од несоница, треба во спалната соба да имаат ламба со светло син абажур. Светлосината боја делува и против запаленија, инфекции,сепса.
Темносина боја – релаксација, инспирација, посветеност, мир, спокојство, благост...
Темносината боја го намалува високиот крвен притисок, го смирува стравот, срцебиењето (аритмија). Посебно се препорачува на жени кои имаат проблеми со нередовна менструација и жени во менопауза. Темносината боја позитивно делува на кичмениот столб, мозокот, очите и носот. Оваа боја се издвојува од сите бои како најефикасен ублажувач на болки. Ги намалува последиците од загаденоста во воздухот, водата, храната како и кај негативните вибрации кои се јавуваат во подсвеста. Помага и кај запаление на синуси, бронхитис, астма, лумбаго, мигрена, егзема, бубрези и др.
Виолетова боја – духовност, достоинство, поштување, надеж...
Виолетовата боја помага кај депресија, безнадежност. Ја зголемува интуицијата, ги смирува нервите и ги одмара очите. Оваа боја ја зголемува и креативноста. Помага кај мигрена, го зголемува имунитетот, делува на хипофизата. Лечи ишијас и ја нормализира работата на лимфниот систем. Но сепак мора да се користи внимателно бидејќи во преголеми дози може да предизвика депресија. Затоа не се користи во терапиите кај лечење на децата.
Виолетовата боја е боја на космичка свест и помага во зголемување на духовната свесност. Предизвикува чувство на леснина во организмот.
Користена литература: „Биље, здравље“ и „Јога-здравје и хармонија“
Napomena: uvod dopisala majra