Recepti, jela od mesa - rostiljijada Životni stil

Печено месо од дива свиња

Подготовката на дивото месо не е комплицирана, само бара малку повеќе зачини и подолг период на подготовка.

Подгответе:

  1. диво свинско месо(количина по желба)
  2. печурки шампињони (количина по желба)
  3. 200гр пушена сланина или 1 до 2 супени лажици свинска маст
  4. 2 до 3 главици кромид
  5. 1 главица лук
  6. оцет
  7. масло за јадење
  8. сол
  9. вегета
  10. црн бибер
  11. други зачини и мирудии по желба за подобрување на вкусот на месото (ловоров лист, нане, жалфија, рузмарин, рендан морков и др. според желба и вкус)

http://i.imgur.com/nzwT5sG.jpg

Дивото месо го наложуваме во подлабок сад, одвечер, да одстои неколку часа.

На секој ред посипуваме малку масло за јадење, малку алкохолен оцет, сол и зачини. Може да насецкаме свеж лук или да користиме лук во прав.

Наложеното месо добро го натиснуваме со прозирна фолија, ставаме поклопец на садот и го одложуваме во фрижидер до негово подготвување.

Утредента месото го префрлуваме во експрес лонец.

Налеваме вода колку да го преплива месото. Сецкаме стар или млад кромид, по желба, ги додаваме печурките и го затвараме лонецот.

Ставаме на оган да врие од 1 час до 1час и половина.

Во почетокот плотната ја вклучуваме на 3, а откако ќе зоврие водата во лонецот, температурата ја намалуваме.

Доколку не сте користеле експрес лонец, пожелно е пред да почнете да готвите во него да прочитате упатството за негова употреба.

Динстаното месо го префрлуваме во огноотпорен сад или во друг сад наменет за печење.

Ова месо не е мрсно и затоа одозгора сецкаме пушена сланина или додаваме свинска маст, малку масло за јадење и го запекуваме во рерна на 250 степени околу 20 минути, малку да се зарумени.

http://i.imgur.com/NTWTnoal.jpg

Доколку месото го користиме следниот ден, можеме да го наложиме во стаклена тегла и истата да ја пастеризираме во рерна, половина час, на 100 степени.

И дивото станува питомо кога ќе му посветиме време и внимание, пријатен апетит :)

niko650

Moderator