За мала промена нишката гибаница со сирење може да ја збогатиме со спанаќ. За неа потребно ни е:
Најпрвин го подготвуваме филот. Во поголем сад, ги соединуваме маслото за јадење, киселата вода, јајцата, сирењето и спанаќот.
Плехот за печење го премачкуваме со масло за јадење или стопен маргарин. На дното поставуваме 2 кори да го прекриеме плехот.
Другите кори ги земаме една по една, ги валаме во филот и згужвани ги редиме една до друга.
На крајот, повторно завршуваме со две кори, да ги прекриеме згужваните кори.
Филот што ни преостанал го посипуваме одозгора.
Плехот со гибаницата го ставаме во претходо загреана рерна и печеме на 220 степени се додека да порумени гибаницата од двете страни.
Потребно е да внимаваме кога ги валаме корите во филот да не земаме премногу од филот, за да ни достаса за сите кори. Доколку сакаме поголема количина, можеме да употребиме 1 кгр кори, при што ги зголемуваме и другите состојки кои ни се потребни за подготовка на гибаницата.
На вас останува да го дополните ова јадење со кисело млеко или јогурт, пријатен апетит :)
Прошетките во природата покрај тоа што допринесуваат да го почувствуваме оној длабок мир во душата, можеме да ги искористиме за собирање на тревки за чаеви,зачини за јадење па дури и од нив да направиме прекрасен здрав оброк.
За ова вкусно јадење, потребно ви е:
Доколку сакаме да подготвиме помала количина, ги намалуваме и продуктите кои ги користиме при подготовката на ова јадење.
Празот, морковот и малку кромид ситно ги сецкаме и со малку масло за јадење ги пропржуваме да омекнат.
Во друг сад ја дробиме претходо измиената коприва. За оние со поосетлива кожа пожелно е рацете да ги заштитат со ракавици, бидејќи копривата со своето пецкање може да предизвика пликови. Непријатна реакција но не и опасна, дури постарите велат дека на тој начин се лечи реума во рацете.
Додаваме вода и на оган копривата ја зовриваме. Ја тргаме на страна, процедуваме и оставаме да се олади. Откако ќе се олади додаваме една до две лажици пченично или пченкарно брашно и со чиста рака или лажица за пасирање на компир добро ја гмечиме омекнатата коприва.
Вака подготвената коприва ја додаваме во садот со праз,морков и кромид, го додаваме дробениот жив домат, доколку ни останал од зимница или домат во тетрапак кој може да се набави во секоја продавница. Додаваме вода да ја преплива количината во садот и ставаме на тивок оган да врие околу половина час.
Во меѓувреме додаваме сол, вегета, магдонос, еден до два листа ловоров лист, бибер и лук кој може да биде и во прав. Зачините се секогаш по желба за оној за кого се подготвува овој вкусен оброк.
Додека копривата врие,настрана, подготвуваме лесна запршка од малку масло за јадење и една до две лажици брашно и црвен пипер. Готовата запршка ја посипуваме во чорбата и одвреме навреме лесно промешуваме со дрвена лажица.
По запршката додаваме ориз и продолжуваме да вариме се додека оризот не омекне , но не и да се превари. Треба да внимаваме да имаме доволно течност, оризот да се свари без да дојде до загорување на чорбата.
Густината на ова јадење зависи повторно од вкусот на оној кој ќе се слади со него.
Доколку сакаме јадењето да е потечно, додаваме поголема количина на вода и обратно. Доколку сакаме да е погусто, количината на водата ќе биде помала.
Секогаш да имаме во предвид дека јадењето од коприва се користи во текот на еден ден и не е препорачливо негово подгревање. Како додаток може и препорачливо е да се користи кисело млеко.
Искористете го она што природата ни го дарува и подгответе здрав и лесен оброк .
За ова предјадење потребни ви се:
Од добро измиените пиперки, ги одстрануваме рачките и семето и секоја ја полниме со парче сирење или урда.
Ги посолуваме и посипуваме малку вегета (по желба може да се додаде и други зачини кои ни се омилени, или сметаме дека ќе допринесат за подобрување на вкусот на ова предјадење).
Во тава за пржење го ставаме маслото да се подгрее. Ги спуштаме пиперките и поклопуваме со капак, за да заштитиме од прскањето на маслото. Кога ке се запржат пиперките од едната страна, ги превртуваме да се испржат и од другата страна.
Полнетите пиперки може и да ги поховаме. Постапката ќе биде иста, единствено разликата е во тоа што пред пржењето пиперките ги премачкуваме со разматено јаце. Вака премачкани sо јајце може да ги извалкаме и во презла. Секако тоа е ваш избор, според вашиот вкус.
Полнетите пиперки може да бидат дел од прекрасно декорирана понуда од предјадења, понудени на дрвена даска (поховано сирење, похована зденка,топчиња од урда,пржени млади тиквички и др.)
И секако со оваа понуда од предјадења, изненадете ги оние кои обожуваат една чаша добра домашна ракија пред ручекот. Наместо во чашка, ракијата сипете ја во чоканче, а чоканчето сместе го во чаша во која претходно сте ставиле коцки мраз.
Уживајте во секој драгоцен миг од животот, пријатен апетит :)
Доколку имате малку повеке слободно време, наместо готови, замесете свежи домашни вкусни и сочни плескавици.
За 6(шест)плескавици, ќе ви биде потребно:
По желба, може да додадеме и други зачини.
Доколку преовладува свинското месо, може да се случи тие да изгубат на големината, бидејќи свинското месо е помрсно и во текот на пржењето или печењето на скара, мрснотијата се топи. Затоа се препорачува односот на мелениот микс да биде 50:50).
Мелениот микс го замесуваме со сите додатоци, како тесто. Доколку смесата се лепи, рацете ги премачкуваме со малку масло за јадење.Од смесата изработуваме 6 топчиња, ги премачкуваме со малку масло за јадење и од секое топче формираме плескавица.
Чинијата во која ќе ги наредиме плескавиците ја премачкуваме со малку масло за јадење, ги редиме плескавици една до друга.
За да бидат поубави, потребно е вака подготвените плескавици да одстојат. Затоа чинијата ја покриваме со прозирна фолија и ја одложуваме во фрижидер.
По неколку часа или следниот ден плескавиците се подготвени за пржење.
Подготвуваме свежи пиперки (количина по желба). Го отстрануваме горниот дел (рачката)и пресекуваме на пола надолж до сред на пиперката.
Вака подготвените пиперки ги пржиме од двете страни. Пржиме во подлабок сад за да го намалиме прскањето од врелото масло кога доаѓа во допир со течноста која ја испуштаат свежите пиперки. За тоа добро ќе ни дојде и металната мрежеста решетка со која се покрива садот за време на пржењето.
Испржените пиперки ги ставаме во друг сад и ги оставаме малку да се оладат. Ги лупиме и посипуваме лук во прав и малку бибер. Одозгора рендаме сирење и посипуваме сецкан свеж или сув магдонос. На крајот полеваме од маслото во кои ги пржевме пиперките.
За љубителите на киселото, во салатата може да додадеме и неколку капки оцет, а за попикантен вкус пиперките може малку да налутнуваат.
Лупимe млад компир. За убав изглед пожелно е да бидат компирите што помали, за да не ги сечеме на половина или на четири дела.
Ги ставаме во еден сад, посипуваме со масло за јадење колку да ги замастиме. Посолуваме, додаваме вегета , мелен бибер и лук во прав. Добро ги промешуваме во садот.
Во чинија ставаме презла и сусам.
Замастените компирчиња едно по едно ги валкаме во презлата од сите страни и ги редиме во сад за печење. Може, но и немора да ставиме хартија за печење.
Ја загреваме рерната на 250 степени и ги ставаме копирчињата да се печат. Времето на печење зависи од јачината на шпоретот, но готови се штом малку се заруменат.
Компирчињата се повкусни доколку се послужат топли,а вкусот подсетува на пржени пирошки.
Пријатен апетит:)
U vrelim danima kada se želi provesti kraće vreme u pripremi ručka a pri tome se ne lišiti sočnih zalogaja odlično rešenje je pileći file sa belim lukom iz tiganja. Ne treba vam ulje, mast, voda a nije roštiljanje.
Tajna brze pripreme leži u pek papirima koji su već pripremljeni začinskim mirodjijama i sve što je za pripremi nužno je da dodate oko 600 grama pilećih prsa, mada mislim da bi i drugo pileće meso ako se iskosti i rastanji uz pomoć kuhinjskog čekića na debljinu oko 2 cm jednako dobro moglo da se pripremi. U jednom pakovanju imate pek papir za četiri veća parčeta.
U mešavini začina kojom je obložen pek papir uvek je jedan ukus za nijansu dominantniji pa možete birati. Uglavnom se sastoji od suncokretovog ulja i sušenog belog luka u prahu (to je dominatan ukus koji je otisnut na pakovanju)i mešavine začina: korijander, muskatni orah, crni biber, kurkuma, sušeni paradajz u komadićima i listovi peršuna. Reglator kiselosti je limunska kiselina a od antioksidanasa sadrži ekstrat ruzmarina.
Potrebno je:
Sama priprema traje dvadeset minuta za četiri pileća filea iz prostog razloga što samo dva odjednom možete peći.
Priprema:
Kao prilog možete spremiti šta vam je po volji pire, rižu, pomfrit uz dobru svežu salatu sigurno ćete uživati u ukusnim zalogajima.
Potrebno:
Postupak:
Proprziti meso sa crnim lukom, posoliti i zaciniti po zelji (biber, mlevena paprika, vegeta).
Kada se malo prohladi redjati kore u pleh i filovati. Postaviti 2-3 kore pa kasikom ovlas posuti preko przeno mleveno meso. Onda ponovo 3 kore pa fil... i tako dok se fil ne potrosi. Preko poslednjeg reda fila staviti 2-3 kore i celu pitu iseci ostrim nozem na kvadrate ili zeljeni oblik.
Umutiti jaja, dodati jogurt, kiselu vodu i ulje, lepo sjediniti i preliti preko pite. Ostaviti pitu u frizider da se dobro natopi (a u medjuvremenu malo podici po neko parce ili i samu ivicu pite da fil lepo zadje u sve delove) oko sat i po' moze i dva. Peci na umerenoj vatri oko 40 minuta(zavisi od sporeta, dok se lepo ispece i unutra).
Nadam se da cete uzivati kao i ja.
Prijatno!
Наместо пржен или печен ослич, за мала промена може да бидат плескавици од ослич.
Земаме:
* 2 филети риба ослич без коска
* 1 до 2 главици кромид (средна големина)
* мелен бибер
* лук во прав
* сецкан или сушен магдонос
* сол (по вкус)
* вегета (по вкус)
* 2 јајца (едно за смесата, едно за валкање на подготвените топчиња )
* брашно (по потреба, за смесата и за валкање на поготвените топчиња)
* презла ( за валкање на подготвените топчиња)
* масло за јадење (по потреба, две лажици во смесата, останатото за пржење)
Од оваа количина ќе направиме околу десетина плескавици од ослич.
Земаме 2 филети од риба ослич без коска , една до две главци кромид и ги ставаме во блендер да се иситнат.
Вака иситнен осличот е подготвен да се замеси. Додаваме сол, вегета, магдонос, мелен бибер, лук во прав, јајце, масло за јадење и малку брашно да добиеме компактна смеса од која може да се формираат топчиња (ниту многу големи, ниту многу мали). Смесата е леплива, затоа при изработка на топчињата ги замастуваме рацете со масло за јадење.
Подготвените топчиња внимателно, да не се распаднат ги валкаме - најнапред во брашното, потоа во разматеното јајце и накрај во презлата.
Ги ставаме настрана или во фрижидер, а за тоа време во тава ставаме малку масло за јадење, да се загрее на оган. Ринглата за почеток ја вклучуваме на 3, а потоа намалуваме на 2, да не дојде до брзо прегорување на презлата,а средот да остане неиспржен.
Кога маслото ќе биде загреано, земаме од топчињата, малку ги расплескуваме да добијат форма на плескавица и едно по едно ги ставаме во врелото масло. Кога ќе се заруменат од едната страна, ги превртуваме од другата.
Кога ќе се испржат од двете страни, ги вадиме настрана на салвета која ќе ја впие маснотијата.
Со осличот комбинираме пржени компирчиња, или било што друго по вкус.
За промена,одлично е, пријатен апетит :)
Priprema ovog zdravog namaza je jednostavna i osim vremena i dobre volje potrbni su:
-Leblebija ili slanutak- nepecen, kolicina koja stane u solju od 200ml zapremine
-2 kasike Tahinija, najbolje i najisplativije domaceg
(blago ispeci syusam i samleti ga u mlinu za mlevenje kafe uz dodavanje maslinovog ulja)
-1 kasicica mlevenog kima (samleti u mlinu za mlevenje kafe)
-1 kasicica mlevene slatke paprike
-2-3 cena belog luka
-sok pola limuna
-soli po zeli
-maslinovo ulje i voda u kojoj se kuvala leblebija
Leblabiju ostaviti u vodi preko noci, ujutru tu vodu prosuti i naliti novom u kojoj ce se kuvati.
Kada se skuva (treba oko sat vremena, kad zrna budu mekana) leblebiju samleti u blenderu uz dodavanje vode u kojoj se kuvala i ulja. Bolje je dodati vise ulja nego vode, zbog ukusa. Kada se dobije homogena smesa dodati i ostale sastojke i ponovo izblendirati da se sve lepo sjedini.
Humus se moze i kupiti u svakoj prodavnici ali je meni ovaj domaci , na ovaj nacin, neuporedivo bolji, ukusniji.
За оваа пита потребно ви е:
За фил:
За тесто:
Најпрвин го подготвуваме филот за питата.
Во тава го сипуваме маслото за јадење, сецканиот кромид и меленото месо. Посолуваме и ги додаваме сите други зачини. Месото го пржиме и го тргаме настрана.
Во мало тенџерче затоплуваме вода. Количината неможе да се одреди точно, бидејќи секое брашно не прима иста количина на вода. Затоа најдобро да затоплиме малку повеќе од ½ кгр вода. Од неа земаме неколку лажици и го растопуваме квасецот. Квасец е мала количина за да не дојде до стасување на тестото, бидејќи за оваа пита не е потребно таа да стасува, туку да се разлистува, како лиснато тесто.
Во пластичен сад го сипаме брашното, го додаваме квасецот, солта, маслото за јадење и со млаката вода замесуваме средно тесто ( ни многу меко да се лепи, ниту пак тврдо да не може да се работи).
Замесеното тесто го делиме на десет парчиња и секое го обликуваме во топче. Секое топче малку го расплеснуваме и го премачкуваме со малку масло за јадење. Покриваме со чиста крпа тестото малку да одмори.
За тоа време го подмачкуваме плехот за печење со малку маргарин.
Земаме топче од тесто и го расукуваме во големина на чинија. Кората ја премачкуваме со маргарин. Маргаринот може да го стопиме но и не мора,може само малку да одстои на собна температура да омекне.
Постапката ја повторуваме со четири топчиња. Премачкани со маргарин ги редиме едно врз друго. Петото топче само го расукуваме и го ставаме најодозгора. Вака подготвената кора ја ставаме настрана и ги изработуваме и другите пет топчиња во една кора.
Ја земаме првата кора во која се наложени пет расукани и премачкани топчиња. Ја расукуваме со големина нешто подолга од плехот во кој ќе ја печеме питата. Краевите да висат нанадвор. Ја ставаме кората врз намачканиот плех.
Врз неа го сипуваме подготвениот фил.
Ја расукуваме втората кора, иста големина како првата. Ја ставаме врз првата кора и филот. Кога ја ставаме оваа кора не ја ставаме право, со кората почнуваме од едниот крај на плехот , ја влечеме до другиот,повторно до првиот и се така до крајот, кората да дојде на бранови.
Долната кора на краевите внимателно ја преклопуваме врз втората, да добиеме убав венец на крајот на питата.
Со четка ја премачкуваме питата со масло за јадење и оставаме да се одмори додека рерната да се затопли на 250 степени.
Питата ја ставаме да се пече. После 15 минути може малку да ја намалиме температурата на 200 степени. Кога ќе се зарумени од двете страни, питата е готова.
Топла ја премачкуваме со малку вода на краевите и ја покриваме со фолија и чиста крпа, малку да омекне.
Подоладена може да ја послужиме со јогурт или кисело млеко, за доручек, ручек или вечера.
Пријатен апетит :)
Храната го одржува животот и без неа неможе да функционира ниедно живо суштество.
Без неа нема здравје, ниту раст и развој на организмот.
Енергијата која ја ослободуваат хранливите материи делува на работата на органите во нашиот организам, на метаболизмот и помага на умствениот и физичкиот развој.
На сите нам ни е позната мудрата изрека:
„Љубовта доаѓа од стомакот“ или можеби подобро речено „Патот до машкото срце води преку стомакот“ или можеби до женското срце :)
Како и да е, кој и да го чита ова, машко или женско не е на одмет да испроба нешто ново, невкусено.
Проја е мислам српско име за вкусен солен колач направен од пченкарно брашно. Обично како додаток во неа е вкусното сирење.
Но понекогаш можеме да експериментираме, да го менуваме првичниот рецепт и да додаваме додатоци според наш вкус.
За овој вкусен солен колач потребно ни е:
- 6 јајца
- 1/2 чаша (200мл) бело брашно
- 2 и ½ чаши (200мл) пченкарно брашно
- 2 супени лажици мелени семки од тиква
- 2 супени лажици мелени сончогледови семки
- 2 супени лажици мелен лен
- 2 супени лажици пченични никулци
- 1 и ½ кафена лажичка сол
- 1 пециво
- 2 чаши (200мл) јогурт
- 1 чаша(200мл) масло за јадење
- 1 парче ситно сецкан праз (или количина по желба и вкус)
- 150 грама дробено сирење (или количина по желба и вкус)
Подготовка
Јајцата ги матиме со миксер и полека го додаваме јогуртот и маслото за јадење. Повторно малку матиме и ги додаваме останатите состојки, најнапред брашното, потоа мелените семиња, сол и накрајот прашок за печење (пециво). Добро промешуваме со миксер на мала брзина.
На крајот го додаваме ситно сецканиот праз и дробеното сирење и лесно промешуваме со лажица.
Тавата за печење, најдобро број 30( округла или долгнавеста тоа е ваш избор) ја подмачкуваме со масло за јадење и посипуваме малку брашно преку целата подлога или пак премачкуваме само со маргарин. Ја сипуваме смесата и одозгора (може но и немора) посипуваме сусам.
Тавата ја ставаме во претходно загреана рерна на 220 степени и печеме додека смесата да порумени.
Готовиот солен колач го покриваме со фолија, малку да омекне и да се подолади и го сечеме на парчиња.
Колачот го послужуваме со јогурт или кисело млеко.
Многумина од нас не ги обожуваат мелените семиња кој изобилуваат со здрави состојки, затоа ова е одличен начин на кој тие можат да се користат во исхраната.
-