Селото Лесново спаѓа во настарите села во Р.Македонија. Се простира во Североисточниот дел од Македонија, на Југозападната страна од Осоговските планини, во изгаснат вулкански кратер – Лесновскиот кратер, каде се наоѓа и Лесновскиот манастир.
Селото Лесново е оддалечено 15км од градот Пробиштип, а има и добра патна поврзаност со главниот град на Р. Македонија – Скопје (123 км).
Лесново има мошне пријатна клима, на границата на умереноконтинентална и планинска, односно свежи лета и благи зими. Поради чистиот планински воздух можеме слободно да кажеме дека претставува природна воздушна бања и поволно влијае кај здравјето на лугето.
Низ Лесново тече Лесновската река и го дели селото на два дела. Во негова близина се наоѓа и Злетовската река која се одликува со чиста, бистра планинска вода.
Името на селото Лесново потекнува од зборот лес, што значи шума. Во него постоело едно од најстарите училишта во Македонија, кое е основано во 11 век.
Туристите, посебно странските гости се секогаш задоволни од понудата во селото, од прекрасните пити и погачи под вршник, како и од прекрасните рачни ракотворби.
Во последно време Лесново се почесто е посетено од планинарите, кои доаѓаат да уживаат во убавините на овој дел од Осоговските планини, на високите врвови покриени со густи шуми, клисурести делови и водопади. Во овој крај успеваат специфични растенија како: даб, габер, јасен и др.
Во непосредна близина на селото Лесново се наоѓаат Пештерите во Лесновскиот кратер, кои се производ на човечка рака и се навистина интересни и привлекуваат големо внимание на посетителите. Во минатото секоја пештера била сопственост на некоја фамилија.
Лесновскиот Манастир или Манастирот на Св. Гаврил Лесновски е еден од најубавите и најзначајните споменици од кутурата. Изграден е во 1341 год.
Според усните и писмените кажувања во 11 век во овој манастир живееле четворица големи испосници, светители, духовни браќа: Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Тие живееле скоро 30 години во пост, молитва и живот во пештера во Лесновската гора. Кога достигнале духовна зрелост, тие заминуваат од тука. Само Гаврил останува во Лесново и го подига Лесновскиот манастир.
Постои едно верување помеѓу луѓето дека Св. Гаврил Лесновски го штити селото и народот во него и дека неговиот дух се појавува секоја година. Затоа и сметаат дека овој простор е библиски.
Најголема посетеност има на 21 (дваесетипрви) септември и на 28 (дваесетиосми) јануар.
Иконостасот, како и фреските во овој манастир имаат посебна вредност и убавина.
Овој манастир е населен од монаси, кои одгледуваат добиток, работат лозја и ниви. Позната е Лесновската урда која се произведува токму овде од квалитетно млеко.
Селото Лесново и Лесновскиот манастир имаат долгогодишна традиција. Тие се ретки вредности кои заслужуваат да се откријат и посетат од сите љубители на една ваква вековна убавина и култура.
Крива Паланка се наоѓа во Североисточна Македонија, на надморска височина од 680м и е расположена во тесна долина на осоговската планинска област.
Градот Крива Паланка низ неговата историја имал геостратешка положба бидејќи зафаќа појас од две гранични линии. На север граничи со Република Србија, на исток со Република Бугарија. Во овој регион со векови минува значајниот патен правец кој го поврзува јужниот дел на Балканскиот Полуостров со Цариград и Мала Азија, денес означен како коридор Исток-Запад, кој за жал до ден денес сеуште во целост не е обликуван со модерна современа сообраќајна инфраструктура.
Веднаш од градот со благи падини започнува Осоговска Планина, која изобилува со богатство и природни убавини, големи резерви на руда, пространи површини со букова и дабова шума, богати високопланински пасишта и ледини кои изобилуваат со природни лековити билки.
На околу 12км од Крива паланка на Осогово е местото Калин Камен, каде има идеални природни услови за изградба на туристичко-рекреативни објекти и терени кои досега им се малку познати на планинарите и на љубителите на зимските спортови.
Во центарот на градот брзата Дурачка река се влева во Крива Река, најголема река во ова подрачје.
Крива Паланка има умерено-континентална клима со умерено ладна зима, умерено топло лето, свежа пролет и релативно топла есен. Во споредба со областите што ја опкружуваат, Кривопаланечката област добива значителни врнежи кое се должи на апсолутно големата височина, која претставува природен кондензатор за водената пареа што ја носат западните и јужните ветрови.Во одредени делови како на Руен снежната покривка се задржува дури и до јули месец. Кривопаланечкиот крај е ветровито подрачје. Ветровите во Крива паланка дуваат речиси од сите правци и во секое време од годината, но поради тоа маглата е ретка појава за овој крај.
Пред доаќањето на Турците, центар на ова подрачје било денешното село Градец. Во него, на еден рид и денес постојат урнатини од средновековната тврдина. Но со тек на времето се формира населба односно денешниот град Крива паланка.
Уште во раниот среден век, низ подрачјето на Крива Паланка важен пат кој ги поврзувал источните области на Балканскиот полуостров со Јадранскиот брег, кој и ден денес има големо значење бидејки го поврзува Јадранското море со Црно море и Блискиот исток.
Крива Паланка го добила своето име по Крива Река. Турците реката ја викале Егридере, што значи Крива Река, а градот Егри-дере Паланка, што значи Криворечка паланка.
Во непосредна близина на градот е културно-историскиот споменик манастирот Св. Јоаким Осоговски, кој е оформен како убаво излетничко место. Овој објект е ставен под заштита на законот. Со својата стара архитектура, особено се истакнува трокатниот дрвен конак, кој на секој кат има поголем чардак и по неколку соби на аглите. Конакот е изграден на стрмен карпест дел.
Овој манастир надалеку е познат по својата убавина, по верувањето меѓу народот дека многу луѓе кои претстојувале во овој манастир се излекувале од многу болести, како и многу жени кои неможеле да имаат деца, добивале пород откако престојувале во овој прекрасен комплекс.
Во летниот период се организираат и многу ликовни колонии. Прекрасните пејсажи се примамливи за љубителите на сликарството.
Во околината на Крива Паланка има прекрасни рибници, со ресторани кои се познати по својата услуга и квалитет. Во нив можете да бидете послужени со вкусно подготвена риба како и со пити и баници спремени под вршник.
Можеби мало но Крива Паланка е прекрасно гратче, расположена на двете страни од Крива Река, со многу убавини кој навистина заслужуваат да бидат видени и посетени.
Користена литература: „Крива Паланка и Кривопаланечко низ историјата“
Во мијачкото село Гари во цркавата Света Богородица е стара 365 години. Во неа ако погледеш нагоре, меѓу нацртаните икони, се гледа око нацртано во триаголник. Како и да се движите тоа постојано ве следи. Во 14-тиот век на падините на планината Стогово, во месноста наречена Дрениче постоела црква, од која неколкупати ја снемувало иконата "Св. Спас".
Иконата, како што тогаш забележувале селаните, три дена "одлетувала" од Дрениче и паѓала на местото каде што денес се наоѓа селото Гари. Жителите навечер ја враќале во црквата во Дрениче, но утредента забележувале дека иконата не е во црквата. По оваа случка сфатиле дека тоа е аманет од Бога, кој им кажува дека тие треба да се преселат од Дрениче на местото каде што секое утро ја наоѓале иконата "Св. Спас", и на тоа место да подигант црква.
Ова е легендата за најстарото мијачко село Гари. Сместено е длабоко во пазувите на Стогово и се наоѓа на 1.100 метри надморска височина. Ако претходно не ти каже некој каде приближно се наоѓа Гари, тешко дека ќе го најдеш. Скриено е толку длабоко меѓу планинските масиви, во една тесна долина која произлегува од глечерското езерце на Стогово. А, легендата за Мијаците вели: "Тие биле толку храбри што го населиле најтешко проодниот дел на Македонија. Затоа и мијачките села се скриени по планинските масиви на Стогово, Бистра и на Јама".
Денес селото Гари брои околу 180 куќи и десетина постари жители. Одамна е напуштено. Но тесениот, кривулест асфалтиран пат ги враќа сите гарчани кои некогаш својата среќа ја побарале на гурбет. Не за постојано. Туку за викенди и за празници. Дел од куќите се сосема нови или обновени, во препознатливиот и оригинален охридско-крушевски стил на градење. Куќите се поставени така што, гледајќи ги од која било страна, потсетуваат на старите амфитеатри.
Роден е во с. Гари во втората половина на 18 век. Не е познато каде учел резбарство и зографство. Носел прекар Теладур, како и неговиот брат Марко, кој исто така бил резбар. Негова прва датирана работа е иконостасот во манастирот Св. Гаврило Лесновски (започнат 1811 г, а завршен 1814 г.). Автор е и на иконостасот во скопската церква Св. Спас, каде што покрај него работел и Макарие Фрчковски од Галичник и брат му Марко до 1824 г. Не се знае каде тој работел во периодот од пет години потоа, но се претпоставува дека тоа било во комплексот конаци на Хавзи-паша во с. Бардовци како резбар и зограф. Во призренската црква Св Ѓорѓи тајфате на Петре го изработила Големиот крст како и други резби, а во Призрен и околината работел разбани таваници во беговските конаци.
Извонредни уметнички остварувања на Петре Филиповски - Гарката се иконостасот, владичкиот и игуменскиот трон во манастирот Бигорски. Таму рааботеле поголем број мајстори-резбари и помошници: Макарие Фрчковски, брат му Марко, Димитар Станишев, Аврам од Филиповци од с. Осој и Симон Максевски од с. Требиште. Иконостасот, владичкиот трон и амвонот во црквата Св. Богородица во Скопје е заедничко дело на Гарката, Макарие Фрчковски, Димитар Станишев и Никола Дамјанов. Тајфата на Гарката го рааботела иконоистасот во црквата на с. Магарево – Битолско, но без нивниот мајстор. Денес тој (нецелосно) е поставен во битолската црква Св. Богородица.
Скоро пет години (1838-1843) Петре Филиповски, заедно со Димитар Станишев работел на иконостасот и друга резба во големата црква на Рилскиот манастир, заедно со прочуениот Атанас Теладур. Меѓу последните работи на Гарката е иконостасот на црквата Св. Никола во Крушево (изгорен 1903 год.) и владичкиот трон на црквата Св. Благовештение во Прилеп, каде што неговиот зет Димитаре Станишев сосема самостој но ги изработил иконостасот, амвонот и тронот на Хаџи-Ристе Логотегот. Умрел полуслеп, во Крушево, 1854 година.
* импресии од денешниов ден прекрасен, 21 август, 2010 лето
Grad Kučevo, administrativni centar istoimene opštine, nalazi se u severoistočnoj Srbiji, u oblasti Zvižd, kroz koju protiče zlatonosna reka Pek, deleći je na dva gotovo jednaka dela, od kojih se prvi naslanja na planinski masiv Severni Kučaj, dok drugi zahvata severozapadne obronke Homoljskih planina.
Nadkriljen najvišim vrhom šumovitih Homoljskih planina - Velikim Štubejom (940m.) Zvižd i Kučevo kao njegovo najveće naselje, često se poistovećuje sa Homoljem. Homoljski šarm očuvane prirode i živopisnih vlaških običaja u Zviždu je vrlo prisutan. Ipak, Zvižd je mnogo više od toga.
Ovde kroz stoletne bukove šume ne teku obične reke i potoci, već zlatonosne, a u nedrima zviškog dela Homoljskih planina bistri planinski potoci ne protiču samo kroz živopisne klisure, već i kroz najlepše pećine Srbije. Kada je vedro, iz Zvižda se sa njegovih najviših vrhova može videti i Dunav na svom ulasku u Đerdap.
Delić prirode Homolja
Zvižd je stari rudarski kraj u kojem su za zlatom tragali i rimski carevi i srpski kraljevi. Danas je zlato zamenila poznata mineralna voda "Duboka", ali Pek, podjednako zlatonosan kao i u davna vremena, strpljivo čeka nove tragače, čuvajući za njih deo svog zlatnog tovara. A kučevske pećine - Ceremošnja, Ravništarka i ostale uvek su spremne da posetiocima pokažu svoju očaravajuću lepotu.
Kelti, Rimljani, Sloveni - svi ovi narodi bavili su se ispiranjem zlata na Peku. Zlatonosni pesak kopali su i bageri kralja Aleksandra Karađorđevića koji je osim zlata bio i opčinjen lepotom Zvižda. Dokaz tome je i vila blizu Peka koju je kralj sagradio sebi za odmor.
I ove godine 2010 demonstrirano je ispiranje zlata na reci Pek u okviru manifestacije Homoljski motivi. Na priloženim fotografijama možemo videti tradicionalno ispiranje. Na ovoj fotografiji je prikazan pesak koji je prethodno izvučen pumpom u kadicu od plastike.
Na ovoj fotografiji se vidi već ispiranje zlata u drvenom koritu.
I konačno sa ove fotografije može se videti čisto zlato koje je isprano iz peska u reci Pek.
Smotra je osnovana 1968 godine. Ovo je jedna od najstarijih kulturnoturističkih manifestacija u Srbiji. Na smotri se prikazuje izvorna narodna igra i pesma i narodni običaji Zvižda i Homolja kao i drugih krajeva Srbije. Smotra se održava svake godine krajem meseca avgusta.
Na fotografijama svečana povorka koja se održava u okviru manifestacije
Dobro nam došli !
Св.Јован Бигорски, манастирски комплекс во Р.Македонија, посветен на Св.Јован Крстител и основан од монахот Јован во 1020 година се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар, во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште.
Манастирот е обиколен со прекрасна убавина распослана на двете страни од прекрасната бистра и пенлива река Радика.
Нешто повеќе за овој прекрасен манастир, еден од најубавите во Р. Македонија и пошироко на Балканот ни нуди следниот линк:
http://www.gostivar.com/bigorski/?jazik=mk
Во непосрдна близина на манастирот, на патот кон Дебар во село Јанче се наоѓа прекрасен хотел со ресторант Tutto.
Овој хотел нуди прекрасна панорама на околината,прекрасна природна убавина,куќи изградени од природни градежни материјали. Од терасата имаме поглед на реката Радика, чиј кањон поминува низ овој терен.
Свежите утра и пријатните денови исполнети со прекрасниот мирис на природата и тивките ноќи се прекрасна понуда за одмор и рекреација т.е. место каде можеме да го пронајдеме својот душевен мир.
Патувања,обични, секојдневни,несекојдневни, необични, кратки, долги...
Но, дали некогаш сте размислувале за едно долго посакувано патување, во место каде сте оставиле дел од себе, од своето детство, од својата младост?
Патување каде се спојуваат дланките на младоста и староста?
Некому наизглед едноставно, дури премногу обично патување.Можеби би помислил и би рекол – што е тука посебно, интересно?
Но дозволете си себеси едно долго посакувано патување. Препуштете се на миговите сами да ве понесат низ деновите кои се пред вас. Едноставно не планирајте, не размислувајте премногу. Бидете тоа што сте, тоа што сте биле. Симнете ја маската која долго ја носите на себе и со широко раширени раце дозволете и на убавината од ова патување да долета во вашата прегратка.
…Одамна беше,можеби пред триесетина години.
Како и секое дете нестрпливо го чекав звоното кое го најавуваше крајот на последниот час од школската година и се разбира, спакуван кофер, обезбедена карта и збогум градски асфалту,одам во мојот рај.
Таму детската насмевка не стивнува до длабоко во ноќите.
Таму песните на птиците го означуваат почетокот на секое прекрасно утро.
Таму како се да е застанало и останало онака како што било некогаш, прекрасно, магично.
Таму мирисот на тревата, зелените градини преполни со зеленчук и овошје се впива длабоко во душата и се памти и чувствува и по многу одминати години.
Таму роморот на реката раскажува најубави сказни, кои те милуваат се додека не потонеш во длабок сон до наредниот ден кога повторно се препушташ на детските лудории.
Таму некаде оставаш дел од своето срце, кое не се губи, останува занавек тивко да пишува песни и раскажува приказни...
Како ништо да се небеше променило и овој пат. Спакувани кофери, резервирани карти, немир во душата, радост во срцето и што уште не. И пат до мојот рај. А таму испреплетени емоции - радост, солзи, топли прегратки, чувства кои не можат да се опишат, туку единствено можат да се доживеат.
Доколку сакаме да уживаме во живописните убавини на природата, можеме да патуваме по патот преку Лесковац и Бабушница. Но до истата дестинација, удобно и побрзо можеме да стигнеме по патот кој води преку Ниш.
Пирот – град во Јужна Србија кој сеуште ја има својата убавина и традиција.
Пиротски или Момчилов град е тврдина покрај реката Нишава во Пирот, која уште се нарекува Кале, Торес или Пиргос. Тука постоела населба уште пред 5000 години.Остатоците и предметите најдени од времето на неолитот, антика и византија и раскажуваат за историјата на ова место се наоѓаат во музејот во Понишавље.
Споменикот на ослободителите на Пирот од турската власт се наоѓа во таканаречената населба Тија Бара, во близина на автобуската станица во Пирот.
Споменикот жена и музика е сместен во центарот на градот.
Слаткарата Рекорд, сместена во центарот на градот постои долги години, атрактивно место уште од моето детство и нејзината посетеност никогаш не се намалува. Качамакот или поточно сладолед и шампита е нејзин главен специјалитет.
Нешто повеќе за ова прекрасно гратче има напишано во својот напис Проф.др. Борислава Лилич
http://www.pirot.rs/index.php/sr/onama/kratka-istorija
Непосредно до градот, на патот кон Димитровград, како предградие на градот Пирот се простира едно прекрасно село Пољска Ржана.
Расположено на бреговите на прекрасната река Нишава, кое преку проекти, реконструкција, изградба на основно школо, пошта, црква, базен и други објекти,прераснува во мала средена населба која ги задоволува основните потреби на месното население.
Во центарот на селото се наоѓа скоро изградената црква Св.Михаил Архангел, заштитник на ова мало населено место.
Во непосредна близина на Пирот и Димитровград, во живописната клисура на реката Јерма се наоѓа мало населено место Звонце ( кое своето име го добива според едно звоно) и Звоначка бања.
Во негова непосредна близина се наоѓа познатиот манастир Поганово,пештерата Ветерна дупка како и гребенот Асеново кале, единствено место каде во Србија можат да се видат гнезда на златните орли.
http://zvonackabanja.com/banja/zvonacka-banja-istocna-srbija/
Звоначка бања во текот на минатите години беше уништена,разрушена, но со помош на одредени проекти се враќа како би реклe душата на ова прекрасно место. Во малите средени викендички се нуди сместување за гости кои би сакале да престојуваат во ова мало место и да го почувствуваат благодетот на лековитата вода и чистиот воздух.
Единствено е жално што прекрасниот хотел сеуште не е обновен, поради тоа работи само отворениот базен со лековита минерална вода, но согледувајќи ги убавините на ова место и лековитоста на водата сигурно и тој ќе привлече внимание и ќе биде реконструиран во скоро време.
Според кажувањата на мештаните, растението вилинска коса се наоѓа и успева единствено тука во ова место.
И како што Ернест Хемингвеј вели „За кого звонат звоната“, тие овојпат звонеа само за мене, да го посетам ова прекрасно живописно место кое изобилува со прекрасни убавини, места за рекреација, одмор, риболов и што уште не.