Сосот е густ, течен или полутечен додаток или прелив на соленото јадење и десертот, со освежителен и пикантен вкус. Може да се послужи и како главно јадење со зеленчук или компир.
Сосот може да има солен, лут или сладок вкус, а состојките и зачините кои се употребуваат при негова подготовка одредуваат на кое јадење сосот ќе биде прилог.
Не само што му дава подобар изглед, сосот и го подобрува вкусот на јадењето. Со него и обичното јадење или десерт добиваат дополнителен привлечен вкус.
Одредени сосови го забрзуваат метаболизмот и помагаат при диети за намалување на килограмите, се разбира доколку не се претера со главното јадење. Некои од сосовите го подобруваат апетитот. Тие истотака потикнуваат лачење на сокови кои подпомагаат за подобро варење на храната.
Името го добива од францускиот збор sauce (sos), кои потекнува од латинскиот salsus – засолено, солено, што означува додаток кој храната ја чини попривлечна, повкусна.
Секој сос има вкус специфичен за поднебјето каде се конзумира.
Мексичките сосови се доста вкусни, но за нас можеби премногу зачинети, јаки и лути.
Индијците за сосовите кои ги подготвуваат најчесто користат состојки и зачини кои се вбројуваат во групата на здрава храна. Во Италија најчесто подготвувани се сосовите кои одат во прилог со тестенини.
Сосот се подготвува лесно , брзо и обично состојките за неговото подготвување веќе ги имаме во својата кујна.
Современиот начин на живеење ни наметнува индустриски подготвени сосови, но сепак сосот подготвен во домашни услови секогаш е повкусен.
Во некои записи се наведува дека сосот се користи во кујната уште од 200 година пр.н.е, но вкусот и начинот на подготовка со тек на времето е комплетно променет.
Послужување на сосот и преливот
Сосот вообичаено се послужува во посебни здели, садови наменети за сосови, плитки, длабоки, со повеќе прегради за неколку вида на сос. Но тој може да биде послужен и во чинијата, заедно со јадењето. Прелив се прелева одозгора преку месото, рибата или подготвениот десерт.
Според вкусот или според неговата намена, сосот се послужува топол или ладен, се во зависност со кое јадење се комбинира. Некои видови на сос се подготвуваат пред самото послужување, додека има сосови кои можат да се подготват однапред и до неговото послужување да одстои во ладилник. Има и такви сосови кои може да се пастеризираат во тегли и нивниот рок да се продолжи.
Секој почеток е тежок велат, но штом се усовршиме во неговата подготовка, ќе можеме да подговуваме сосови кои ќе ги прилагодиме на вкусовите на членовите на фамилијата. Сами ќе одредуваме кои зачини одговараат за нашиот вкус, а кои не.
При подготвување на сосовите, треба да обрнеме внимание на оние кои се подготвуваат со путер, да бидеме побрзи при негово растопување да не дојде до негово прегорување, кое секако ќе доведе до менување на неговиот вкус и квалитет.
Пробајте, експериментирајте и накрајот уживајте во вкусовите на подготвените сосови, послужени со солени и слатки јадења.
За подготовка на овој сос потребно е:
Краставичките ситно ги сецкаме и го цедиме сокот од нив. Лимонот го цедиме. Магдоност ситно го сецкаме (може и сушен магдонос).
Мајонезот го ставме во сад. Ги додаваме краставичките, 30мл од лимоновиот сок, белото вино и исецканиот магдонос. Посолуваме по вкус. Смесата убаво ја промешуваме, состојките да се соединат.
Тартар сосот може да го послужиме со похуван кашкавал, похувани печурки, шницла, помфрит и друго според желба и вкус.
Тартар сос на друг начин
За овој поинаков вид на тартар сос ќе ни биде потребно:
Лимонот го цедиме. Тврдо варените жолчки ги пасираме низ цедалка и ги посолуваме. Го додаваме биберот и 50мл лимонов сок. На смесата полека, капка по капка, го додаваме маслото за јадење, мешајќи постојано со жица за матење.
Ситно ги сецкаме кромидот, лукот и магдоносот и ги додаваме на пасираната жолчката. По вкус може да додадеме и рузмарин или мајоран.
Овој сос може да го послужиме со пржена, похувана или риба печена на скара.