За оваа вкусна сарма налик на сармата од лозов лист потребно ни е:
Најнапред ги острануваме дебелите жили од листот и истите ги попаруваме со врела вода да омекнат. Веднаш ја цедиме водата.
Го подготвуваме филот.
Во сад за пржење ставаме малку масло за јадење. Додаваме мелено месо, сецкан праз и кромид, рендан морков. Малку ја пропржуваме количината и го додаваме мелениот патлиџан или кечап и оризот. Посолуваме по вкус и ги додаваме другите зачини. Пред крај го додаваме црвениот пипер и филот го тргаме настрана.
Многу внимателно, да не дојде до кинење листовите ги земаме еден по еден, ги полниме со фил и виткаме сармички. Ги редиме во сад за печење, додаваме топла вода само да ги прелие и садот го ставаме во претходно загреана рерна да се печат.
Кога водата ќе изврие до половина, подготвуваме запршка.
Загреваме малку масло за јадење и додаваме лажица брашно. Треба да внимаваме брашното да не загори.
Садот го ставаме настрана и во него сипуваме малку од водата во која се варат сармичките.
Згуснатата смеса која ја добивме ја прелеваме преку сармичките и садот повторно го враќаме во рерна. Сармичките ги допекуваме и тие се готови кога водата од садот ќе изврие, а оризот ќе биде сварен.
Штавелот е вкусен и освен за сармички се користи и за подготвување на пржено (пржен штавел прелеан со јајца). Можеме да го најдеме во природата, во повисоките места ,а во последно време е присутен и на пазарите. На сармата и дава киселкаст, но пријатен вкус исто како сармата од лозов лист.
Нешто повеќе за штавелот на следниот линк:
Искористете ја природата на своите трпези :)
За два ролата потребно ни е:
Месото го сечеме вертикално на два потенки дела. Со дрвено чеканче за подготвување на шницли го толчеме месото по целата површина.
Ја премачкуваме целата површина со тенок слој со сенф и редиме тенки ленти кашкавал.
За ролатот можеме да користиме и рендан кашкавал кој можеме да го најдеме во прехрамбените продавниците, со намена за подготовка на пици. Ефектот ќе биде ист,а финансиски е поисплатливо.
Ги додаваме печурките и месото го мотаме во ролат. Ролатот може да го зацврстиме со специјален конец за печење или со дрвени чачкалици кои ќе ги набоцкаме на краевите на ролатот, за да не дојде до истекување на филот.
Ролатот го премачкуваме повторно со тенок слој сенф ,го ставаме во кеса за печење месо, посипуваме со малку масло за јадење и кесата добро ја затвараме.
Кесата со ролатот ја ставаме во сад за печење во кој на дното, може но и немора, додаваме малку вода.
Садот го ставаме во загреана рерна и ролатот го печеме на 250 степени.
Кога ќе се вцрви ролатот од едната страна, кесата внимателно ја превртуваме да се испече и другата страна. Готовиот ролат го вадиме од рерната, внимателно ја одстрануваме кесата и го оставаме добро да се олади за да можеме месото подобро да го исечеме на потенки парчиња.
При печењето, од маслото за јадење, сокот од месото и сенфот добиваме вкусен прелив за ролатот.
Во ролатот можеме да додадеме и друг сецкан сварен зеленчук по желба (сецкан сварен морков, сварен грашок, сварен ориз).
Сето останато е игра на готвачот, затоа уживајте во подготовка на ролат по свој вкус :)