Lepota reci i govora - upoznajmo makedonski jezik Umetnost

nisam ekspert, po meni - lepota jezika mnogo zavisi od osobe koja ga govori. znamo da je francuski divan. probacemo da otkrijemo lepotu drugih jezika.

makedonski je jezik koji nam je tako blizu i daleko u isto vreme. nekad je bilo uobicajeno slusati ga da ga nismo ni primecivali. sada smo ga se malo i uzeleli.

u ovoj temi planiramo ne samo da prikazemo o njemu i na njemu ono lepo vec i da ga malo upoznamo i naucimo nesto. govoricemo i o pravopisu, i o zastupljenosti dijalekata, navescemo i neke primere lepote makedonskog jezika.

obzirom da imamo par clanova iz makedonije, nadam se da ce nam pomoci da odrzimo ovu temu o makedonskom, makedoncima i makedoniji.

galeksic

Site Admin

Eden interesen link za pocetok

na ovoj link za site ljubiteli na makedonskata muzika i radio moze da se najdat dosta interesni raboti

http://topsites.vmacedonia.net/

Lidija

Moderator

Lihnida

Lihnida kajče veslaše
Po ohridskoto ezero,
Nasproti nejze ribari, ribari,
Ribari stari drugari.

Ribari, stari drugari,
Krotko veslajte kajčeto,
Da ne mi prajte barnovi, barnovi,
Racite da si odmoram.

Lihnida kajče veslaše
Po ohridskoto ezero
Tažna si pesna peeše
Biljana platno beleše.

Lihnido, mome Lihnido,
Ako ti prajme branovi,
So veslo ќe gi skrotime, skrotime,
So ljubov ќe te gledame.

Ne sakam da gi krotite
I ne sakam da me gledate,
Jas sakam edno ezero, ezero,
Dušata da si odmoram.

Lihnida kajče veslaše
Po ohridskoto ezero
Tažna si pesna peeše
Biljana platno beleše.

http://i.imgur.com/AsUoDVCl.jpg
Ohrid

more, a slatka voda.

Konstantin Miladinov - T'ga za jug

Orelski krilja kak da si metneh
i v nasi st'rni da si preletneh!
Na nasi mesta ja da si idam,
da vidam Stambol, Kukus da vidam,
da vidam dali s'nceto i tamo
mratcno ugrevjat, kako i vamo.

Ako kako ovde s'nceto me stretit,
ako pak mracno s'nceto svetit:
na p't dalecni ja ke se stegnam,
i v drugi st'rni ke si pobegnam,
k'de s'nceto svetlo ugrevjat,
k'de neboto zvezdi posevjat.

Ovde je mracno i mrak m' obviva
i temna m'gla zemja pokriva:
mrazoj i snegoj, i pepelnici,
silni vetristca i vijulici,
okolu m'gli i mrazoj zemni,
a vg'rdi studoj, i misli temni.

Ne, ja ne mozam ovde da sedam!
Ne, ja ne mozam mrazoj da gledam!
Dajte mi krilja ja da si metnam
i v nasi st'rni da si preletnam:
na nasi mesta ja da si idam,
da vidam Ohrid, Struga da vidam.

Tamo zorata greit dusata
i s'nce svetlo zajdvit v gorata.
Tamo darbite prirodna sila
so s'ta raskos gi rasturila:
bistro ezero, gledas, beleit
ili od vetar sinotemneit:
pole poglednis, ili planina
- segde Bozeva je hubavina.

Tamo po s'rce v kaval da sviram,
s'nce da zajdvit, ja da umiram!

Inaku ovoj manastir e vo blizina na mojata naselba i poteknuva od 14 vek.

Lidija

Moderator

Snosti minav pokraj vazi

Snosti minav pokraj vazi
tebe, mome, ne te najdov.
Srce mi se rastreperi,
pocnav solzi da ronam.

Seci, mome, rusi kosi,
pravi skala da se kacam,
da ti vidam belo lice,
em rudoto ti grlo.

Kazi, mome, vistinata,
ljubis li me, mamis li me,
il sos' men' se podigravas
da ti mine vremeto ?

Ah, da mozam da razberam
bula li si, il' Grkinka,
il si moma Makedonka,
sto si tolku ubava.

Lidija

Moderator

Ново - Александр Борисович Андиј

Семафорите од црвено светнуваат зелено, месечината му го препушта местото на сонцето, децата од дворот стареат. Вчера си го видел во количка, а денес веќе пие пиво и пцуе. Птиците одлетуваат и се враќаат, топлината се менува со ладно, дрвјата растат. Нови згради се издигнуваат наоколу. Нови мобилни телефони. Весници, магазини. Твоте домашни миленичиња умираат, а ти земаш нови. Луѓето умираат, но немаш со кого да ги замениш. Едни пријатели ги снемува, а се појавуваат нови. Она што порано си го сметал за бескрајност - станува норма. На телото се појавуваат нови лузни, а згора на тоа и воздишки и кашлање.

Нови коли, плазма-телевизори, ЖЖ. Секс со некој, некаде, поради нешто. Врвиците умираат - ги асфалтираат. Љубов со пари не се купува, но сепак сакаш. Луѓето се зли, а најчесто неразбирливи. Се движиш. Се понатаму, се пошироко, сакаш да го имаш она што не ти треба. Цело време бараш. Се менуваат завесите на прозорците од домовите, се кршат садовите. Се помалку ги има - треба да се купат нови. Метро. Задушливо е. Тера на потење. Нови луѓе, но најчесто тие се непотребни. Постојан обид да се постигне смислата на животот. Постојан обид да се измисли илузија.

Солзи. Нови филмови наместо старите. Облека што си ја израснал, излитени чевли - еден куп. На куп ќеси од чипсови - ќе си купиш нови во продавница. А, потоа повторно на куп. Догорчиња светкаат во пепелникот. Го тресеш, секој ден го тресеш. Секој ден веруваш, љубиш, чекаш, се обидуваш. Секој ден се навикнуваш. Ја читаш старата информација и бараш нова. Ги менуваш портретите во рамката, ги гледаш рекламните постери - и тие се менуваат. Го застаклуваш балконот, реновираш. Тапетите се ту жолти, ту зелени, ту сини - нови. Ја менуваш инсталацијата, музиката. Во пенкалото снемува мастило. И жолтото, и зеленото, и синото - сите ги снемува. Постојано се потребни нови.

Животот минува. Просто минува животот.

Lidija

Moderator

Procka-den za prostuvanje

Denes po hristijanskiot kalendar e procka den za prostuvanje ,den koga pomladite odat kaj postarite i baraat proska so zborovite -prosti mi ako sum ti zgresil-a postarite vozvrakaat so -prosteno neka ti e ,denes ima i eden ubav obicaj za malite deca se vika amkanje -se vrzuva edno vareno jajce na konec i decata sednati ili kleknati vo krug treba bez pomos na race so usta samo da go dofatat jajceto.Epa spored denesniot den i jas bi rekla -neka mi prostat onie na koj sum im zgresila ;)

Lidija

Moderator

Teskoto

Teskoto tradicionalno pecalbarsko makedonsko oro koe pisatelot i poet Blaze Koneski prekrasno i slikovito go ima prikazano vo svojata poezija preku pesnata "Teskoto".

Teskoto

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот -
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто навирува река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик -
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик.

О тешкото!Старци излегуват еве,
на чело им мисла, во очи им влага
и првиот чекор по меката трева
е мирен и бавен, со задржана тага.
Но 'рзнува тапан и писок се крева
и молнија светнува во секој глед,
и напред се пушта, се стрелка, се слева
стегнатиот ред.

До старците момци се фаќаат скокум;
не издржа срце - сив сокол во клетка,
не издржа пламен жив потулен во око,
не издржа младост што сака да летне!
Се залула оро! Се заврте земја,
и чиниш - се корне стресениот век,
и околу трпнат ридиштата темни
и враќаат ек.

И божем се врасло кипнатово оро
со исконска сила за земјава наша
и во него шуми на реките зборот,
и во него рика див ветер и страшен
и во него шепнат узреани житја
и вечерен мирис се разлева тих,
и земјата дише во пролетна ситост
со запален здив.

И душата, чиниш, на родот мој мачен
во тешково оро се уткала сета -
век по век што трупал сè попуст и мрачен
од крвава болка, од робија клета,
век по век што нижел од корава мисла
за радосна челад, за слободен свет,
од песна - за љубов што гине со пискот
ко жерав во лет.

О тешкото! Кога во молк да те гледам,
на очиве магла ми напаѓа сура,
и одеднаш - в бескрај се растега редот
и ридја се губат в пустелија штура -
и еве кај иде од маглата матна
сè сенка до сенка, сè еден до друг -
во бескрајно оро син оди по татка,
по деда си - внук.

Времињата мрачни се нивното поле,
и нивната свирка - на прангите ѕвекот,
а главите им се наведени доле,
и покроце врват - сè чекор по чекор.
О времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збор ќе ми најде за вашата стрв?
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!

Кој број ќе ми каже на лутите рани,
на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,
кој на срце болки ќе изреди збрани,
и на очи солзи, и клетви на усти?
О тешкото! Синџир ти беше на робја,
од калеши моми и невести ред.
со врзани раце во плен што ги погнал
насилникот клет.

О тешкото! Синџир ти беше на робја,
дур не стана народ во листена гора,
сè дури со јадот од векови собран
не поведе бујно, бунтовничко оро!
се залула танец низ крвје и огон,
и повик се зачу и грмеж во чад -
те разнесе сегде бунтовната нога
по родниот кат.

О тешкото! Сега по нашите села
во слобода првпат штом оро ќе сретнам,
зар чудно е - солза да потече врела,
зар чудно е - жалба јас в срце да сетам?!
Од вековно ропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
И животот твој!

posetete go ovoj sajt moze da uzivate vo prekrasnata muzika na Teskoto

muzika na Teskoto

Lidija

Moderator

Kosatana

Da znaeš, mori mome, da znaeš,
kol'ka je, žalba za mladost...

Na porta bi me, mome, čekala,
S konja bi me, mome, skidnala,

Na čardak bi me, mome, vodila,
U lice bi me, mome, ljubila.

eden izbor makedonska muzika

Ja preporacuvam prvata Andrej i TNT

makedonska muzika

Lidija

Moderator

Општина Штип

Просторот на Општина Штип е отворен на североисток кон Овче Поле и по долината на Брегалница кон Вардарската долина што условува влијание од една страна на умерено-континентална клима, а друга страна на изменето медитеранска клима. Овие влијанија резултираат со изразити колебања на средногодишните и екстремните температури, поизразена честина на тропските денови од мразните и појава на изразито сушни лета.

http://img69.imageshack.us/img69/1562/panoramata6.jpg

Просечната годишна температура изнесува 12,8°, најстуден месец во годината е јануари со просечна температура од 1,4°, а најтопол месец е јули со 23,7°.

Просторот на Општина Штип заедно со Овче Поле спаѓа во подрачје со малку врнежи, со просечна годишна сума од 506мм. Врнежите се доста нерамномерно распоредени во текот на годината со максимум во мај (60,1мм) и минимум во август (27,4мм). Релативно сушни месеци се јануари, февруари, март, април, јули, август, септември и декември. Врнежите се главно од дожд. Снегот учествува само со 9%, а просечно годишно се јавуваат само 18 дена со снежна покривка. По еден ден секоја година се јавуваат и врнежи од град.

Осончувањето преставува многу значаен климатски елемент, бидејќи од него зависат температурните промени. Под осончување-инсолација се подразбира должината на сончевиот сјај изразена во часови за еден ден, масец, годишно време или за цела година. Просечно годишно времетраењето на инсолацијата е 2,377 часови со максимум во јули 327 часа односно 10,5 часа годишно.

Односот на стварната и можната содржина на водена пареа во воздухот, изразена во % се нарекува релативна влажност на воздухот. Просечната годишна релативна влачност изнесува 67% и во текот на годината постепено се намалува од јануари кон август.

Маглата како метеролошки елемент не честа појава на просторите на Општината, но се јавува речиси во сите месеци но како ниска магла.

Како во цела Македонија така и во Општина Штип најчести се ветровите од северозападен и југоисточен правец, додека ветровите од останатите правци се поретко присутни. Просечната честина на северозападниот ветер е 196%о и со брзина од 5,2 м/сек (3,4 бофори), најчесто дува во периодот на летните месеци јуни-август. Втор по честина е југоисточниот ветер со честина од 183%о но со најголеми брзини и со јачина од 6,7м/сек (3.6 бофори) најчесто дува во пролет и есен. Во целина подрачјето на Општината е поветровито во пролетниот и летниот период кога тишините се движат средно месечно од 300-400%о додека во втората половина од годината тишините се околу 500%о.

Св. Недела

Манастирскиот комплекс со црквата Св. Недела се наоѓа на крајот од источниот дел на градот, лево од патот кој води за с. Шашаварлија.

Црквата е изградена 1967 година во една мала увала на местото на темелите на постара црква со донаторство на мајка Мирјана.

По својата форма е еднокорабна градба со правоаголна основа и апсида до источната страна која од надвор и од внатрешната страна е полукружна. Градена е со приделкан камен фугиран од надвор.

Црквата е засведена со полуобличаст свод преку кој е поставен двоводен покрив од салонитни керамиди. Полуобличастиот свод преку носачи е прифатен со четири столба кои во внатрешноста формираат правоаголни пространства од кои централниот е поголем.

Црквата е осветлена преку прозорците од јужната и северната страна.

Олтарниот дел е преграден со дрвен изрезбарен иконостас со икони работени по изградбата на објектот.

Во склоп на манастирскит комплекс на објектот изградени се конаци со складни архитектонски форми за престој на верниците. Во дворното место на манастирот се наоѓаат 15 кладенци со свети води посветени на одредени светители.

Lidija

Moderator

Велигден

Една недела по Велигден, сите патишта од Штип водат кон манастирот "Света Недела"
Со светата вода во Мирјанината црква слепи прогледуваат, неми прозборуваат
Мајка Мирјана, како што ја викаат верниците, иако властите во Штип постојано ја прогонувале, сепак ја изградила црквата која, кога се разболела, и се сонила. Со верата во Господа и светата вода од манастирот.

Годишно манастирот го посетуваат над 100 илјади луѓе. Само на денот на Света Недела или, како што ја нарекува народот Томина недела, кај манастирот доаѓаат од 20 до 30 илјади верници од Македонија и од странство. Од лани овде се одржува Велигденска изворна фолклорна средба, со настап на повеќе КУД од земјата и од странство.

На само 2 километра источно од Штип, покрај патот кон плачковичкото село Шашаварлија, се наоѓа манастирот "Света Недела". Овој манастир кај народот е познат и како Мирјанина црква, по името на неговиот основач. Наместо во карпест предел како кога почна да се гради, манастирот сега се наоѓа во борова шума со изворска, света вода.Токму во тие изворски води се крие тајната на манастирот.
- Јас, Мирјана Тодова - Нанева се омажив со Стојан Малинов од Штип, со кого одгледавме 5 деца, три ќерки, Милка, Елица и Ленче, и два сина, Благојче и Тоше. Најмалиот како поп работи во Брегалничката епархија, но често служи и во манастирот кога е празник, ја започна својата интересна животна сторија мајка Мирјана.

Локацијата каде што сега е манастирот е нивно место. Порано семејството таму садело тутун. Живееле на крајот од градот, во населбата Бело Брдо. Таму изградиле куќа, а кога требало да се подигне потпорен sид во дворот, заедно со сестра и и брат и носеле камења од нивата. Вадејќи ги камењата, тие нашле едно мраморче, без да знаат дека било свето место.

"Во 1965 година се разболев. Имав температура и главоболки. Ноќта сонував како некоја божествена сила од креветот ме водеше кон мраморчето. Таму нешто однатре ме тераше постојано да велам: "Алилуј господе помилуј". Децата ќе дојдат по мене и ќе ме однесат дома. Во тоа време, доктор Светиев ми велеше дека нервата во главата ми отишла. Но и кога лежев во болница, иако не бев за таму, пак нешто ме тераше да одам на нивата, кај мраморчето. Од мене се бараше да извадам вода", вели мајка Мирјана.

"Брат ми и зет ми 6 дена копаа, но ништо не најдоа. Заедно со нив одев и јас, иако бев болна. Лежев во колата. Мравки и гуштери ме лазеа. Но еден ден помина случаен минувач, беше Циган, и им рече на моите: 'Што ја мачите жената. На ова сонце, ветер да ја дува, дожд да ја пере, гуштери да ја рипаат, мравки да ја лазат'. Брат ми му рече: 'Ние не ја мачиме, таа нас повеќе не мачи. Она барем леже, а ние копаме'. А Циганот: 'Па дајте и го копачот, штом таа треба вода да изваде". Брат ми дојде и ми викна: 'Дојди, сестро, знам дека немаш сила ниту за тригодишно дете, но белки ќе излезе водата'. Ми го дадоа копачот , ама копачот ми падна од рацете и наеднаш водата почна да прска нагоре и да тече", вели виталната 72-годишната жена, мајка Мирјана.

Потоа, на 8 август на тоа место направиле кладенче и отишле со семејството на манастирот "Света Петка" во селото Сарчиево. Таму однеле еден чифт чорапи. Кога се вратиле дома, Мирјана веќе не била болна. Ноќните мори престанале, немала веќе тешкотии, си ги гледала децата, но не престанала да оди кај кладенчето.
"Еден ден кога отидовме натаму, слушав гласови од група луѓе. Моите ми велеа дека нема никој, но јас ги слушав. Знаев дека тоа се 12-те апостоли. Убаво ми велеа: 'Ти продолжи го твојот пат, ние ќе ти помогнеме, бидејќи таму треба да изградиш манастир 13,5 на 7 метри'", ни раскажуваше мајка Мирјана, додавајќи дека тогаш кога започнала изградбата на манастирот, властите ја гонеле и ја спречувале во нејзината божја замисла.

Но, и покрај тоа, изградбата продолжила. Кога се копале темелите, нашле некои стари темели. Гласовите што ги слушала и кажувале дека на ова место во 1124 година бил изграден манастир. Па, така, на истите тие темели продолжи изградбата на новиот манастир. Наредната 1967 година на 14 септември манастирот се осветил, се потсетува мајка Мирјана.

"Сега покрај манастирот се подигнати три чешми - Св. Ана, Св. Варвара и Св. Покровита Богородица. Над нив, на ритчето има и други водички: Св. Илија, Св. Руса Среда, и Цар Костадин и Царица Елена. Никој не знае од каде доаѓаат овие свети води".

Додека таа ни зборуваше, иако беше обичен ден, сепак, голем број верници од разни места во Македонија доѓаа и и бацуваа рака. Со солзи радосници и ги пренесуваа пријатните вести дека сега се среќни и задоволни, бидејќи маките, поради кои доаѓале во манастирот, веќе ги немаат или постепено исчезнуваат.

Тројка Јанчевска е воспитувач во детска градинка во Куманово. Родила дете на 37-38 години, откако дошла во манастирот. Живеела во семејство за кое не постоела црква. Кон манастирот "Света Недела" ја упатил еден кумановски свештеник, откако тој протолкувал дека жената со дијаманти, бисери и со круна на главата што ја сонила е Мирјана - Магдалена и дека неа може да ја најде во манастирот "Св. Недела" крај Штип. "Во нашата куќа немаше кандило, немаше икона, немаше ништо црковно. Татко ми и брат ми даваа отпори на моите сонови. Од манастирот 'Св. Недела' зедов во Куманово иконка. Ја криев. Ја вадев само навечер кога немаше никој. Но со тек на времето, и кај нив нешто се измени. Така, и брат ми стана татко дури откако дојде овде во манастирот. Трите дечиња ги крсти Марија, Анастасија и Ивана", раскажува Тројка, која за својот татко, инаку офицер во пензија, вели: "Кога се шлогира, ми побара водичка од манастирот 'Св. Недела'. Јас му реков дека не му носам затоа што тој не верува во тоа. Сепак, по некој ден му донесов. Го замив. Веднаш побара да оди во Штип. Тргнавме, но на патот наидовме на блокада од работнички штрајк. Не сакаше да се врати. Рече: 'Ќе чекам колку што треба, но морам да одам во манастирот'. Само што влезе во дворот, очите му се наполнија со солзи. Подоцна во болницата сите се чудеа како тој наеднаш стана од кревет", ни раскажува Тројка Јанчевска, самохрана мајка на 15-годишна ќерка, со која редовно го посетува манастирот "Св. Недела".

"Чичко ми Мирко Михајлов прозборел токму овде. Тоа се случило токму кога манастирот почнал да се гради", вели младиот Сашко Кралев од Свети Николе, кој ова го знае од сеќавањата на неговите во семејството. Тоа го потврдува и мајка Мирјана. Кога чичко му дошол во манастирот зашто не можел да зборува, ракавите си ги кинел со забите. Но токму кога требало да замине, Мирко Михајлов прозборел, на големо изненадување на сите. Меѓу нив бил и еден полицаец. Можеби и поради тоа што тој ја видел случката, раскажал во Штип, па подоцна властите ја оставила мајка Мирјана на мира и во спокојство да си ја тера својата божја мисија.

"Велика од Зрновци роди дете по 20 години брак, и сега доаѓа во манастирот секоја година и остава погача", раскажува мајка Мирјана. Таа на Велика и дала благослов да има дете и на заминување и дала нафорка од манастирот. "Наредниот пат кога дојде, ме покани да и бидам кума реков дека нејзината кума чекала 20 години, но, по нејзино инсистирање, отидов заедно со старата кума во Зрновци и јас да бидам кума", вели мајка Мирјана.

Соња Златковиќ е од Скопје. "Ова ми е втор пат како доаѓам. Очекувам да се исполни мојата голема желба, а тоа е да се омажам и да имам семејство. Сигурно ќе ја поканам мајка Мирјана на свадба", вели 30-годишната Соња од Скопје.

Во кругот на манастирот влезе едно момче од Кавадарци. Едвај одеше и едвај зборуваше. Со половина уста изусти дека тој не е роден ваков. Бил здрав како дрен. Но, на 24 години наеднаш се вкочанил целиот. Откако почнал да доаѓа овде, почнал по малку да се движи. "Јас повторно се родив. Ова ми е втор живот".

Само што ја заврши мислата младиот кавадарчанец, по телефон се јави една Македонка од Австралија. Таа го изгубила видот и бара помош од манастирот. Мајка Мирјана објаснува дека бидејќи е далеку, "ние за неа палиме свеќи и се молиме. Се јавуваат од Германија, од Америка, па дури и од Индија".

"Заедно со мене, овде во манстирот доаѓаше и една жена од Индија. Не знам од која вера беше, но знам дека нејзиното име во превод е Вера. Беше многу благодарна, но само таа знаеше зошто. Сега, постојано се јавува. Пред малку се јави од Белград да не поздрави сите, а најмногу мајка Мирјана", вели кумановката Тројка Јанчевска, која манастирот го чувствува како свој дом.

Таа раскажува уште една интересна случка врзана за чудната моќ на мајка Мирјана. "На влезот од Куманово се изгради бензинска пумпа. Но таму се случија повеќе сообраќајни и други несреќи. Имаше дури и смртни случаи. Кога и го кажав случајот на мајка Мирјана, таа веднаш ми кажа дека тоа е свето место, таму има вода и црквата што треба да се изгради треба да се вика 'Св.Марко'. По изесно време, сите бевме вчудовидени кога сопствениците на бензинската пумпа дознале дека тоа место порано било на некој си Марко. За кратко време на местото се изгради мала црквичка, на истото место излезе и вода, исто како што предвидуваше мајка Мирјана. Сега, на општо задоволство, нема повеќе несреќи".

Манастирскиот комплекс од почетокот досега се гради и доградува од верниците, барем така вели мајка Мирјана. "При крај е изградбата на новите конаци со 15 соби и со сите придружни објекти. Сега, во употреба се 11 соби со трпезаријата во старата зграда.

Lidija

Moderator