Preporuke za citanje - preporucite knjigu, zanimljivo stivo Umetnost

Полиња со диви нарциси - Винка Саздова

Мила Сара, најмила моја

Ние никогаш нема вистински да се разделиме. Зар може круната без стеблото и корењата? Зар можат стеблото и корењата без круната? Не, љубена, не. Така и јас и ти. Засекогаш ќе останеме едно тело, една душа.

Јас тука, ти таму. Ти си круната, јас корењата. Разгранувај се, разлистувај, освојувај височини. Стигни најдалеку што можеш. Најди ја среќата што јас ти ја одзедов.
Јас останувам тука. Да го живеам нашиот сон. Сонот на едно дрво што сака да се искорне од своето место и да замине во други светови. Можеш мало дрво да искорнеш и да пресадиш, но не и големо. Не и големо љубена. Тоа мора да остане на местото на кое израснало. Онаму каде што пуштило длабоки корења и се разгранило. Така и јас...така проклето јас. Закован сум овде за вечни времиња.
Можеш ли да ми простиш? Можеш ли да ми простиш за тоа што те измамив, што се измамив себе?

Онаму каде што е љубовта, таму е прошката. Знам дека одамна си ми простила. Уште истиот миг кога не дојдов на станицата, кога возот тргна, кога твојот поглед бил вперен во празниот перон чекајќи да се појавам, ти си нашла вистински збор за мојата изневера.

Прости, но разгранетото дрво не го менува своето место. И да сака не може да го стори тоа. Тоа е судбина, проклетство. На едно место да нурнува во длабочини и да освојува височини.

Откако замина во тие безимени далечини, ти си ми поблиска од кога да е. Гледајќи ја малата Роса, те гледам тебе. Но, за разлика од тебе, неа можам да ја сакам. Можам и на сиот свет да му кажам дека ја сакам, зошто е моја. Засекогаш моја. Посакувам истото тоа и ти да можеше да го сториш. Со гордост да си го сакаш чедото свое.

Кога замина ги понесе со себе моите спомени, но твоите ги остави тука. Тие се мојата денешнина и утрешнина. Мојата вечност.
Те љубам. Сега и засекогаш. Запомни.

Сара го отвара писмото, уште еднаш го гледа девојчето од фотографиите и ги враќа во пликот што пак го сместува најдолу во орманот. Ова ќе биде уште една пробдеана ноќ...

http://img856.imageshack.us/img856/9130/polinjasonarcisi.jpg

По романот „Последниот чај“, Винка Саздова ни поклонува нов роман „Полиња со диви нарциси“. Необична приказна каде едно недочитано писмо е причина за долго патување во кое се испреплетувата староста и младоста, минатото со иднината, кои судбински вкрстени поклонуваат мигови содржани во лавиринтот на љубовта и неверството, пренесени во сегашноста.

niko650

Moderator

Како до правилни одлуки – Иван Грозданов

Постојат ли одредени дефиници за она што е „правилно“, а што „не е правилно“?

Секоја правилна одлука е индивидуално издефинирана. Она што за некого е правилно, за други е неправилно. Затоа би рекла дека правилна одлука е секогаш онаа која пред се не прави задоволни. Одлука која не води кон одредена цел, која всушност самите си ја поставуваме и зацртуваме, односно патека која самите ја избираме, применувајќи пред се лични искуства кои сме ги поминале и секогаш не допреле на некој начин, а при тоа не си наштетуваме ниту себе си, ниту пак на било кој околу нас, напротив имаат позитивен ефект.

Др.Иван Грозданов, универзитетски професор кои пишува книги, одржува предавања, образовни курсеви и трибини ни нуди еден практичен водич за тоа како да донесуваме правилни и мудри одлуки во нашите животи.

...Еден млад и неискусен бизнисмен отишол да се посоветува со еден познат, успешен и искусен бизнисмен и го прашал:

- Која е тајната на твојот успех?

- Мудрите одлуки што ги донесувам.

- А како да научам да донесувам мудри одлуки?

- Со искуство?

- А како да стекнам искуство?

- Преку донесување погрешни одлуки!

Но, мора ли да биде така? Има ли друг начин да постапуваме мудро, а воедно и богоугодно при донесување важни одлуки во нашите животи?

Некој рекол дека одлуките и изборите што ги правиме не прават нас. Верувам дека има голема вистина во оваа изјава. И нема сомневање дека ќе носиме уште многу одлуки кои ќе остават белег или лузни врз нашите животи. И повторно некогаш ќе згрешиме. Можеби ќе донесеме избрзана одлука, можеби премногу долго ќе чекаме, можеби ќе кажеме нешто што не требало да го кажеме, можеби ќе премолчиме нешто за кое подоцна ќе се каеме... И се разбира, мудро ќе учиме од грешките. Тој што не учи од грешките, осуден е постојано да ги повторува.

За да постапуваме правилно и праведно, човек треба да знае што е праведно и правилно, но и за какви цели живее.

Да живееш, значи да можеш да избираш. Но за да направиш добар избор, треба да знаеш кој си, за што се залагаш, каде сакаш да стигнеш и зошто сакаш да стигнеш таму.

Кофи анан

Последици од нашите значајни избори и одлуки има врз нашите лични животи, како и врз животите на другите лица, врз нашата фамилија, соседи, колеги, а има одлуки кои ќе влијаат врз иднината, па и нашата вечност.

Претседателот на САД, Роналд Реган бил познат како многу одлучен и решителен човек.

Еднаш некои новинари го запрашале од каде му е таа решителност?

Реган ја раскажал својата приказна:

Кога имал 10-11 години, Регановата баба го однела на чевлар за да му земе мера и да му изработи чевли. Откако му зел мера, чевларот го запрашал младиот Реган, дали сака чевлите да бидат заоблени или со пресечен врв. Реган му рекол дека ќе размисли и ќе му соопшти по 2-3 дена.

Но не се појавил. По една недела чевларот го посетил уште еднаш, но Реган повторно рекол дека се уште не се одлучил и дека за 2-3 дена ќе му јави.

Минала уште една недела, а Реган никако да се реши. Тогаш чевларот ги завршил чевлите и му ги однел дома.

Кога ги видел, младиот Реган збеснал зошто едниот чевел бил заоблен, а другиот со пресечен врв.

- Како можеше да ги направиш вакви? – му рекол на чевларот, а тој смирено му одговорил:

- Момче, ако не умееш сам да одлучуваш, некој друг ќе одлучува место тебе!

Оттогаш Реган станува одлучен и решителен човек, за да не се случи некој друг да решава место него...

Извадок од книгата: „Како до правилни одлуки“ - Иван Грозданов

http://imageshack.us/a/img339/2761/grozdanov.jpg

Нашата животна филозофија не се искажува преку зборови, туку преку нашите избори и одлуки.

niko650

Moderator

Brat životinja - Pol Rouzen

Knjiga izvlači iz zaborava jednog bliskog Frojdovog sledbenika, Viktora Tauska, poreklom iz Sarajeva, i objašnjava prirodu tog zaborava. Naime, njegovog imena nema u zvaničnim istorijama psihoanalize, iako je bio član Bečkog psihoanalitičkog društva u tečkim godinama od 1909. do 1919.(kada se ubio jednog četvrtka ujutro, pošto se prethodne večeri nije smogao snage da ode na uobičajeni sastanak Društva).

Knjigu je napisao psihoanalitički orijentisani profesor političkih nauka sa Harvarda, Pol Rouzen. Prikupljajući građu za knjigu o Frojdovim filozofskim i političkim idejama, on je razgovarao sa mnogim živim savremenicima i bliskim sradnicima osnivača psihoanalize i u tim razgovorima, usput, otkrio jedno ime za koje ranije nije bio čuo: Viktor Tausk. Zagolicalo ga je zašto se ne zna za čoveka koji je ostao u tako živom sećanju svih koji su ga poznavali, pa se po završetku posla na knjizi o Frojdu bacio na pravu megreovsku istragu.

Rezultati te istrage objavljeni su u ovoj knjizi i izazvali su pravi zemljotres u zvaničnim psihoanalitičkim krugovima krajem šezdesetih i početkom sedamdesetih godina. Napisani su mnogi članci, pa čak i jedna knjiga, u kojima se osporavaju njegove premise i zaključci o Frojdovoj krivici za preranu smrt bliskog saradnika čijeg talenta se bojao.

U toj polemici povodom knjige pokazalo se da je osnovna teza autora bila ispravna: Frojd je psihoanalizu pretvorio u politički pokret kome su važniji njegovi strateški ciljevi, nego bilo koji pojedinačni član kao čovek. Išlo se dotle da je Helena Dojč, jedan od ključnih svedoka o hladnći s kojom je Frojd odbacio Tauska kad je bio u najvećoj nevolji, bila prisiljena da demantuje svoje svedočenje dato pred svedocima i zapisano na traci.
http://i.imgur.com/VxU1SDnl.jpg
Dečje novine, Beograd 1989.

„Емоционална интелегенција“ - Даниел Големан

Авторот на овој светски бестселер „Емоционална интелегенција“ , - Даниел Големан, дипломирал со највисока оценка на Амхерст колеџот, магистрирал на универзитетот во Харвард,а во 1974 год. докторира специјализирана клиничка психологија и развој на личноста. Во текот на постдипломските студии ја истражува медитацијата, релаксацијата и стресот. Добитник е на повеќе престижни награди од областа на медицината и развојната психологија.

„Проблемот не е во емоционалноста, туку во оправданоста на емоциите и нивното изразување. Прашањето е како можеме интелегенцијата да ја приближиме до емоциите – со пристојноста на нашите улици и грижата за нашиот заеднички живот“ – Аристотел

„Емоционална интелегенција“ e книга која нуди решенија за проблемите при контролирање на сопствените емоции, проценките, создавање добри односи со околината, воспитувањето, школувањето…

http://www.odlican.com/d/12977-2/Emocionalna+intelegencija1.jpg

Авторот во неа вели:

...Надежта значи многу.

.Како што кажува митот, грчките богови и завидувале на убавината на грчката принцеза Пандора и и подариле таинствена кутија, предупредувајќи ја дека не смее да ја отвори. Но, љубопитноста и искушението ја натерале да го отвори капакот на кутијата за да погледне внатре. Со тоа ги ослободила најголемите зла во светот: болеста, лудилото и злобата. Меѓутоа, еден од добронамерните Богови и дозволил да ја затвори кутијата со цел да остане затворен „противотровот“ кој човековата несреќа ќе ја направи поднослива – НАДЕЖТА.

Современите истражувачи тврдат дека надежта значи многу повеќе отколку трошка утеха против болката и гневот. Таа има изненадувачки позитивна улога во животот, бидејќи овозможува достигнувања во разновидните области – од успехот во училиштето, до поднесување на најтешките работи во секојдневниот живот.

Во практиката надежта претставува нешто повеќе од оптимистичкиот став кога имаме чувство дека сите работи ќе се движат во позитивна насока.

C.R.Снајдер тоа попрецизно го дефинира:

Верувајќи си на себеси, добивате волја и го согледувате начинот на остварување на своите цели, какви и да се.“

Луѓето се разликуваат по обемот на надежта. Некои можат да се извлечат од неволјите и да ги решат проблемите, додека другите мислат дека им недостига енергија, способност или начин за да ги постигнат своите цели.

Снајдер смета дека луѓето со поголема надеж поседуваат заеднички црти, како што се самомотивацијата, чувството дека се доволно способни да најдат начин за постигнување на целите. Веруваат дека ако дојдат во тесно, работите можат да тргнат кон подобро. Доволно се флексибилни за да изнајдат различни начини за постигнување на замисленото или пак да ги забават амбициите ако тие се неостварливи и неостварливото го преобразуваат во остварливо...

Извадок од книгата „Емоционална интелегенција“ од Даниел Големан

Оваа книга, која всушност би ја нарекле водач на патувањето кон научното спознавање на емоциите, патување кое се стреми кон појасно разбирање на најсуштинските моменти од нашето живеење и светот околу нас.

Преку низа примери, ова патување низ страниците на оваа книга не води кон нови откритија на емоционалната мозочна архитектура, кои всушност ги толкуваат најтаинствените мигови во нашите животи, во кои чувството го надминува рационалното.

Во вториот дел ни се дава можност да го воочиме начинот на кој невролошките докази го искажуваат основниот талент за живеење, емоционалната интелегенција, како да се завладее емоционалниот импулс, како да се забележат најдлабоките чувства на другите и како да се усогласат меѓусебните односи.

Многумина можеби ќе се пронајдат во делот каде ни се нуди начинот на кој можеме да ги искористиме своите способности и да ги сочуваме нашите наскапоцени пријателства, да го зголеми работниот успех, да го сочуваме своето здравје итн.

Не се запоставени и децата. Всушност ова дело преку примери ни нуди пристап кон нив во еден многу чувствителен период од нивниот живот - детството и адолесценцијата, период во кој настануваат основните емоционални навики кои всушност ќе ги управуваат нивните животи.

На крајот се сретнуваме со сите опасности кои можат да се јават во животното созревање, доколку не се совлада царството на емоции. Денешницата најмногу загрижува токму со податоците кои укажуваат за настапување на генерации, кое се се повеќе емотивно полабилни од претходните т.е. поосамени, подепресивни, погневни, понеупатени, понервозни, поподложни на грижи, поимпулсивни и поагресивни.

Тука се наведува и едно ново решение или ново гледање на она што би можеле и училиштата да сторат, односно образување на учениците во целина спојувајќи ги во училниците разумот и срцето. Авторот вели дека може да го предвиди денот кога образованието, по навика ќе ги вклучи утврдените основни човечки способности, како самосвеста, самоконтролата, емпатијата, вештината на слушање, решавање на конфликти и соработка, обрнувајќи поголемо внимание кон сето тоа, давајќи часови со цел за добивање основни знаења за емоционалната интелегенција.

„Секој може да се налути – тоа е лесно.
Но да се налутиш на вистинската личност со доволна силина,
во вистинскиот момент,
заради вистинска причина и на добар начин – тоа не е лесно“.

Аристотел

Како вовед пред книгата, за осознавање на поимот интелегенција и емотивна интелегенција, потребата од нивно заедничко функционирање, го препорачувам следниот линк,

поимот интелегенција и емотивна интелегенција

кој ни укажува за улогата на емоционалната интелегенција EQ, како неминовно надополнување, односно надградување на општата интелегенција (IQ), бидејќи емоционалната интелегенција која многумина ја нарекуваат - интелегенција со срце,како релативно нов поим, не е вродена особина туку се развива во текот на животот и придонесува за формирање на една комплетна личност.

http://youtu.be/ANE6X4JwXdk

niko650

Moderator

Моќта на подсвеста за 21 век - Џозеф Марфи

„ Не можам да остарам“ – вели една ценета артистка.

„Затоа што ја сакам својата уметност. Својот живот го поминувам нурната во неа. Никогаш не ми е здодевно. Како може некој да добие брчки или да биде изморен или незадоволен, кога е среќен, ангажиран, секогаш одморен и кога духот му е секогаш млад? Кога сум изморен, тоа не е мојата душа, туку само моето тело“.

Ако сакате да „бидете вечно млади кога ќе остарите“, прифатете го мотото на сончевиот часовник – ги бележам само сончевите часови. Никогаш не обрнувајте им внимание на темните и мрачни часови. Заборавете ги непријатните и несреќните денови. Запаметете ги само деновите исполнети со богати искуства, другите нека паднат во заборав.

Се вели: „ Долговечните луѓе се вешти во надежта“. Ако ја сочувате надежта и покрај обесхрабрувањата и ако со сите тешкотии се соочите со весело лице, ќе биде многу тешко за староста да остави бразди на вашето лице. Долговечноста лежи во веселоста.

Не откажувајте се од љубовта, ниту од љубовта кон романтиката.Тие се амајлии против брчки. Ако умот е постојано преокупиран од љубов и е исполнет со благородни чувства кон сите, телото ќе биде свежо и силно многу подолго отколку што би било ако срцето е пусто и лишено од човечки симпатии поради лакомото живеење. Срцето што е топло од љубов, никогаш нема да смрзне поради старост, ниту да се излади поради предрасуди, стравови и грижи.

Но најголем победник над староста е радосниот и топол дух, исполнет со надеж. Луѓето што сакаат да ги победат годините, мораат да имаат сомилост спрема сите. Мораат да ги избегнуваат грижите, зависта, злобата и љубомората. Сите мали пакости што предизвикуваат огорченост на срцето, што оставаат брчки на челото и што го замаглуваат окото. Чистотот срце, цврстото тело и широкиот здрав и великодушен ум, што е решен да не ги покаже годините, се главни елементи на фонтаната на младоста, што секој од нас може да го најде во себе.

Избегнувајте ги трите смртоносни симптоми на стареењето: себичноста, стагнирањето и нетолерантноста. Ако ги најдеме во себе, можеме да бидеме сигурни дека старееме, иако имаме само триесет години. За среќа, постојат три одбрамбени механизми што се неуништиви. Ако ги користиме, ќе умреме млади, дури и ако навршиме сто години. Тоа се сочувството, напредокот и толеранцијата. Мажите и жените што имаат божествени квалитети: сочувство, напредок и толеранција, остануваат засекогаш млади.

Високите идеали, возвишените намери, благородните цели, сето она што го тера човекот да гледа нагоре и да се бори, се стреми да го подобри неговото здравје. Кога ќе оставиме настрана се друго, душата што копнее ќе живее најдолго. Желбата е постојан двигател. Таа ги стимулира сите способности.

Старееме брзо зошто не ги одржуваме во хармонија нашите ментални механизми. Раздорот, грубоста и конфликтите многу брзо го опустошуваат животот. Стабилноста и менталното спокојство се пријатели на младоста и се стремат да го обноват и подмладат телото.

Мислете на животот и живејте го, мислете на младоста и живејте ја, чувствувајте ја и изразувајте ја со секоја пора на своето битие! Затварајте ја упорно вратата на непријателите на младоста, на сите мисли на староста. Со хармонично размислување ќе ја задржите младоста и ќе го продолжите животниот век до неверојатни граници...

Извадок од книгата „Моќта на подсвеста за 21 век за здравје и виталност“ од Џозеф Марфи

http://www.odlican.com/d/13031-2/Mokta1.jpg

Оваа книга, како продолжение на „Моќта на посвеста“ ни го покажува патот на обновата и трансформацијата на нашиот ум, што води кон позитивни промени во нашиот живот. Во нас постои неограничена моќ да избираме, решаваме, како и целосна слобода да го направиме чекорот кон вклопување и трансформација. Тоа е всушност клучот на денешното живеење. Емерсон напишал: „Ние сме она за што размислуваме по цел ден“. Единствената казна што понекогаш ја добиваме, доѓа од погрешната употреба на нашиот ум.

Во книгата др.Марфи обединува различни длабочини на моќта и ги претставува на разбирлив и практичен начин, кои лесно можеме да ги примениме во својот живот. Но само со читање на книгата нема да го подобриме својот живот. Да го зголемиме својот потенцијал, мораме да ги проучиме,усвоиме и и да ги интегрираме истите во својот мисловен процес. Да ги примениме како интегрален дел од својот пристап во секој момент и секој дел од нашиот живот.

„Разбуди се и живеј. Никој не е осуден да биде несреќен, обземен од страв и од грижи. Да живее во сиромаштија, да страда поради лоша здравствена состојба, ниту да се чувствува отфрлен. Бог ги создал сите луѓе според својата слика и ни дал моќ да ја надмине бедата и да постигнеме среќа, хармонија, здравје и просперитет.

Во себе имаш моќ да го збогатиш својот живот!

Др. Џозеф Марфи

niko650

Moderator

Нашиот ум – пријател и непријател

Човекот се разликува од животните пред се затоа што има ум кој е способен да размислува.

Обидете се да утврдите со што е преокупиран вашиот ум, барем за момент. Ќе видите дека тој се фаќа за се што ќе дојде во полето на неговиот дофат, прескокнува од еден предмет на друг и во нашата глава создава хаос кога навистина треба да решаваме важни проблеми.

Умот не сака да ги решава проблемите, тој сака да се занимава со бесмислени врзувања за се што го опкружува. И вие го поттикнувате тоа во него, бидејќи не се стремите да го дисциплинирате и да го повикате во тишина и спокој. Сите мисли и чувства скокаат, се судираат и се сменуваат, а вие немате никаква корист од тоа.И колку повеќе мисли и чувства се судираат, толку повеќе сте оддалечени од вистинското решение за вашите проблеми.

Доколку ги затворите очите и завладеете со искуството, концентрирано во пасивното набљудување, хаотичните мисли кои скокаат ќе заминат, а место нив од длабочината на вашето битие ќе дојдат вистинските одговори за вашите проблеми.

Но како да го смириме умот и да му дадеме збор на разумот?

Еднаш седев на брегот покрај океанот. Сомневањата, стравовите и тагата ме растргнуваа, во главата се вртеше мислата за бесмисленоста и празнината на моето постоење. И одеднаш океанот ми го сврте вниманието од мојата преокупираност со себе, со празното бесмислено кружење на мислите, го видов океанот, со погледот проникнав во неговите длабочини и ја видов неговата душа. Таа душа, душата на океанот ми рече:

„ Во мене постојат само длабочината и спокојството. А капките вода над мојата површина, тоа е она што доаѓа и си оди. Исто е и со твоите збркани мисли, тоа е она што доаѓа и си оди. Длабочината и спокојството на твојата душа е она што вистински ти припаѓа тебе, тоа е она што останува засекогаш“.

Во истиот момент ги почувствував длабочината и спокојството кој се всушност мојата вистинска природа. Тоа пространство без дно во мојата внатрешност всушност е она што во суштината сум „јас“. А моите сомневања, стравови, жалости и грижи се само капки вода над површината на океанот, тие доаѓаат и си одат. Тие ќе си одат, за да му ослободат место на моето вистинско Јас кое ќе ми каже збор – два за исцелувањето.

Во нас постои вистински исцелител кој ја знае вистината: како да најдеме решение за проблемите, како да излеземе од тешките ситуации, како да се хармонизираме со светот и со себе. Медитација!

Медитацијата не става зад границите на затворот на нашите мисли и чувства. Таа не прави слободни, ни ги отвара скриените врати на знаењето.И тогаш ни станува јасно и едноставно она што ни изгледало невозможно.

Пронајдете го во себе сопствениот извор на вистината, па светот кои изгледаше мрачен и замрсен, ќе добие блескавост и прозрачност, светлина и радост, ќе нема замрсени лавиринти и ќе постојат само јасни и светли патишта, патишта кон вистината, кон здравјето и радоста.

Стојам на работ на бездната.
Со грбот свртен кон неа.
Во душава не ми затрепери сомнежот.

Хаику од 16 век

Измамете го вашиот ум, не давајте му да се сомнева и ќе преживеете на работ на секоја бездна!

„Прочистување на душата“ – Кацуџо Ниши

http://www.odlican.com/d/13503-2/cvet1.jpg

niko650

Moderator

Наместо страв, повикајте љубов - Бренда Шошана

Кој е најдобриот начин да се победиме себеси. Да го препознаеме стравот.

Френклин Рузвелт вели: „Стравот е единственото нешто од кое треба да се плашиме“.

Американскиот психолог Др.Бренда Шошана за стравот вели:

Тој не парализира, кочи, запира на патот до самоисполнување. Дури го ослабува и нашиот имунолошки систем. Поради него пропуштаме големи љубови, деловни прилики, занимливи луѓе и патувања.

Со упорност и постојана вежба се може да се победи, дури и стравот.

Во својата книга „Без страв“ авторката Бренда ги опишува сите лица на стравот и тврди дека тој всушност е кукавица кој постанува беспомошен кога ќе го запознаеме и му погледнеме во очи.

Книгата на Бренда нуди практична работилница од низа едноставни вежби кои можат многу да ни помогнат во исфрлањето на стравот од својот живот, било да станува збор за страв од промени, страв од посериозна врска, дури и брак, страв од неуспех и слично, а на неговото место повикаме љубов.

Како се користи работилницата?

Работилницата е наменета за ослободување од стравови, јакнење на љубовта и постигнување мир. Вежбите од работилницата се пријатни и помоќни од било кое друго средство. Не само што ќе ви обезбедат сигурност, дури ќе им користат и на луѓето во вашето опкружување. Пронајдете ги оние вежби кои вам лично посебно ви одговараат, присвојте ги и работете ги секој ден. Иако за ова е потребно време и трпение, сватете го како едно пријатно патување низ времето. Без оптеретување од резултатите, следете ги вашите чекори и внимателно регистрирајте ги сите промени кои полека настануваат во вашиот живот. Но не бидете нетрпеливи и не очекувајте дека промените ќе настанат преку ноќ. За сето тоа е потребно трпение и време. Нека ве поведе мислата дека вие не сте настанале за да се покорувате на стравот или да бидете роб на темнината. Вие имате право на сета убавина и моќ на вистината и реалноста.

Соочување со стравот очи во очи

Какви маски секојдневно носите?

Како сакате да ве видат другите?

Од што најмногу се плашите дека ќе видат во вас?

Која цена за тоа плаќате?

Симнувајте по една маска дневно. Бидете секој ден она што сте, барем на кратко. Издвојте време да засакате некоја своја особина од која се плашите. Прифатете го непожелниот дел од себе. Гледајте го со наклонетост. Дајте му место да дише. Дозволете и на вистината да излезе на виделина.

Издвојте време и простор за она што ве чини среќни

Што ве прави среќни и исполнети? Одговорите брзо, запишувајќи го тоа на парче хартија. Запишете го она што прво ви паѓа на памет. Не размислувајте што другите ќе кажат за тоа. Колку простор и време одвојувате за она што ве прави среќни и исполнети? Почните секојдневно да го правите она што ве прави среќни и најдлабоко ве исполнува. За почеток и една минута ќе биде доволна.

Кажите што мислите и тражете го она што ви е потребно

Што сакате да кажете, а сеуште не сте го изговориле?

Кому би му го кажале?

Што навистина тражите од другите?

Дали сте спремни тоа да го потражите?

Дали сте навистина спремни да прифатите „да“ или „не“ како одговор на своето барање?

Ова е многу битно. Оставете и на другата личност право да каже „да“ или „не“. Не примајте се кон своето срце.

Кажите „не“

На што треба да му кажете „не“ во својот живот?

Добро размислете и потоа на една по една ставка кажете и „не“. Внимателно набљудувајте се самите себеси, видете како се чувствувате? Не го правите тоа затоа што сте лути, туку само од причина што со своето раѓање имате право да кажете „не“ на она што не е добро за вас.

Кажете „да“

На што во животот би му рекле „да“ и тоа со отворено срце, без сомнеж и оддолжување. Направете список на сите работи кои ве исполнуваат. Потоа на секоја ставка посебно речете и „да“.

Ќе видите колку е прекрасно чувството да се прифати и потврди нешто и потполно да му се посвети внимание на истото.

На кои личности од својот живот можете да им кажете „да“? Веднаш повикајте ги и кажете им колку ви значат. Колку повеќе велите „не“ на она што не е добро за вас, толку повеќе ќе ви биде лесно да кажете „да“. Вашиот список на работи на кои можете да им кажете „да“ ќе биде се поголем, а сомнежот и стравот ќе ги однемува.

Допуштете стравот да пројде

Размислите дали некогаш ве преплавил бран од стравови а вие не сте зарониле во него туку сте го пуштиле да пројде – сте ја осетиле вистинската ситуација и сте се ослониле на вашата внатрешна снага. Размислувајте малку за тоа.

Допуштете му на стравот да го менува својот облик

Кога ќе почувствувате страв, запрашајте се како тој изгледа? Понекогаш чувството се преобразува во слика. Ако е така, обрнете внимание на сликата, видите што ви значи таа. Заблагодарете и се што се појавила и дозволете и таа сама да се открие. Вие само гледајте ја. Сликата обично сама ќе се промени. При тоа се менува и чувството на страв и тогаш можете да го видите каков е стравот – како прашина на ветер, немоќен, безначаен и минлив.

Водите дневник на победи

Бидете свесни за секој ваш успех кој го постигнувате, наспроти стравот кој го чувствувате. Запишете го. Секој пат кога нешто позитивно ќе се случи, вредно за вас, иако сте се плашеле забележете го.

Овие белешки ќе ви помогнат кога ќе се случи нешто убаво да застанете и го искусите тоа доживување. Не заборавајте дека она на кое му поклонувате значение се повеќе расте. Што повеќе посветувате внимание на она што е позитивно во вашиот живот, тоа ќе го имате.

Ослободете се од грчевито држење и поврзување

Кога нешто доаѓа, посакајте му добредојде. Кога си оди, пуштете го да оди.

Вашето грчевито држење произведува страв. Донесете одлука дека од денес нема да се врзувате за било што. Ќе му допуштите на животот да оди понатаму, по својот тек. Обрнете внимание колку се чувствувате подруго кога тоа се случува. Погледнете како светот поинаку реагира на вас.

Престанете да се спротивставувате на промените

Помислете на нешто што сакате секогаш да остане исто.

Колку долго така се чувствувате?

Дали поради тоа ситуацијата останала иста?

Како во минатото сте реагирале на промените?

Дали сте се обвинувале самите себеси или пак другите?

Дали сте пробувале да го запрете текот на промените?

Можете ли едноставно да оставите промените да се случуваат?

Допуштете им на промените едноставно да се случуваат

Постои ли нешто што би сакале многу да се промени, кога за тоа ќе бидете спремни и на начин на кој вам ви одговара?

Обрнете внимание на тоа дека вие своите идеи и потреби им ги наметнувате на другите. Допуштете околностите да бидат такви какви што се. Престанете да се мешате и дозволете и на промената да се случи спонтано, да се развива по свој тек. Дури и ако не сте во состојба да го допуштите тоа, промената ќе се одигра во свое време и на свој начин. Затоа нема потреба од вашето вмешување во работите. Запрашајте се, дали тоа не го правите сакајќи да се чувствувате посигурно?.

Тоа се постигнува единствено со ослободување од стравот. Кога ќе престанете да се туркате и да навалувате, кога ќе ги ствнете желбите да ги промените работите кои животот ви ги носи, голем дел од стравот ќе го однема, а вашата сигурност ќе расте. Пробајте и уверете се сами!

Минувајте време сами со себе и прифатете ги другите и самите себе такви какви што сте

Погледнете за миг околу вас. Забележете кој е околу вас. Добро погледнете ги тие луѓе.

Дали сте спремни да ги прифатите?

Што ќе се случи ако тие почнат да ве прифаќаат вас?

Направете список на се што ви е тешко да го прифатите.

Можете ли денес да пробате да ги прифатите тие луѓе?

Направете список на особини кои не ги прифаќате кај другите луѓе, кај оние кои никогаш не би можеле да ви бидат пријатели. Дали се всушност тоа особини кои одбивате да ги прифатите кај себе?

Бирајте живот, бирајте љубов

Љубовта е прашање на избор. Таа се развива низ постапки и дела водени со љубов. Од вас зависи дали ќе ги правите без обзир како се чувствувате. Силна одлука може се да преврти. Кога и да се случи нешто што не е во склад со љубов, застанете и изберите љубов. Вие ја имате моќта на изборот – тоа е еден од најдрагоцените дарови со кое е дарувано човечкото битие. Изберете живот, изберете љубов. Изберете да бидете се што треба да бидете. Оваа одлука ја отвара секоја врата, померува планини.

Пробајте и уверете се.

Што ви е потребно да се чувствувате сигурно

Направете список од се што ви е потребно да се чувствувате сигурно.

Како се трудите тоа да го обезбедите?

Што ќе се случи ако не успеете?

Како да се носите со стравот кој го чувствувате?

Што е всушност правата опасност за вас?

Дали се плашите од губиток, навреда,исмејување?

Од што всушност се плашите?

Постои ли нешто друго што би ви обезбедило чувство на сигурност и спокој во состојбата во која се наоѓате?

Дали сте во состојба да го тражите она што ви е потребно?

Дали сте спремни некому да му казете што ви смета?

Пробајте го тоа уште денес. Ако ви е нешто потребно од некого, потражете го тоа. Ако нешто ви смета, разговарајте за тоа уште денес, но смирено.

Застанете за момент и сетете се на три ситуации во животот кога сте биле навистина тажни и вознемирени.

Како сте се носеле со тоа?

Дали сте ги изразиле своите чувства?

Дали викавте, окривувавте некого или паднавте во депресија?

Овие видови на реакција се штетни за вас и во вас создаваат чувство на несигурност.

Престаните да се борите со она од што се плашите

Проведете малку време замислувајќи се како се соочувате со она од што се плашите. Престаните да се борите. Само бидете присатни во мислите. Изворот на страв нека биде онаков каков е. Пуштете го да работи што сака. Тој полека ќе почне да ја губи својата сила. Кога ќе престанете да се борите со стравот и кога ќе престанете да го мрзите, тој почнува да ја губи силата и бледее.

Повикајте во својот живот се што е добро и корисно

Можеби ви е тешко да замислите да имате моќ да го повикате доброто во вашиот живот. Можете да бидете опкружени со негативни луѓе, но не морате да им дозволите да завладеат со вас. Одвојте време и повикајте го се што е добро и корисно да влезе во вашиот живот. Направете го тоа на начин на кој вам ви се чини дека е добар.

Седите под дрво и осмислете реченица со кој ќе го повикате доброто во вашиот живот. Запишете ја, изговорете ја, отпејте ја, напишете објава и залепете ја на зид.

Некои луѓе мислат дека не заслужуваат добри и коорисни работи во својот живот. Меѓутоа тоа воопшто не е точно. Секој од нас заслужува добро и корисно за себе и може да го повика во својот живот. Колку повеќе добро и корисно имате во својот живот, толку повеќе ќе ги поттикнувате другите да го следат вашиот пример.

Извадок превземен од книгата „Без страв“ од Др.Бренда Шошана

niko650

Moderator

Leonardovi labudovi - Karen Saseks

Istorijski roman, smesten u doba renesansne Italije, za ljubitelje istorije i
umetnosti svakako predstavlja interesantno stivo za citanje.

http://i.imgur.com/Z4eiMAu.jpg

Kroz zivot dve porodice Sforca iz Milana i d'Este iz Mantove, upoznajemo se sa politikom, intrigama, suparnistvom, ljubavlju i izdajom tog vremena. Protkan istoriskim cinjenicama, kao opisom zivota i dela cuvenog genija, misticnog i genijalnog maestra Leonarda DaVincija, svakako predstavlja interesantno stivo i za ljubitelje umetnosti. Leonardo je najcesce slikao zene, tako da se veliki deo gospa cije je lepote ovekovecio cuveni maestro a ciji je zivot opisan u romanu, danas nalazi u Luvru.

Krajnje interesantan roman, cita se u dahu i od srca preporuka.

Pismo gospodje Vilme - Jelena Bacic Alimpic

¨ Svaka porodica krije svoje tajne. Neke je, medjutim, bolje ostaviti zakopane.¨

Da li znate svoje korene? Poznajete li porodicnu proslost?

Roman o porodicnoj proslosti, o sudbini zene koja je svoj zivot zrtvovala zarad ljubavi, o usudu porodice i posledicama na potomke, svakako ce Vas naterati na razmisljanje.

Odlican roman, cita se u jednom dahu, topla preporuka.

http://www.odlican.com/d/14953-2/Pismo+gospodje+Vilme-+Jelena+Bacic+Alimpic.jpg

Link sa kojeg mozete skinuti e- knjigu u pdf formatu:

http://share.pdfonline.com/includes/search.htm?q=pismo%20gospodje%20vilme

Белата Масаи - Корин Хофман

За оние кои се љубители на авантурите, патеписите и романтичните приказни, Корин Хофман во интернационалниот роман со три продолженија „Белата Масаи“, „Враќање од Африка“ и „Враќање во Барсалои“, ја раскажува својата животна приказна.

Додека е на одмор во Кенија, Корин се вљубува во еден Африкански воин. Откако ќе помине низ бројни премрежја и препреки, се сели со него и неговата мајка во мала колепка и цели четири години живее во неговото село.

Нејзините соништа почнуваат да се уриваат и таа почнува да кове план да се врати дома, со својата ќерка, бебенце родено од навидум неуништливата љубов помеѓу белата Европејка и Африкански масаи, да понатаму во нејзиното продолжение „Враќање од Африка“, по архаичниот живот со Масаите, започува нов почеток во светот на белците, при што ја очекуваат многу пречки.

Но со истата желба, храброст и оптимизам со кои ги совладува предизвиците во Кенија, таа успева да изгради заштита и сосема нов живот. Врската со нејзиното Африканско семејство ја одржува преку писма, кои покасно и ги оживуваат нејзините скоро заборавени случувања.

Во третото и последно продолжение на „Белата Масаи“ во „Враќање во Барсалои“, Корин по четиринаесет години од своето бегство со својата ќерка Напираи, која тогаш има само една година, повторно седнува во авион и се враќа во Кенија...

Џон Килкулен за ова мошне читливо и едноставно дело вели:

Белата Масаи е волшебна, романтична љубовна приказна, возбудлива авантуристичка драма но истовремено и префинето дело со прецизно установена општествена антропологија. Вистински и целосно уживав во секоја негова страница. Начинот на кој Хофман ја пишува оваа фасцинантна приказна ви дава чувство дека се наоѓате во нејзината дневна соба и ја слушате нејзината животна приказна. Сторијата е мошне искрена и ви дава реален приказ за секојдневниот живот на Африканскиот народ

http://www.odlican.com/d/15236-2/belatamasai.jpg

...Кога го испивме кафето, конечно се разведри. Ги собув сандалите и тргнав боса по песочната плажа. Ми се обратија неколку продавачи, а други изложуваа за продажба слики и маски. Го видов своето некогаш омилено место на плажата. Таму седев по првиот неуспешен обид да го бакнам Лкетинга и три години подоцна, речиси секоја недела, додека нашата мала ќерка си играше на песокот. Тука седев и со Папа Сагуна кога тој првпат го виде морето, при што речиси му се слоши од страв.

Ги оставив сеќавањатта, чувствата и мислите да течат слободно додека чекорам по мекиот песок. Свесна сум колку е сеуште голема мојата маѓепсаност од Кенија, но маѓепсаноста е насилна од делот на земјата со кој е најтешко да се справите - од земјата на Самбуруите. Исто така чувствувам и дека веќе не сакам да живеам во Кенија, ни во земјата на Самбуруите, ни на брегот.

Веќе ништо не ме задржува во Момбаса и бев среќна кога се одвезовме на аеродромот. Но сега сакам само да си одам дома, кај ќерка ми. Ме преплави силна желба пак да ја гушнам и да и раскажам се за нејзиното Африканско семејство...

„„Враќање во Барсалои“ - Корин Хофман

Колку чудесен роман! Еден од најубавите љубовно-романтични што сум ги прочитала!

М.Дебора

Топла препорака за овој прекрасен роман!

niko650

Moderator

Najlepše priče - Filip David

Filip David (Kragujevac, 4. jul 1940) je srpski književnik, Jevrejin po nacionalnosti, dugogodišnji urednik Dramskog programa Televizije Beograd. Jedan je od osnivača Nezavisnih pisaca, udruženja osnovanog 1989. u Sarajevu koje je okupljalo najznačajnije pisce iz svih delova bivše Jugoslavije i osnivač Beogradskog kruga (1990), udruženja nezavisnih intelektualaca koji su se od samoga početka suprotstavljali režimu Slobodana Miloševića. Godine 1991. je udaljen sa posla u RTS zbog osnivanja Nezavisnog sindikata Radio-televizije Beograd.

Napisao je više TV drama i filmskih scenarija i objavio je tri knjige pripovedaka:"Bunar u tamnoj šumi", "Zapisi o stvarnom i nestvarnom", "Princ vatre", roman "Hodočasnici neba i zemlje" i knjige eseja: "Fragmenti iz mračnih vremena", "Jesmo li čudovišta" i "Svetovi u haosu."

Zajedno sa Mirkom Kovačem objavio je "Knjigu pisama 1992—1995." Od početka rata na prostorima bivše Jugoslavije napisao veći broj angažovanih tekstova pod zajedničkim nazivom "Zapisi iz mračnih vremena." Tekstovi su emitovani na francuskom radiju (RFI), objavljivani u "Našoj borbi", "Feral tribjunu" i mnogim drugim novinama i časopisima u zemlji i inostranstvu.

Pripovetke i roman su između ostalih dobili nagrade: "Milan Rakić", Ćopićevu, BIGZ-ovu, Prosvetinu nagradu za najbolju knjigu godine i Andrićevu nagradu. Član je Grupe 99, osnovane na Frankfurtskom sajmu knjiga 1999. i jedan od utemeljivača nezavisne književne asocijacije Forum pisaca, osnovane u decembru 1999. godine.

Filip David je trenutno (2008) zaposlen kao redovni profesor dramaturgije na Fakultetu dramskih umetnosti u Beogradu. Koscenarista je filma "Kad svane dan" koji je srpski kandidat za Oskara 2012. godine.

Biografija preuzeta iz Wikipedie.

Najlepše priče

http://i.imgur.com/fMjEuDh.jpg

Priče Filipa Davida se mogu najbliže odrediti kao fantastična proza. Fantastika sa elementima horora, ili detektivske priče.

U priči "Bunar u tamnoj šumi" vodi se dijalog izmedju oca i sina:

"Pitam se da li si ikada ranije sanjao to propadanje kroz ništa, kroz ponor, tu strašnu smrt u bunaru?"

On me pogleda patnički, kao da neki oštar predmet zabadam u njegovo telo.

"To nije misao, oče", reče, - to je stvarnost."

Filmski jezik Želimira Žilnika - Petar Jončić

Specifičnosti Žilnikovog filmskog jezika u ovoj knjizi posmatrane su hronološki, kako u igranim filmovima i dokumentarnim TV dramama, tako i u kratkim dokumentarnim eksperimentalnim formama, čime je predstavljen raznolik opus ovog autora u kontekstu istorijskih zbivanja dugih trideset pet godina. Do sada je jedino knjiga Branislava Mitojevića "Rani radovi Želimira Žilnika 1967-1972" bila ozbiljnija publikacija objavljena o počecima Žilnikovog stvaralaštva, dok se o kasnijem radu pisalo jako malo. Zato mnogobrojna arhivska građa u ovoj knjizi obuhvata novinske članke, kritike i intervijue objavljene zaključno sa 2000. godinom i otkriva kako je javnost reagovala na njegovu provokativnu poetiku zasnovanu na konceptima autorskih filmskih trendova u domaćem i stranom filmu sredinom dvadesetog veka.

Ako pojam angažovanog filma prihvatimo u širem smislu - kao otvorenost sedme umetnosti prema uzbudljivim ljudskim sadržajima i, istovremeno, kao njenu spremnost da revolucioniše samu sebe-onda se tokovi srpskog filma pojavljuju u jednom neuobičajenom i izmenjenom redu. Zato nikako ne treba ispustiti iz vida činjenicu da Žilnikov rad konstantno prožima antiteza između formalnog eskperimenta i humanog sadržaja i da krivulja njegovog umetničkog razvoja ide od jednog do drugog fenomena. Naravno, ta osobenost je karakterisala i druge autore, te nisu retki slučajevi njihovog poistovećivanja. Sa ovog stanovišta, konceptualni odnos prema stvaranju filma, kao što su 'Rani radovi', označava i trenutak najvećeg naglašavanja tog kritičkog pristupa svojstvenog čitavoj generaciji.

Autor

http://i.imgur.com/V4DOdCw.jpg
Izdavač SKC, Beograd 2002.

Igrani filmovi:

  1. Rani radovi (1969)
  2. Sloboda ili trip (1972)
  3. Raj, imperijalistička tragikomedija (1976)
  4. Druga generacija (1983)
  5. Lijepe žene prolaze kroz grad (1985)
  6. Tako se kalio čelik (1988)
  7. Marble Ass (1995)
  8. Kud plovi ovaj brod (1988)