Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
1.
Пошол Пејо една сабота на пазар во Прилеп со своите Мариовци и излегол в чаршија да се прошета и да ја разгледа. Се запрел пред една гостилница: вриеле тенџериња со разни манџи. Му потекле слинки од убавата миризба, ама немал парички да влезе да повечера. Затоа си извадил од торбата едно парче лебец и отишол кај тенџерињата и почнал да си го топли лебецот на пареата што излегувала од нив, па така поомекнат почнал да си грицка од него. И таман сакал да се истави од тенџерињата, почнал гостилничарот да му вика однатре:
- Еј, побратиме, камо пари што си го натопли лебот?
Пејо се зачуди што му побара пари кога не срка ни една лажица од манџата. Но гостилничарот истрча надвор и го грабна да го тресе за да плати за пареата. Пејо почна да се брани и да докажува дека нема зошто да плаќа, но овој го нападна и му рече:
- Ќе платиш како попче што си го натопли лебот. Ако не беше оганот под тенџерињата, немаше да има пареа, а за огнот се потребни дрва за кои јас сум дал пари. И затоа ќе платиш или ќе ти удрам десет стапови.
Виде Пејо дека на правина ќе јаде ќотек и почна да мисли, па наеднаш ја погледна својата сенка од вечерното сонце и му вели:
- Е, добро де, добро. Ќе ме удриш, ќе ме удриш. Ајде земај го стапот.
Гостилничарот изнесе еден голем стап и сакаше да го налегне Пејо за да му удри десет стапа, но Пејо го фати за раце и му вели:
- Удри побратиме ако сакаш и сто стапови по мојата сенка, зошто ако не сум овдека, нема да ја имаше и неа!
Сите присутни слатко се насмеаја и го пофалија Пеја, а гостилничарот го викна во гостилницата и го навечера од најслатките манџи поради мудрата Пејова одбрана.
2.
Дошол другпат Пејо кај гостилничарот и си порачал една ваганка манџа да си појаде. Кога се наручал Пејо, дошол гостилничарот, си ја зел ваганката и лажицата и му побарал пари за манџата, велејки:
- Е па побратиме, некни ме измами ти и не плати што си го натопли лебот на пареата, ама сега не можеш да мрткаш. Давај го грошот ваму.
Гледајќи го Пејо како си ги собира ваганите и лажиците, наеднаш се присети на некаква досетка и го извади грошот. Но наместо да му го даде врака на гостилничарот, тој го удрил силно од масата и веднаш си го зеде назад и си го тури в џеб велејќи:
- Мене грошот, а ти земи си го звукот од него, зошто и ти си ги прибра ваганките и лажицата.
Кога гостилничарот почна да протестира што не плаќа Пејо, го потсети на случајот со пареата, па му вели:
- Да не беше мојот грош, немаше да има звук – и пак измрда од плаќањето.
Овој расказ е извадок од „Книга раскази за Итар Пејо“, народен љубимец и шегобиец од Мариово, за кого и ден денес раскажуваат нашите баби и дедовци. Стале Попов уште како дете ги слушал народните раскажувања. Се одушевувал од умноста, трпеливоста и веселоста на македонскиот селанец, кој со својата издржливост, работливост и досетливост ги победува тешкотиите и сето тоа тој ни го пренесува нам, токму преку оваа книга раскази.
Некои помалку познати зборови:
пазар – пијац, манџа – кувано јело, тенџере – лонац, оган – ватра, стап – штап, правина – истина, правдина, јаде ќотек – претучен од некога, гостилничар – крчмар, мудра – итра, измами – превари, досетка – виц.
Што ме разбуди стара мајко,
пусто срце ми е уморно,
од јадови за Деспина,
вчера мајко ја посвршија.
Две музики свират чалгии,
една весела, друга таговна.
Прва за неа, пеат сватови,
друга за мене, жал за Деспина.
Стара мајко ле, еве минува
и пред порти застанува.
Сите весели, таа солзи две
прошка бара мајко од мене.
Две музики свират чалгии,
една весела, друга таговна.
Прва за неа, пеат сватови,
друга за мене, жал за Деспина.
И да свирите, и да пеете,
жал за Деспина не ќе помине.
Филозофот Волтер рекол дека човекот не може да го сака тоа што не го познава! Затоа треба секој од нас да го учи својот јазик, за да го запознае што подобро, а љубовта кон јазикот тогаш ќе дојде сама по себе.
Блаже Коневски
Јазикот наш е најубавиот цвет
Што никогаш не вене, не менува лика,
Тој цвет од срцето на народот изникнува
Весело дрочи сончева блика.
Низ него дише татковината,
Мирисаат ливадите и птиците пеат,
Грмат бурите, ветровите лудуваат,
Жуборат потоците и житата зреат.
Со него најплодното семе го сееме.
Со него се китиме, со љубов се грееме.
Со него се раѓаме, со него се гордееме,
Со него кон сонцето се дигаме, вижнееме.
Според Ушински од Македонка Јанчевска
Македонскиот јазик, како и другите словенски јазици се развива од дијалектите на прасловнскиот јазик. Прасловенскиот јазик е јазикот со кој зборувале Словените пред нивното раселување од зад Карпатите.
Од прасловенскиот јазик подоцна се формираат три поголеми јазични словенски групи:
1. Јужнословенска група – македонски, српски, хрватски, бугарски и словенечки јазик.
2. Источнословенска група - руски, белоруски и украински јазик.
3. Западнословенска група – полски, чешки и лужичко-српски јазик.
Најстар литературен јазик на Словените е старословенскиот јазик. По доселувањето на Словените на Блаканскиот Полуостров се појавува потреба од ширење на христијанството и културата на народен (словенски ) јазик.
Мисијата за ширење на Христијанството и словенската култура е доделена на браќата Кирил (Константин) и Методиј. Тие се родум од околината на Солун и имаат добро познавање на словенскиот јазик.
Во мрачна манастирска келија, капка по капка,
Се цеди од свеќата бледна светлина мека.
Камени зидишта. Тишина, самотна стапка...
Во очи насон, а во душа морна зрел копнеж штрека.
А над дрвената маса згрбавен Кирил реди
Знакови чудни со ветво петлово перо:
Усните шепотат тихо: „Аз, буки, веди...“
Душата пламти во силна огнена вера.
Кој уште светец меѓу живите станал?
Златното цвеќе в словенска градина цути...
О, браќа, по пат сегде ве чекаше кама
На кривоклетна ерес и на неправди лути...
Впрегнати во една бразда без ропот оравте нива,
Страдна и жедна за ново недоцвет семе...
Во сите векови зрачи вашата светлина шива.
Далечна светлина – мугра на едно големо племе.
И кога душманската злоба едниот в мрака го прати,
Пред смртта гордо ја крена морната глава и рече:
„Брате јас паднав... Доорај ја браздата наша,
делото нека ги пламти со пламен вечен!“
Видое Подгорец
Кирил најнапред го подготвува словенското писмо, со знаци за сите словенски гласови. Заедно со Методиј преведуваат црковни книги од грчки јазик. Писмото кое го создава Кирил (во втората половина на деветнаесетиот век) е наречено глаголица (кое има триесетиосум букви), кое подоцна Св. Климент ја упростува, создавајќи ја втората словенска азбука – кирилица (наречена по својот учител Кирил).
Откако биле подготвени, заедно со група свои ученици одат во моравската мисија. Моравската мисија започнува во Моравија и се проширува низ Панонија и останатите словенски земји.
Писменоста и културата најповеќе се шири во црквите. Книгите се пишуваат и препишуваат на рака.
Овој период е наречен старословенски – црковнословенски период.
При пишувањето и препишувањето, авторите се трудат да го сочуваат старословенскиот јазик, бидејќи тоа е јазикот на старата писмена традиција. Препишуваќи од разни словенски народности, внесуваат јазични црти од својот јазик, при што се создаваат посебни варијанти на црковно словенски јазици: македонска, српска, бугарска, руска и др. Варијанта.
Македонската варијанта (дванаесетти век) го означува почетокот на македонскиот јазик. Таа има повеќе особености: традиционалност, мешање на буквите – носовки и замена на ерови.
Најпознати ракописи со македонска варијанта на црковно словенски јазик се:
- Добромирово евангелие
- Охридски апостол
- Лесновски паранезис
- Болоњски псалтир
Јазикот со кој се служи една група од едно помало или поголемо подрачје, поврзано со географски, историски, општествени и др. Услови се нарекува локално наречје – дијалект.
Во Македонија се среќаваат повеќе дијалекти (наречја) каде се среќава некои разлики во изговорот на одредени гласови, во акцентот и др. Тие можат да се поделат во две групи:
- Западно македонско наречје
-Источно македонско наречје
Најважни извори за проучување на разликите во народните говори, се народните творби – песни, гатанки, приказни итн.
За основа на македонскиот литературен јазик се земени централните македонски говори: прилепскиот, битолскиот и велешкиот говор и тој се користи во училиштата, администрацијата, како и кај печатените и електронските медиуми, уметничките, научните, литературните и други текстови.
Во македонскиот литературен јазик, треба до најголем степен да се изрази неговата народна основа. Речникот на литературниот јазик да се збогатува со зборови од сите наши дијалекти, да се изградуваат нови зборови со живи наставки и само колку што е потребно, да се усвојуваат и туѓи зборови.
Блаже Коневски
Користена литература:
- Општа теорија на литературата, Македонски јазик за VI одделение,
- Граматика на македонскиот литературен јазик од Блаже Коневски.
„Најинтересното кај Јолдески е што во неговите раскази совршено се преплетуваат традиционалното и, би рекле дури, хипермодерното. Мекиот, речиси „битов“ реализам се вкрстува со некои мошне современи „постмодерни“ книжевни постапки (интересни се, на пример, реферирањата на важните претходници: Чачански, Крле, Константин Миладинов, Чехов…).
Расказите најчесто се минималистички сведени. Авторот ја поседува дарбата текстот да го прочисти од сето она што би го оптоварувало, па затоа не се соочуваме со претерувања и застранувања од она што е главен тек на приказната. Иако некои од расказите на прв поглед делуваат адегдотално, функционалноста на раскажување и хуморот ги ослободуваат од можната баналност. Јолдески има одлично чувство за заокруженост и целовитост на приказната, без разлика на нејзината должина или тема.
Ненад Јолдески е автор кој сосема опуштено, би можеле да речеме во кроки манир, ни ја скицира реалноста што нè опкружува, при што во неговите раскази поминуваат многубројни необични, гротескни, но истовремено и за нашиот контекст препознатливи ликови. Сите тие се портретирани во стилот на добродушен хуморист кој се насмевнува на човечките слабости и откачености со хумана и емпатична насмевка.
На ниво на јазикот, исто така, дијалектот, сленгот и литературниот македонски се ставени во мошне суптилни созвучја. При сета таа стилска слоевитост крајниот резултат не изгледа вештачки и исфорсирано туку совршено складно: книжевните алузии се ставени во функција на непретенциозните и мошне духовити драмски ситуации од секојдневниот живот, што придонесува питките раскази (без ронка баналност! - што е ретка вештина) на Јолдески да течат со леснотија и да се читаат со пријатна топлина околу срцето...“
na A.
Го делиме креветот
со низа од букви.
Секој ден убиваме стотиците сништата
со илјадници други.
Се смееме на несонувачите.
Наутро го плакнеме заспаното лице на фантастиката
само за да си докажеме дека не треба ништо да докажуваме.
Јас сум некаков си извичник клатно
а таа прашалник од паста.
И двајцата храбро се боревме
во војната помеѓу нејзините црвени пижами
и врвовите на моите прсти,
после што без никој да биде поразен
завршивме голи под двете бели знамиња.
Ние всушност
секој ден се раѓаме.
Записите како овај
уште пред да се свестат дека се родиле
стануваат минато, а минатото знаете....
како и секое друго минато.
Штом денот изгрее
го довикува молерот...
секој ден со истиот добар наслов:
„Мајсторе! За степен посиво! Нов ден осамна!“
Честитки за ова прекрасно првенче драг мој Фигмент а.к.а Ненад Јодлевски од Источна и нема да заборавам да те чекам кај каменот на Пабло Неруда во Паркот на поезијата... ; )
Maja Stela Bosilovska rodjena je u Zemunu 1962 godine, diplomirala na Filoloskom fakultetu u Beogradu zivi i radi u Bitolju kao profesor engleskog jezika. Ima izdate dve zbirke poezije sa pesmama i na engleskom jeziku i jedan roman, a bavi se amaterski i skulpturom - drvo i kamen.
1) Zbirka poezija "Parče tajna"
2) Poetry book "Paper Doves" / Zbirka poezija "Hartieni gulabi"
3) Novel "Jacob after the Eleven Jacobs"/ Roman "Jakov po edinaesette Jakovi"
Јас Тебе
Ти правев
хартиени
гулаби
И силно
замаавнувам со нив
за да стигната
до Твојата
слепеста
коса
И
многу
гласно
со длабоки
наклони
и гестикулации
ти читав
грст
една иста
досадна
и смешна
филозофија
за да
не палчеш
кога кје ги
отплеткувам
и извлекувам
моите
хартиени гулаби
од твоите
нежни
прамени.
„ Со силен остар - куршум збор, можете смртна рана да отворите. Зборот сади дрво. Зборот го урива вашиот оџак, распрснува искри. Зборот разденува и сноќува. Зборот ртее и урива. Зборот го раѓа и каменот и капката, зборот ја отвара земјата. Зборот раѓа и умира..." - „Небесна утока"
Мито Спасевски
Мито Спасeвски е роден на 20.03.1952 година во с.Мраморец, Горна Дебарца – Охридско. Образованието го започнал во родното место, а го продолжил во Кичево и Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата македонски јазик со историја на јужнословенските книжевности.
Постдипломски студии завршил на Универзитетот „ Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 1996 година, докторирал на Филолошкиот факултет „ Блаже Конески“ во Скопје, со дисертација од областа на книжевноста.
Учествувал во повеќе истражувачки тимови од областа на литературата, како и на поголем број Меѓународни научни собири, на кои се третирани областите на образованието и литературата. Автор е на повеќе книжевни студии. Приредувач е на антологискиот избор на научни трудови и статии „ Фолклорни и книжевни огледи за македонската литература за деца“. Професор е на Педагошкиот факултет „ Св. Климент Охридски“ во Скопје.
За позначајни поетски остварувања, добитник е на повеќе литературни награди и признанија.
Автор е на следните збирки: „ Усвитена постела“, „Чемерни синори“, „ Небесна утока“ и др.
Небесна утока
Небесна утока,
со скришни думи и длабоки теченија си,
распаќа оковани од тревога,
го демнат твоето заспивање,
во сонот, со потопи и бури да те заведат.
Со светлината во мислата, ти го отклучувам чекорот,
мојот земјопис,
залези од космички меридијани го создаваат,
додека ти вознесено ги лекуваш болките на вселената
и ги скротуваш тревогите на темниот збор.
Природата во мене ги заклучува убоста и плачот
оти,
јас имам распаќа,
колку небесата распрскани метеори има.
И пак,
за нови походи на зборот и душата, се спремам,
да те избавам од ова распетие
и стигнам до огнениот изгрев.
Се е зазидано во тврдината на огнените кочии,
сахарски што пловат низ твоите очи.
Само ти небесна утоко, знаеш дека
мојот родопис боледува од подземни соsвездија.
дајте ми мелем и лек
од билки што допрва треба да никнат.
Јас морам до тебе буден да втасам
со светлината на тајниот изгрев
од ова неверно и стрмолно распаќе
оковано од моите жили.
„Небесна утока" - Мито Спасевски
" Да не сме погледи заборавени?...
Да не сме зборови задоцнети?...
Да не се трагите избришани?...
Да не се чекорите запрени?..."Нада J. Ристова
Нада Јоноска -- Ристова ( родена 2 август 1954 година, Кичево) Пишува поезија и проза за деца и возрасни, објавувани во повеќе списанија и голем број нејзини текстови се компонирани и изведувани на музички фестивали. Таа го покренува меѓународниот музички фестивал за деца и млади „ Калинка" на кој во одделни години учествувале и по 23 земји од Европа и светот.
Нејзината поезија се одликува со исклучителна доживеаност, со лирска изнијансираност и јасна порака која произлегува од суштинската длабочина и бранувања на поетесата, а стихозбирката „Водопади во срцето" е нејзино прво поцелосно претставување пред читателите.
ВОДОПАДИ ВО СРЦЕТО
Не си спомнувај за минатото
остави го недопрено
не ми викај од кај планините
остави ги неми и невини
само...
помини го ридот
со твоите цврсти чекори
дојди
на брегот од зелената река
прекрсти се пред
Свети Илија Громовник
помини го мостот и...
Таму на брегот јас ќе те чекам.
Ако ја отвориш портата
на старата колиба
разбуди ја пролетта
посади ја нашата градина
и кажи ми...
кој дел
од твојот живот
ти го украдов...
„ Водопади во срцето" - Нада Ристова
Prva asocijacija na pomen Makedonije su sunce i veseli nasmejani ljudi. Toplinu i snagu tog sunca upijaju i pretaču u pisanu reč. Svaka pesma kao dukat padne u književnu riznicu. Ogromno kulturno nasledje pažljivo neguju i bogate savremeni stvaraoci, a pesničko pero Borče Panova zasigurno ostavlja dubok trag.
Boreče Panov je rodjen u Radovišu, diplomirao je na Filozofskom fakultetu makedonski jezik i književnost u Skoplju 1986. Član je Društva pisaca Makedonije od 1998 godine i predsednik komisije medjunarodne pesničke manifestacije "Karamanovi pesnički susreti".
Poslednjih decenija poete, stvaraoci, sve više se okreću jevanđelskim izvorima, onima koji prevashodno propovedaju ljubav kao spas, kao beg od surove realnosti. U pesmama Panova je to sve prikazano na jedinstven način, nekom novom formom u svetu poezije. Zarad ljudskog opstanka u ovozemaljskom trajanju, krajnje je vreme bilo da se iznedre ovakva ostvarenja.
Njegove pesme hode ka istinskim svetlosnim vrelima da bi uvek u sebi sačuvale lik Božiji i Njegovo značenje.
Pesme su protkane životnim bitnotstima, filozofijom pa čak i istorijom i kroz sve te mudrosti, provlači se ljubav, kao najjača nit koja zapravo i drži sve konce. Njegove pesme šire iskričavu svetlost najdublje ljudske duhovnosti. Autor je šest pesničkih knjiga: Šta je Čarli Č video iz naopačke (1991), Ciklonsko oko (1995), Stop Čarli (2002), Takt (2006), Gatanka od stakla (2008) i Bazilika rukopisa (2009) kniga koja se našla u najužem krugu za najveću kniževnu nagradu za poeziju u Makeodnije za 2011 godine. Autor je i osam alternativnih pijesa, kao i više eseja.
несоница
ко црно грне
сред поле што врие
со
мрави црни
ме мори
колку животот
сал сон
и сенка ми бил
и какво сî
семе
од сî несторено
сум скрил
а јаве
можело да биде
и друг некој
јас
а сепак
низ сон
и сенка
‘рти пламенче
среде зборот мој
никулец
незгаслив
низ кој сето време
ко леб
од небо
што се симнува
еден ден еден миг
ќе го видиш
осветлен
од животот мој.
Vezilke, kazi kako da se rodi
prosta i stroga makedonska pesna
od ova srce sto so sebe vodi
razgovor noken vo trevoga besna?
- Dva konca paraj od srceto, dragi,
edniot crn e, a drugiot crven,
edniot budi mornicavi tagi,
drugiot kopnez i svetol i strven.
Pa so niv vezi ednolicna niza,
pesna od kopnez i pesna od maka,
ko jas sto vezam na lenena riza
rakav za bela nevestinska raka.
Sudbinsko nesto se plelo za veka
od dvete niski, dva sozvucni zbora,
ednata budi temnica sto streka,
drugata budi vkrvavena zora.
Vezilke, kreni navedena lika,
pogledaj v nebo vo pretpladne zlatno:
se sari tamu i cudesna blika
tvojata vezba na sinoto platno.
Za tebe nema ni veceren zapad,
ti - morno oko na trepetna srna.
dve boi tamu ti gorat i kapat,
dve sarki tvoi - crvena i crna.
Zar ne se plasis jarkosta nivna,
i najmil spomen deka ke ti zgasat?
Zosto se gubis, ti stroga, ti divna,
dnite ti minat, prokobi se glasat.
- I najmil spomen sto v dusa mi blesna
se gasi od niv ko cveke bez boja.
No ti sto lovis zvuk na cudna pesna,
ti si ja kaza sudbinata svoja.
Poezija je nadahnuće za stvaralaštvo mnogim kreativnim ljudima, sintezom na osoben način upletene pesme, note, emocije makedonska etno grupa Foltin stvorila je strastvenu, dinamičnu i punu iznenađenja muziku, mešajući pri tome i mnogo muzičkih žanrova: jazz, funk, bossa nova, ambient uz specifičan makedonski ritam - stvaraju ritam u kome srce kuca punom snagom.
Otkako Lenka ostavi
kosula tenka lenena
nedovezena na razboj
i na nalomi otide
tutun da redi v monopol -
liceto i se izmeni;
vegi padnaja nadolu
i usti svija koravo.
Ne bese Lenka rodena
za tija pusti tutuni!
Tutuni - zolti otrovi,
za gradi - kitki rozovi.
Prva godina pomina
grutka v srce i legna;
vtora godina pomina
bolest ja v gradi iskina.
Tretata godina zemjata
na Lenka pokri snagata.
I noke koga mesecko
grob i so svila viese
vetercok tiho nad nea
zalna i taga reese:
"Zost mi, zosto ostana
kosula nedotkaena?
kosula bese darovna..."
Детството мое го пратив
нежно по води да плови
никогаш
да не го заборавам.
Утрото се роди...
Мајка ми ме потсети со шепот,
"Така животот се буди".
Денот, гушнати
го пречекавме...
Мајка ми ме подсети со шепот
"Така животот се живее".
Ноќта плашливо
ја пречекавме...
Мајка ми ми рече,
"Така животот завршува".
На небото Звезда се роди...
Мајка ми нежно ми рече,
"Секој си има звезда што го води".
Тогаш јас ја избрав мојата звезда,
да ме води
низ патот непознат.
Нада Ристова – Водопади во срцето
Магистрал
Молкум зборовите ноќта ја крадат
Исто како светулки, се палат, се гасат,
Летот со чудни стапки го плетат
Оди, ми велиш, не гледај ме
Со очи од солзи премиени
Тоа е абер, од Господа испратен
Во бунило гледам усни ти шептат
Оди, ми велиш, во нив соној се вткаени
Донеси ги на своите крилја раширени
Утрата во нив да се премијат
Штом ноќта умре во прегратката на изгрејсонцето
А јас пак зборови не слушнав, сал сон сонив
Тебе во сон те допрев полека, да не ме сетиш
А јас пак во очи ти заронив, низ игри на очаи и радости.
О.Станковска
Сонети се песни со четири строфи, од кои првите два по четири стиха (катрени), а вторите две по три стиха (терцини).
Петнаесет сонети чинат еден сонетен венец, најсложена лирска форма од кои последниот се нарекува магистрал. Магистралот ги содржи првите стихови на сите претходни четиринаесет сонети.
Првите (почетни) букви на стихот, кој како таков се нарекува акростих, го дава името кому е посветен сонетниот венец.