Probala sam prvu teglu kiselih krastavcica iz sudo masine i imam samo pohvale. Odlicni su, krckavi. Boja i ukus takodje pa sam zelela da obavestim sve koji su se dvoumili. Slobodno probajte makar sa jednom teglom, mnogo je lakse a dobijete se isti ukus kao sa pasterizacijom u serpi.
NSMarija: Probala sam prvu teglu kiselih krastavcica iz sudo masine i imam samo pohvale. Odlicni su, krckavi. Boja i ukus takodje pa sam zelela da obavestim sve koji su se dvoumili. Slobodno probajte makar sa jednom teglom, mnogo je lakse a dobijete se isti ukus kao sa pasterizacijom u serpi.
Evo i moje zakiseljene boranije u masini za sudove:) Odlicna je,cak bolje nego ona kuhana u serpi. Tecnost je svetlije boje, a ostala kckava. Zaista je lakse i brze.
Jedini problem sa kom se srela ove godine kod pravljenje zimnice je sirce. Mislim da trebamo malo vise obratiti paznju na njegovovg kvaliteta. Sve je vise prodaja sirce sa manjim kvalitetom, njegova kiselost je slabija tako da kod njegovog koriscenja po nekoj recepti ne daje pravi rezultat.
Hvala ti Wind za tvoju preporuku, mislim da ce biti olaksanje za svake domacice :)
Подпечени пиперки во оцет или како што ги нарекуваат печи-гмечи пиперки се одличен додаток на ручекот. Може да бидат благи или лути.
За нив потребно е да подготвиме:
• 3 кгр пиперки (може и таканаречени везени пиперки)
• 1л алкохолен оцет
• 250 гр вода
• 4 супени лажици сол
• 1 супена лажица шеќер
• 1 до 2 супени лажици масло за јадење
• 1 китка магдонос
• лук (количина по желба)
• бибер во зрна (по желба)
Магодоносот го сецкаме ситно. Лукот го чистиме и го сецкаме.
Во подлабок сад го правиме пресолот од оцетот, водата, солта, шеќерот и маслото за јадење. Одвреме навреме пресолот го промешуваме, да се стопат солта и шеќерот.
Пиперките малку ги подпекуваме од двете страни. Топли ги макаме во пресолот и ги редиме во претходно добро измиени,исушени и стерилизирани тегли. Со толчник добро ги натискаме пиперките и одвреме навреме посипуваме од сецканиот магдонос, бибер и лук.
На крајот, во секоја тегла може да ставиме пластичен потиснувач за зимница (ги има во секоја продавница во која се продаваат ситници и садови за домаќинство).
Доколку не сме набавиле од потиснувачите, може да примениме еден стар начин кој го применувале нашите роодители. Потребно е да набавиме прачки од лозница. Ја лупиме кората, ги миеме и ги сечеме со големина да можат да влезат накрсно на врвот на теглата и да ја потиснат содржината во неа, а со тоа да не дозволат таа да исплива нагоре при пастеризацијата. На тој начин пресолот постојано ќе ја препливува зимницата која сме ја ставиле во теглата и веројатноста за нејзино расипување е помала.
Остатокот од пресолот го зовриваме и насипуваме во секоја тегла да ги преплива пиперките.
Теглите веднаш ги затвараме и топли ги ставаме во претходно загреана рерна на 100степени да одстојат половина час, да се пастеризираат.
Може да го примениме и другиот начин на пастеризација.Теглите топли ги ставаме во подлабок сад и додаваме млака вода, водата да зафати две третини од теглата. Потребно е водата само да зоврие. Го исклучуваме шпоретот,но теглите ги оставаме да се оладат во водата.
Кога ќе се оладат, теглите ги одложуваме на полица наменета за зимница.
Доколку сметате дека местото каде ќе ги одложите подпечените пиперки не е доволно ладно и постои можност тие да прокиснат, можеби ќе биде потребно да додадете малку конзерванс, но секоја домаќинка го знае сопственото искуство со зимницата од претходните години.
Рецептот го најдов на интернет, ми се допадна и решив да го испробам.
Не се покајав, бидејќи полнетите мини гамби се декоративни и навистина вкусни.
За нивна подготовка е потребно:
• 2кгр мини гамби
• 1л вода
• 80мл алкохолен оцет 9%
• 40гр сол
• 20гр шеќер
• 1кгр урда
• 1 рака сецкани ореви
• 1 рака сецкан магдонос
• масло за јадење
Ги одстрануваме рачките на мини гамбите и ги чистиме од семето.
Ги зовриваме водата, солта, шеќерот и оцетот. Солилото малку го ладиме и со него ги преливаме исчистените гамбички. Ги оставаме да одстојат 12 часа, да попримат од солилото.
Утредента, урдата ја посолуваме (доколку претходно не е осолена).
Оревите и магдоносот ги сецкаме ситно и ги додаваме на урдата. Добро промешуваме и со кафена лажичка ги полниме гамбите.
Вака наполнети,една по една мини гамбите ги спуштаме во претходно подготвени чисти тегли, внимателно да не дојде до истиснување на урдата од нив.
Во наполнетите тегли, налеваме масло за јадење и теглите добро ги затвараме.
Теглите ги ставаме во поголем сад. Налеваме вода во висина до капачињата на теглата и теглите ги ставаме на оган да вријат 10 минути.
Кога ќе се олади водата, теглите ги вадиме и ги ставаме на ладно до нивно користење.
Мини гамбите подготвени на овој начин може да ги користиме како салата, како додаток на јадењето или да ги запржиме со јајца. Како и да ги користиме, нивниот вкус е прекрасен.
Кога последен пат денот сме го започнале со неколку вида зеленчук или овошје?
Или сме исецкале цвекло, морков, краставица, банана, портокал на парчиња и веќе по второто или третото парче оставаме и излегуваме од дома со зборовите – ќе го дојадам кога ќе се вратам.
Кога ќе се вратиме зеленчукот и овошјето се веќе свенати и најверојатно ќе завршат во канта за отпадоци.
А нашиот организам е толку многу желен за витамини и минерали, што би ни бил благодараен доколку наутро или во текот на денот го почестиме со дел од нив.
За да си ја олесниме работата, а сепак да внесуваме се што му е потребно на нашиот организам, би можеле да набавиме блендер. Во последно време е атрактивен нутри булетот, но може да го замени било кој друг блендер со јачина од 600W до 1000W.
Единствено што е потребно, одвечер добро да го измиеме подготвениот зеленчук и овошје, да ја одстраниме кората доколку е потребно, како кај портокалот, бананата и парчињата да ги ставиме во блендер.
На овој начин ќе добиеме освежителен напиток со висока хранлива вредност, лесно сварлив кој може да се конзумира во секое годишно време и во текот на целиот ден.
Доколку на овој напиток му додадеме газирана минерална вода, го разладиме со иситнен лед, му додадеме млеко, јогурт или ликер по вкус ќе добиеме прекрасен шејк.
Можеме да експериментираме со мешавина од повеќе видови на зеленчук или овошје или двете заедно, се во зависност од нашиот вкус.
Како додаток на овој вкусен напиток може да додадеме и мелени семки од тиква, мелен сончоглед, мелен сусам, мелени ркулци од пченица, мелен рогач, мелено црно семе, мелен лен и друго по желба.
Меленате семки се богати со протеини и се извор на целулозни влакна. Исто така богати се со минерали како цинк, магнезиум, железо и омега 6 масни киселини.
Препорака би била, пред секоое користење на одреден производ, да прочитаме малку повеќе за хранливата вредноста која ја има продуктот во себе и кои се препораките за нивно користење. Или да извршиме консултација со матичниот лекар, како не би дошло до одредени последици при нивно долготрајно корстење.
Со експериментирање од повеќе видови зеленчук и овошје секој ден ќе имаме освежителен пијалок со поинаков вкус и хранлива вредност, се во зависност од употребените продукти.
Овој пијалок е посебно препорачлив во овие пролетни денови, за надополнување на енергијата која ја имаме изгубено преку зимата, како и за детоксикација на организмот од наталожените отрови кои сме ги внеле преку зимата.
Шејк од киви
Состојки:
* 2 киви
* 1 портокал
* 1/2 лимон
* 2 супени лажици јогурт
* жолт шеќер (количина по вкус) или во замена мед(количина по вкус)
Излупеното овошје и другите додатоци ги ставаме во блендер и матиме кратко, да добиеме густ напиток кој го служиме во стаклена чаша украсена со кришка од киви или лимон.
Какви се вашите искуства? Можеби би размениле со нас некои ваши видувања и омилени рецепти? Омилен шејк кој честопати ја краси вашата трпеза?