Lepota reci i govora - upoznajmo makedonski jezik Umetnost

Питомини

Непокаена,
со ни страв,
ни умора до исцедок
неразредена светлина!

Сал две,
обременети зеници
пред кои
исколван, штур сомнеж,
а пред мене невестулка
со трипати поклон до земја,
рака ми бакнува!

Потсилена од желби благородни
лулка ми врзува
за штотуку родената песна
оти не умирам низ три каделници,
низ три,срмени ширити,
низ три ех,мајко моја
што ме лечат од сите отрови!..

Затоа непокаена
од длабини велам:
За вистинскиот одговор,
не се поставува
прашање...

Павлина Климкар Меанџиева - Велес

http://www.odlican.com/d/267-18/goriii.JPG
www.odlican.com/liliana

niko650

Moderator

Тронот на човековата генеза

Во мислите на изводливоста
го барам коренот на човековата генеза,
заплеткана во неговото име,
скротена во зборот „постои“.
Со длабинско јаже зад себе
и чекори вметнати во тронот на иднината,
проникнал во менливоста на времето.
Патоказира во човековиот дух
и му вдахнува идеја да се разоткрие себе.
- Се раѓаш, за да постоиш
- Живееш, за да истражуваш
- Дишеш, за утре твојата душа да говори за твоето истрајување.

Даниела Ристовска „Осоговски восклици“

niko650

Moderator

Куќата на детството

Од тивката светлина
ме гледа прозорецот празен
занемувам пред тишината
што не ја разбирам.

Влече назад патот изоден
само чекорот е друг
посигурен, потежок, свој.

Детството не заборава
куќата го оживува споменот
ги огласува игрите и невиноста
и чистотата на детските души
за кои цел век ќе копнееме
и никогаш веќе не ќе ги допреме.

Беше голема, а сега мала
и уште поголема.

http://www.odlican.com/d/16124-2/sardela.jpg
www.odlican.com/niko650

niko650

Moderator

По долго одење

Го видов морето полудено
и тажниот лебед на својот пат
како под темното небо мина
каде што самовили трубеа.

Видов в небо загледани очи
пеперуги в лет и детски лица,
жени со раширени зеници
и силни и вљубени птици.

Патем смолчав, тивок и трепетлив
видно растроен од гордост и јад
иако в крвта чувствував младост

знаев дека никогаш ко свила
на плеќите нема да ми никнат
две силни, две разиграни крила.

Ристо Ѓ. Јачев - „Жедна ноќ“

http://www.odlican.com/d/6947-4/Kamena+dusa.jpg
www.odlican.com/majra interovski

niko650

Moderator

Игра

Твои жртви сме животе.

Ти не создаваш,
од утробата не воскреснуваш,
со сок од приспивна песна не подојуваш,
со венец од радост и тага закитуваш

и на проодување
клуч в рака ни даруваш
за порта закитена на игра недоиграна.

Во игра со него не втурнуваш
та мислиме ние со него,
всушност
тој со нас се поигрува.

Ние отклучуваме,
тој заклучува,
тој отклучува,
ние заклучуваме,

а ти животе притаен молчиш
се дури не слушнеш лелек од копја забодени
кој те поколеба во намера твоја
и се смилуваш
клуч од отворена порта да извадиш.

Оливера Станковска 2014

http://www.odlican.com/d/13057-2/bela+rada.jpg
www.odlican.com/vessna

niko650

Moderator

Бисера - Константин Миладинов

Бисеро моме, Бисеро,
шчо носиш бисер на грло?
Твоето грло хубаво
и от дробнаго бисера
хилјада пати побело.

Бисеро моме, Бисеро?
Зашчо со бисер покриваш
твооето грло хубаво?
Ја нејќу бисер да баца
тук сака твоето грло.

Бисеро моме, Бисеро,
за кого носиш бисерот?
Ја дарој бисер не сака
тук сака мома Бисера.

http://www.odlican.com/d/8828-4/101_3433.jpg
www.odlican.com/niko650

Поетското творештво на Константин Миладинов иако скромно по својот обем, своето непроценливо значење за македонската преродба го има поради јазикот на кој што се напишани неговите песни, струшкиот народен говор.

niko650

Moderator

Долга е нивата за орање

Седни драга!
Одмори се!
Посебен си примерок
од дарежливата нулта-позитив
а некој уште в рани зори
влезна ти врата закитил
со бездушно си тело,
на кое сите огледала му омрзнале!...

Седни драга!
Одмори се!
Не тагувај од клукнежот
врз песните со звучни меѓуредови
за молитви за прошка
и на туѓите гревови!...

Седни!
Одмори се!
Одмори се ти,
несебичната за ука и поука!
И едното и другото
преполно е со твоето присуство!..

Седни драга
и одмори се!
Одмори се
на меките пазуви на песните
каде се позачестено пладнуваат мнозината
пијани од желба
барем да те сонуваат...

Павлина Климкар Меанџиева
„Седефна кутија“ Велес 2014 год.

http://www.odlican.com/d/12855-2/roza.jpg

niko650

Moderator

Спонтано случување

Од многу, изџвакани зборој пред употреба,
кротежно жубори сочен недорек
за косата брановита
над се уште личното тело
незасрамено од лице в лице
со нетајум искреното огледало.

Негде помеѓу
и простор
каде блага насмевка
свечено го облекува тоа лично,
веќе подгрбавено тело,
но потпрено на бесмртна песна
што божем го изгубило клучот
на Седефната си кутија,
филигрански избраздена во сочни форми
од нијансите на посивени години.

Од многуте, изџвакани зборој пред употреба
зиркањето во благоучни спомени
утешно и опојно лулее
во прегратки на звучните молковија
успешно што ги натпеваат
сечиите, себично засолнати вистини.

Павлина Климкар Меанџиева - Велес
од „Седефна кутија“ 2014 год.

http://www.odlican.com/d/12189-4/0090.jpg
www.odlican.com/niko650

niko650

Moderator

Помеѓу раѓањето и умирањето

Понекогаш ти велам,
како сонцето си!

Изгреваш и заоѓаш
сал зрак светлина ко аманет оставаш,
те има,
па те нема,
сал сенка твоја притаена однекаде демне,

но
со секое изгревање знам повторно се раѓаш,
со секое заоѓање умираш,
а за да умреш
потребно е да се родиш,
да се родиш,
треба да умреш

и
некаде во растреперените мигови
помеѓу раѓањето и умирањето,
низ подотворените кепенци на животот
душата твоја ко птица полетува,
некаде помеѓу смеата и солзите
душата твоја патува,
некаде помеѓу тагата и радоста
душата твоја чекори

и знам

при секој допир со венецот на просветлувањето
животот свое новороденче ти дарува.

О.Станковска

http://www.odlican.com/d/13700-2/170a.jpg
www.odlican.com/cesko

niko650

Moderator